ден на ослободување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Nov 2021 08:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на ослободување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto-2/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto-2/#respond Sat, 13 Nov 2021 08:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=594921

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот. По повод одбележувањето на 13 Ноември, борците од Народноослободителната антифашистичка војна ќе имаат средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. По средбата предвидено е делегациите да положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужни граѓани. Делегациите ќе положат цвеќе и пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред Владата на Република Северна Македонија. Во Филхармонија на Република Северна Македонија вечер ќе биде доделена и наградата „13 Ноември“. Од областа на науката добитници се: проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами, автор, лектор и преведувач. Во образованието и воспитанието добитник е проф. д-р. Мишо Докмановиќ, а во публицистиката Слободан Петровиќ. Од областа на културата добитници се: Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева, писател, поет, прозаист, од областа на уметноста добитник е Емилија Џипунова. Од областа на здравствената заштита награден е тимот за имунизација од КОВИД-19 при Здравствениот дом – Скопје и медицински тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Северна Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови. Од областа на меѓународна награда добитник е Раде Шербеџија. Од ученици и студенти добитници се: Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и Основното училиште „Кирил и Методиј“ од село Стајковци, Општина Гази Баба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto-2/feed/ 0
Димитриевски го честиташе 11 ноември, Денот на ослободување на градот Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-go-chestitashe-11-noemvri-denot-na-osloboduvanje-na-gradot-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-go-chestitashe-11-noemvri-denot-na-osloboduvanje-na-gradot-kumanovo/#respond Thu, 11 Nov 2021 13:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=594154

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевси, денеска по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на градот Куманово ја отвори Свечената седница во општината, на која го честиташе овој голем празник на кумановци. Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:
„Денеска имам особена чест да ја отворам свечената седница и заеднички да го одбележиме 11 ноември, Денот на ослободување на градот Куманово. Овој ден за нас кумановци е ден што претставува симбол на слободата, на победата, на вредностите кои треба да ги негуваме за сите нас, за нашите деца и идните поколенија. 11 ноември е од големо значење на нас кумановци. Денеска, одбележуваме 77 години слободно Куманово и од пред спомен Костурница им оддаваме најголема почит и признаниена нашите борци, херои кои го ослободија нашиот град и нашата македонска држава. Овој ден е особено значаен во македонската историја. На денешен ден, во 1944 година наше Куманово е ослободено од германски и бугарски фашистички окупатор. 11 Ноември претставува симбол на слобода, пркос, победа. 11 Ноември претставува и симбол на заедништво и верба за подобро утре за нас, за нашите деца, за идните поколенија. Многу аналогија има овој датум со борбата за слобода. Многу аналогија има од аспект на сегашноста, кога бевме соочени со големи предизвици. Тие предизвици не направија посилни, посложни. Најголема мудрост е да се учи од грешките од минатото. Способност е да ги избегнуваш истите грешки во сегашноста и иднината. Ако ги повторуваме истите грешки и не сме научиле нешто од нив тогаш имаме проблем со нормално функционирање. Овие денови ни се значајни да не потсетуваат на сите жртви за слободата. Да не потсетуваат за вистинското значење на зборот слобода. Овие денови се важни да не потсетат дека животот е борба, дека не треба да се откажуваме и дека слободата нема цена. Народноослободителната и антифашистичка борба е нашата гордост. Борците од НОБ се хероите кои ни создадоа македонска држава и ни оставија аманет да ја чуваме, негуваме и унапредуваме Македонија. Борците од НОБ се најзаслужни што денеска имаме своја држава. Наше е денеска да ја штитиме македонската историја, јазик и идентитет. Да чуваме и да се гордееме со неа, затоа што отсекогаш македонскиот народ бил на вистинската страна, на страна на антифашизмот, на прогресот, на мирот. На страна на граѓаните. Би сакал да истакнам дека гордо продолжуваме по нивниот пат. Продолжуваме заеднички да ја градиме и развиваме Македонија. Продолжуваме заеднички да го подобруваме Куманово. Продолжуваме заеднички да создаваме европска и модерна општина. Денеска, покрај одбележувањето на 77 години слободно Куманово, исто така, одбележуваме и 502 години од постоењето на овој наш македонски град. Град во кој се почитуваат различностите и се негува соживотот. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, сите заеднички и сплотено со една единствена цел: Куманово да биде поубаво место за живеење. Оваа цел успеавме да ја реализираме и да ја сочуваме. Денеска, без разлика на етничка, верска, политичка или каква било друга припадност, граѓаните се сплотени, граѓаните си помагаат и се почитуваат меѓусебно. Успеавме заеднички да создадеме похумано и поинклузивно Куманово. Верувам дека со истите вредности и принципи ќе продолжиме заедно. Во првиот мандат како градоначалник, во периодот 2017/2021 година имплементиравме повеќе од 400 проекти од различни области од инфраструктура, образование, гасификација, спорт, заштита на животната средина, култура итн. Успеавме за 4 години да направиме поуспешна приказна за Куманово. Создадовме општина во која соживотот е на прво место. Ги подобривме условите во градинките, основните, но и средните училишта. Ја подобривме патната инфраструктура, вложуваме во гасификација, обезбедуваме поквалитетни услови за работа, градиме нови спортски игралишта и правиме се за да ја заштитиме животната средина. Нашиот концепт е граѓански, и токму затоа, во следните 4 години во планот за работа предвидено е реализација на повеќе од 800 проекти. Но, без поддршка од сите вас, од советниците нема да може да успееме. Во следните 4 години потребни сме сите на овој план. Оттука, на овој голем и значаен ден, Ве повикувам на заедништво, на соработка, на напредок. Ве повикувам на единство. Ајде заеднички да продолжиме по патот на развојот. Куманово заслужува да биде модерен и урбан град. Куманово заслужува да продолжи да биде борбен, хуман и револуционерен град. Куманово заслужува многу повеќе. Знам дека и вие истото го посакувате. За граѓаните, за нас, за нашите родители и деца. За нашето Куманово. На овој ден, Ве повикувам да работиме тимски. Да бидеме одговорни и со грижа кон нашите сограѓаните. Да бидеме конструктивни и да ги носиме најдобрите локални политики. Ова им го должиме на нашите предци и затоа мора да продолжиме по патот на напредокот. Мора да продолжиме Куманово да го унапредуваме и развиваме во модерна и европска општина. Куманово е нашиот град. Куманово е градот на нашите деца. Куманово е слободен и урбан град кој заслужува многу повеќе, заеднички! Нека ни е честит 11 Ноември - Денот на Ослободување на Куманово!“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-go-chestitashe-11-noemvri-denot-na-osloboduvanje-na-gradot-kumanovo/feed/ 0
Одбележани 77 години од Денот на ослободувањето на Прилеп https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odbelezani-77-godini-od-denot-na-osloboduvanjeto-na-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odbelezani-77-godini-od-denot-na-osloboduvanjeto-na-prilep/#respond Wed, 03 Nov 2021 13:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=590300

Со полагање свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу, Могилата на непобедените и споменикот на Песјобрдце, Општина Прилеп го одбележа 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот под Марковите кули. Градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, претставници на АРМ, боречката организација, политички партии и здруженија на граѓани, се поклонија пред загинатите борци и им оддадоа почит на сите учесници во Народноослободителна борба против фашистичкиот окупатор. Честитајќи им го на своите сограѓани Денот на ослободувањето, градоначалникот Борче Јовчески истакна дека оставиме аманет на следните генерации да го чествуваат, почитуваат овој Голем ден, зашто е во чест на сите кои ги положија животите за слободата на Прилеп. „Тука, на ова свето место, Могилата на непобедените, каде почиваат останките на борците од Втората светска војна, борците, кои ги дадоа своите животи за слободна, самостојна Македонија, кои се изборија за слободен град, на овој ден, кога го славиме Денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор, се поклонивме, им одадовме почит за нивното херојство, нивната жртва, за тоа што го дадоа за својот град. Им благодариме за идеите, за потребата да си свој на своето. Ветуваме, дека, како генерација ќе се грижиме за почитта кон нив, да не бидат заборавени, но и да го вратиме сјајот на Паркот на револуцијата, изграден во нивна чест, како и на сите споменици на културата. Но, и да им оставиме аманет на следните генерации да го чествуваат, почитуваат овој Голем ден, зашто е во чест на сите кои ги положија животите за слободата на Прилеп“, истакна градоначалникот Јовчески. Градоначалникот Борче Јовчески заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, присуствуваа на изложбата на дела создадени на годинашната Ликовна колонија Дрен 2021. Изложбата се состои од над 20 дела создадени од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски. Исто така градоначалникот Јовчески ја посети и изложбата Арт хепенинг на Ротари клубот од Прилеп која јубилејно по 10 пат се одржа пред платото на НУЦК „Марко Цепенков“ по повод денешниот 3-ти Ноември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odbelezani-77-godini-od-denot-na-osloboduvanjeto-na-prilep/feed/ 0
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-denot-na-osloboduvanjeto-2/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-denot-na-osloboduvanjeto-2/#respond Wed, 13 Nov 2019 06:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=263342

Со повеќе активности денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. По тој повод, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ. Средбата ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот. Потоа, делегација на Град Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, во Алејата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата. Потоа, делегација на Град Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, во Алејата на заслужните граѓани, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата. Според програмата, во 14 часот во Градскиот трговски центар ќе биде отворена нова галерија. Настаните за чествување на Денот на ослободувањето на Скопје ќе продолжат вечер во 20 часот, каде што свечено ќе бидат доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година. На 13 ноември пред 74 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-denot-na-osloboduvanjeto-2/feed/ 0
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-denot-na-osloboduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-denot-na-osloboduvanjeto/#respond Tue, 13 Nov 2018 07:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=127152

Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. По тој повод, градоначалникот Петре Шилегов ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. Потоа, делегација на Град Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта, во Алеата на зслужните граѓани и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта „Бутел“. Во 12:30 часот, пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на платото пред Владата, државни делегации, борци од НОВ, претставници од Армијата на Република Македонија, од општините на Град Скопје, членови на други институции, како и официјалната делегација од Град Скопје ќе положат цвеќиња. Настаните за чествување на Денот на ослободување на Скопје ќе продолжат вечер во Македонската филхарамонија, каде свечено ќе бидат доделени наградите „13 Ноември“. Концерт ќе одржи Македонската филхармонија. Во рамки на одбележувањето на 13 Ноември, денеска ќе се одржат повеќе манифестации. Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата посветена на предучилишните установи „Го градам мојот град 2018“. Таа ќе се одржи во просториите на Детскиот културен центар “Карпош“ од 10 до 11 часот и има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност и да ги запознае децата со 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат. Секоја градинка, како и секоја година, ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор,како и градежниот материјал што ќе го користат (коцки,цртежи,природни материјали како лисја, дрвца и друго). Традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на Град Скопје ќе се одржува денеска од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Промоцијата на монографијата „Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990) од Ерина Богоева ќе се одржи вечер, со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“. Во рамки на фестивалот на европски филм „Синедејс“, во Младинскиот културен центар со почеток во 23 часот, ќе настапи The Mauskovic Dance Band. Влезот е слободен. Во рамки на активностите за одбележување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, се одржаа голем број рекреативни и спортски манифестации кои се финансиски поддржани од Град Скопје. На 13 ноември пред 73 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-denot-na-osloboduvanjeto/feed/ 0