ден на ромите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 19:02:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на ромите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Заедно со народот ќе извојуваме победа за достоинствена Македонија која на сите граѓани ќе им понуди подобар живот и стандард https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-ke-izvojuvame-pobeda-za-dostoinstvena-makedonija-koja-na-site-gragani-ke-im-ponudi-podobar-zhivot-i-standard/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-ke-izvojuvame-pobeda-za-dostoinstvena-makedonija-koja-na-site-gragani-ke-im-ponudi-podobar-zhivot-i-standard/#respond Fri, 07 Apr 2023 19:02:12 +0000 https://kurir.mk/?p=821658

Дозволете ми веднаш во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, денот кога ја чествуваме ромската култура, но и денот кога отворено говориме за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Лично сметам дека ова не смее да биде сведено само на еден ден во годината, туку треба да постои континуирано залагање од страна на сите чинители во нашата држава, овие теми да се отвораат и дискутираат во текот на целата година, затоа што Ромите се дел од македонската нација, тие се неотуѓив дел од македонското општество и нивните проблеми се проблеми за секој еден од нас, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на свечена академија организирана од Демократски сили на Ромите. -Ромите со векови живеат во Македонија и со векови ги споделуваат радостите, но и тешките моменти заедно со Македонците и со сите останати. Нашето мултикултурно општество би било посиромашно без ромскиот јазик, без ромскиот фолклор, без ромската песна. Тие се дел и од нашата заедничка култура и ќе останат нераскинлив дел додека векот векува. За мене секој граѓанин на Македонија е ист, за мене секој човек е роден ист, само што треба да има исти предуслови да ги развие и покаже своите капацитети. Верувам во овие мои зборови и затоа со години наназад повикувам да изградиме друштво во кое ќе му дадеме на секој поединец услови да се развива и да придонесува кон градењето на неговата и заедничката иднина, вели Мицкоски. Тој оценува дека Македонија е земја на соживот, на традиција, на взаемно разбирање, земја на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина. -Ова го говорам со горчина во душата затоа што гледам како за жал нѐ има се помалку во татковината. Гледам како Ромите, Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, и останатите се повеќе и почесто си заминуваат од родната грутка за да бараат подобар живот во туѓина. Живееме години на егзодус и безнадежност. Образованието ни е срозено. Здравството ни е колабирано. Економијата тоне со секој ден се повеќе. Тоа е резултатот на корумпираната елита на власт која се богати, која овозможува благодети само на мал слој околу нив, а сите останати ги втурнува во сиромаштија и очај. Го губиме народот како вода низ дланка, затоа што не им даваме можност за достоинствен живот, затоа што не им даваме можност за достоинствена работа и достоинствен стандард. Го губиме народот затоа што гледаме неправда на секој чекор, гледаме организиран криминал кој ја пљачкосува земјата, гледаме нефункционалност на институциите, гледаме уништен систем на вредности во кој не се вреднува човекот за жал, туку блискоста до власта и понизноста, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа мора да престане. Тоа мора да заврши. Немаме веќе време за губење. Немаме веќе генерации за губење. Немаме веќе луѓе за губење. Секој во Македонија треба да се вложи во издигање на нашата татковина од пепелта во која власта на Ковачевски и Груби ја донесоа. Зборуваат дека се обединиле рамо до рамо, а јас ќе искористам една српска изрека и ќе речам се обединиле „све мој до мојега“ и го водат народот до поголема беда. Поради нивните погрешни политики Македонија стана најсиромашната земја во Европа и регионот, земја со најмал економски раст, со индустриско производство кое паѓа. Поради нивните политики инвестициите не избегнуваат во широк лак. Времето си го трошат како да наместат тендер, како да обезбедат имот за џабе, како да стават уште некој милион во своите џебови. Затоа се држат до своите фотелји и епски бегаат од избори. Знаат дека ќе изгубат. Мислат дека со продавање на националните и државните интереси ќе ја продолжат власта, но само ја продолжуваат агонијата и на крајот ќе завршат катастрофално“ - посочи Мицкоски. -Ние заедно со народот, заедно со секој од вас имаме коалиција и таа коалиција ќе се преточи во убедлива победа да избори. Но тука не завршуваме. Нашиот пат со народот ќе продолжи и понатаму, затоа што имаме обврска како генерација да изградиме подобра иднина за нас и за сите наши деца. Таа битка ќе ја водиме и во таа битка ќе извојуваме победа. Ќе изградиме Македонија која ќе биде достоинствена, почитувана, побогата и попросперитетна. Македонија која ќе нуди подобар живот и стандард за секого без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност. Ова е Македонија за која сонуваме и работиме. Ова е Македонија на која Ромите заедно со Македонците и сите останати ќе бидат горди. Да сте ми живи и здрави. Нека е честит денот. Нека е вечна нашата заедничка татковина Македонија, порача тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zaedno-so-narodot-ke-izvojuvame-pobeda-za-dostoinstvena-makedonija-koja-na-site-gragani-ke-im-ponudi-podobar-zhivot-i-standard/feed/ 0
Во Неготино одбележан Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-negotino-odbelezan-megjunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-negotino-odbelezan-megjunarodniot-den-na-romite/#respond Sun, 08 Apr 2018 10:21:47 +0000 https://kurir.mk/?p=37820

По повод Меѓународниот ден на Ромите-8 Април, во Неготино се одржа трибина на тема „Историјата на Ромите и нивна интеграција во општеството денес“. Трибината беше само дел од активностите кои ги реализираше Здружението на граѓани „Вардарли тек“ од Криволак. Претседателот Сафет Темуровски рече дека денес во светот живеат над 12 милиони Роми, лоцирани во многу земји. - Точната бројка не може да се докаже затоа што тие не се изјаснуваат со својата вистинска етничка припадност, поради низа економски и социјални причини, нагласи Темуровски. Според него, првите доселување на Ромите на овој простор биле забележани во 14 век. - Нивното главно доселување било за време на турските освојувања на Македонија кон крајот на 14 и почетокот на 15 век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци. Постои теорија и дека Ромите биле доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи, при освојувањето на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите, кои себеси се нарекуваат Еѓипќани и се сметаат за посебна етничка група од Роми, кои се со потекло од индиската област Пенџап од народот Дравци, додаде Темуровски. Тој истакна дека Ромите претежно се населени во градовите, така што дури 95 отсто од македонските Роми живеат во градските средини и главно во еден дел од населеното место. - Според податоците од првиот попис во Република Македонија од 1948 година, како Роми се декларилале 19.500 граѓани или 1.7 проценти, а според последниот попис во 2002 година, овде живеат 53.879 лица или 2.66 отсто. Ваквите податоци не го одразуваат вистинскиот број на Ромите во земјава, нагласи Темуровски. Појасни дека мнозинството од Ромите се муслимани, но постои и мал дел со христијанска вероисповед. Темуровски рече дека од независноста на Република Македонија до денес потпишани се повеќе документи за интегрирање на Ромите во општеството. Според него, во глобала има напредок во однос на нивните права, но и понатаму треба да се работи на понатамошно вклучување во процесите на интегрирање во општеството на оваа најмаргинализирана група на граѓани се со цел на нив да не се гледа само како на бројка. Со мирен марш низ градот, доброволно мерење шеќер во крвта на пунктот на Црвениот крст-Неготино и турнир во мал фудбал, Ромите го одбележаа овој ден. Тие на сите христијански верници им го честитаа големиот верски празник Велигден. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-negotino-odbelezan-megjunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, неработен за ромската заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-den-na-romite-8-april-neraboten-za-romskata-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-den-na-romite-8-april-neraboten-za-romskata-zaednica/#respond Tue, 03 Apr 2018 08:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=35628

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 8 април (недела), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија. Од Министерството на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честитаат Меѓународниот ден на Ромите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-den-na-romite-8-april-neraboten-za-romskata-zaednica/feed/ 0