ден на полицијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Apr 2022 08:23:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на полицијата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележување на 7 Мај – Денот на полицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-7-maj-denot-na-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-7-maj-denot-na-policijata/#respond Sat, 30 Apr 2022 08:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=670048

Одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, кое годинава е организирано во повеќе градови низ државата, денеска продолжува пред Домот на АРМ во Струмица, каде ќе присуствува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што информираат од МВР, заменик-министерот Назим Буши ќе присуствува на настанот организиран по овој повод во Струга, а директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски во Крива Паланка. Државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска ќе присуствува на настанот во Младинскиот парк во Велес, а заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани на Гумење во Крушево. Од МВР ги повикуват граѓаните на заедничко дружење со полициските службеници од сите организациски единици при ресорното министерство. Според програмата, на 5 мај министерот Спасовски ќе ја отвори регионалната конференција на директори на полиции, а на 6 мај МВР ќе реализира крводарителска акција во чест на Денот на македонската полиција. Истиот ден е закажана и промоцијата на монографијата „МВР за граѓаните“. Чествувањето на 7 Мај ќе почне со положување цвеќе на спомен-обележјата на загинатите припадници на полицијата, додека централната манифестација за одбележување на Денот на полицијата годинава ќе се одвива на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12:30 часот. Граѓаните ќе можат да ја проследат манифестацијата во живо на програмата на МРТВ. Годинашното одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај, започна на 27 април со промоција на 73-от реконструиран објект на ОВР Радовиш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-7-maj-denot-na-policijata/feed/ 0
СПМ со честитка до македонската Полиција по повод денот на Полицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-so-chestitka-do-makedonskata-policija-po-povod-denot-na-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-so-chestitka-do-makedonskata-policija-po-povod-denot-na-policijata/#respond Fri, 07 May 2021 06:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=506831

“ Животот на една личност започнува со идеи, слики, поими за иднината и тоа како се гледа себеси во таа иднина.Полицаецот во таа приказна се раѓа во фантазијата на едно дете каде истиот е еквивалент на супер херој-оној кој им помага на немоќните, закрепостените, омаловажените и обесправените. Иако нема никаква слика во поглед на тоа како би изгледало тоа, најреалната претстава е средбата со еден полицаец.Таа идеа за едно дете станува реалност кога се зачекоруваше во Центарот за обука во нас.Идризово, поранешно Средно Полициско училиште. Од првиот до последниот ден, 20-ти Мај, подложен на физички и психички “тортури” кои имаа за задача да го скршат, обноват и одново да го изградат тоа дете, во индивидуа која ќе биде пример за чесност, пожртвуваност, интегритет за секој граѓанин на Републиката но и за жал спас, подршка, заштита за неодредена група на граѓани. Во кратки црти- слика и прилика на Републиката, столб на интегритетот на Државата, секојдневно со насмевка облекувајќи ја униформата во пресрет на задачите, горделиво дочекувајќи ги граѓаните со сите нивни проблеми, замерки и поплаки, пофалните и благодарни гестови на секој чесен граѓанин.....” …..Се присетува човекот кој гледајќи во огледалото после повеќе од 20 години активна служба, забележува дотраено палто, крпени пантолони и чевли кои не наликуваат нити на бескуќник, израз на лицето кој вели “ Каде бе брат?”, без морал за работа, без желба за работа, со очекување на следното “Неспособен, Неписмен, глуп...” и многу други епитети од “ Подобни послушници” кои немаат нити П од професионалност или Полицаец. Од истите оние кои институцијата Полицаец ја замениле со “ професија” рекетар, изнудувач, тендераш, послушник-ПОДОБЕН!!! А не така одамна, истиот тој “неспособен”, самоволно, без притисок и за она за кое бил обучен и спремен, за ИДЕАТА за интегритетот и неделивоста на Републиката,за ЗАКЛЕТВАТА која ја дал и потпишал со своја рака, застанал на браникот на државата без притоа да мисли на својот живот, дал се од себе за таа ИДЕА. И не застанал само на тоа, туку секојдневно, неуморно продолжил да го пренесува своето искуство и знаење на идните, младите и надежните генерации кои треба да го продолжат неговото, нивното. Но, како што рекле старите “Домашниот есап на пазар не излегува.”, така и за него. 👮🏼‍♀️👮‍♂️Еден обичен работен ден на Полицаец денес, започнува со антагонизам, неподносливост кон работата, без надеж дека ќе има подобро утре, заборавен од сопствената институција каде работи, но сепак со доволно елан да ја заврши задачата која му е доделена.Но дали тоа треба да биде така?Дали Полицаецот во очите на тоа дете, граѓанин треба да делува незаинтересирано, непристапно, неодговорно....На што би се должеле таквите карактеристики на еден Полицаец денес? Објаснувањето е просто и едноставно- институцијата која е задолжена да се грижи за него не го прави тоа, не се интересира за неговата добробит туку само за она кое претставува во нивни очи-алатка за присила и контрола. За жал, денес, граѓанинот гледа на Полицаецот како АЛАТКА, благодарение на политичката, етничката, финансиската, моралната и етичката злоупотреба на институцијата МВР од страна на поединци.Полицаецот никогаш досега не бил повеќе злоупотребуван и злоставуван од сопствената институција која е земена во заложништво заради политички и мноштво други пориви.Денес полицаецот излегува од својот дом знаејќи дека го чека притисок, закани, омаловажување од надредените, но не може ништо против тоа. Системот на хиерархија забранува и санкционира непослушност, непостапување по наредба.Иако голем дел од тие наредби се незаконски, неиздржани, полицаецот нема каде тоа да го образложи и појасни.Бидејќи и оние кои треба да се грижат за внатрешна контрола во самиот систем на таa институција се “подобни и послушни”. “Наредбата мора да се изврши и старешината е секогаш во право. Ако нешто не е јасно, сети се на првото правило!!!” Но дали тоа требада биде така, дали Полицаецот треба да биде слеп и глуп и глув, дали Полицаецот треба да биде Послушник и Подобен??? И враќајки се од смената која се чинела како вечност, психички и физички исцрпен, човекот “позади полицаецот” го здогледува сопственото возило, нерегистрирано, со кое треба сопственото семејство да го однесе на викенд во Охрид, платен на еден куп рати во замена за одмор, заради “големата” плата која ја прима за се досега и првата мисла што му паѓа на ум е дека Ќе плати и казна, а ќе биде и Дисциплински казнет заради тоа што направил прекршок!!! Потврдено-Полицаецот секогаш плаќа два пати‼️ Но, и покрај сето тоа, Полицаецот ја става својата капа, ја остава својата гордост, своето ЈАС, својата личност на прагот од својот дом и излегува да биде во Служба на граѓаните на Републиката иако тоа денес значи “послушност и подобност”. Бидејќи суровата реалност денес не му дозволува да биде она за што дал и заклетва-Полицаец, чувар на редот и мирот, слуга и извршител на Уставниот поредок на Републиката!!! Дали ова личи на реалност во една држава која се стреми кон Европски систем, Европски вредности, Европска иднина?Дали ова е слика на Полицаец? Затоа, бидете му лути на Полицаецот, на институцијата, на системот кој создал и претставил ТАКОВ Полицаец- но не бидувајте лут и огорчени на човекот позади Полицаецот бидејќи и тој е само човек, како Вас!!! НЕКА Е СРЕЌЕН 7-ми МАЈ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА Фејсбук статус на Синдикат на Полиција на Македонија ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-so-chestitka-do-makedonskata-policija-po-povod-denot-na-policijata/feed/ 0
Мицкоски со честитка до полицијата: Верувам дека вие ќе бидете на ниво на задачата во овие тешки времиња, кога власта го урива системот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-policijata-veruvam-deka-vie-kje-bidete-na-nivo-na-zadachata-vo-ovie-teshki-vreminja-koga-vlasta-go-uriva-sistemot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-policijata-veruvam-deka-vie-kje-bidete-na-nivo-na-zadachata-vo-ovie-teshki-vreminja-koga-vlasta-go-uriva-sistemot/#respond Mon, 07 May 2018 09:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=50937

Вие секојдневно ги ризикувате сопствените животи за да се справите со криминалците, а власта заради политички пазарења ослободува илјадници насилници од затвор. Така е, заради тоа што целото раководство на партијата на власт е во коалиција со криминалот. Така е заради тоа што и премиерот и првиот човек на Министерството за внатрешни работи почесто се во друштво на криминалци и се фотографираат со нив, отколку што работат на решавање на проблемите на чесните полицајци. Почитувани полициски службеници, денес е ваш ден и имате целосно право да се чувствувате горди на професијата што сте ја одбрале и заклетвата што сте ја дале. Верувам дека и во овие тешки времиња за државата, кога неодговорната власт го урива целиот систем, Вие повторно ќе бидете на ниво на задачата и ќе го зачувате вашиот професионален интегритет, напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Целиот статус на Христијан Мицкоски ви го пренесуваме интегрално: Почитувани полициски службеници, херојски и патриотски е да му служиш на сопствениот народ и држава. Херојски и патриотски е да ја штитиш безбедноста на граѓаните и територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Полициските службеници го докажаа тоа во безброј наврати. Покажаа дека интересите на граѓаните и државата се пред нивните лични интереси и дека не се плашат да ги ризикуваат и сопствените животи кога е во прашање татковината. Полициските службеници не заслужуваат да бидат навредувани и девалвирани. Полициските службеници не заслужуваат да бидат нарекувани убијци, монструми и по нив да се удира со камења, шипки и молотови коктели. Полициските службеници не заслужуваат лицемерие и не заслужуваат да слушаат преку медиуми како премиерот Зоран Заев правел политички договори за ангажман на лица кои што се наоѓаат на црната листа и за кои кружеле информации дека биле инволвирани во убиства на полицајци. Сведоци сме дека во последнава година дена постои целосно разорување и деградирање на стандардите и професионализмот. Сведоци сме на апсурдни образложенија дека „пајак возилото“ ја нападнало вашата колешка, само за да се заштитат одредени политички моќници. Сведоци сме дека криминалот, изнудите и насилството завладеаја низ улиците на целата држава. Вие секојдневно ги ризикувате сопствените животи за да се справите со криминалците, а власта заради политички пазарења ослободува илјадници насилници од затвор. Така е, заради тоа што целото раководство на партијата на власт е во коалиција со криминалот. Така е заради тоа што и премиерот и првиот човек на Министерството за внатрешни работи почесто се во друштво на криминалци и се фотографираат со нив, отколку што работат на решавање на проблемите на чесните полицајци. Почитувани полициски службеници, денес е ваш ден и имате целосно право да се чувствувате горди на професијата што сте ја одбрале и заклетвата што сте ја дале. Верувам дека и во овие тешки времиња за државата, кога неодговорната власт го урива целиот систем, Вие повторно ќе бидете на ниво на задачата и ќе го зачувате вашиот професионален интегритет.  Денеска истовремено е ден кога целата држава оддава почит кон сите припадници на полицијата кои ги дале своите животи за безбедноста на Македонија и кога се сеќаваме на нивната жртва. ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане на ваша страна и на страната на оние кои си ја сакаат татковината. Секогаш ќе ја имате нашата поддршка. Оваа неспособна и ненародна власт наскоро ќе замине и повторно ќе го вратиме достоинството и статусот што го заслужувате. Нека Ви е честит 7 мај, Денот на полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-policijata-veruvam-deka-vie-kje-bidete-na-nivo-na-zadachata-vo-ovie-teshki-vreminja-koga-vlasta-go-uriva-sistemot/feed/ 0
Одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/#respond Sun, 06 May 2018 06:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=50455

Централната манифестација по повод одбележувањето на Денот на македонската полиција - 7 мај денеска ќе се одржи на Градскиот стадион во Штип. Припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку повеќе показни вежби. На одбележувањето на Денот на македонската полиција МВР најави присуство на премиерот Зоран Заев, други владини претставници, пратеници, претставници на дипломатскиот кор во Македонија и други гости. Вчера во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, езерската полиција и хеликоптерската единица во рамки на одбележувањето на 7 Мај-Денот на македонската полиција, изведоа тактичко-показна вежба со напад на пловен објект поради совладување и лишување од слобода на опасни лица. Во петокот во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и други високи претставници на МВР, показна вежба се одржа и во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-makedonskata-policija-7-maj/feed/ 0