ден на солидарност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 09:24:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на солидарност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Словенија го прогласи 14 август за Ден на солидарноста: Ќе биде слободен ден за граѓаните да можат да помогнат, Македонија испраќа 100 војници! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-go-proglasi-14-avgust-za-den-na-solidarnosta-ke-bide-sloboden-den-za-graganite-da-mozhat-da-pomognat-makedonija-ispraka-100-vojnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-go-proglasi-14-avgust-za-den-na-solidarnosta-ke-bide-sloboden-den-za-graganite-da-mozhat-da-pomognat-makedonija-ispraka-100-vojnitsi/#respond Wed, 09 Aug 2023 09:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=864955

Словенската Влада го прогласи 14 август за Ден на солидарноста, граѓаните ќе добијат слободен ден за да можат да помогнат на загрозените од поплавите. Одлуката ја објави премиерот Роберт Голоб и рече дека земјата треба да го заврши тешкиот период во духот на солидарноста. Тој додаде дека луѓето ќе добијат слободен ден „за да му помогнат на познаник, сосед, пријател и на сите што биле погодени од големите поплави“. Голоб во видео-обраќањето објавено на неговиот Инстаграм профил наведе дека во последните денови има многу иницијативи и предлози од граѓаните во врска со катастрофалните поплави, а една од нив била да се прогласи 14 август за слободен ден за „сите да можат да покажат дека настраданите од поплавите не се сами“. – Владата одлучи 14 август да биде ден на солидарност, ден кога цела Словенија ќе ги здружи силите и секој од нас ќе го даде својот максимум – рече Голоб и нагласи дека е убеден дека Словенија може да го направи тоа. Во меѓувреме, Трговската и индустриската комора (ЦЗС) ја критикуваше оваа одлука на владата, велејќи дека денот на солидарноста ќе создаде дополнителни трошоци за компаниите во другите делови на земјата. Неработниот ден ќе ги зафати и стопанствениците погодени од поплавите кои успеаја да ги санираат штетите и планираат повторно отворање. Ова ќе ги зголеми нивните трошоци покрај штетите од поплавите со кои веќе треба да се справат.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vlada Republike Slovenije (@gov.si)

Од ГЗС сметаат дека би било подобро наместо слободен ден, владата да нареди дневните трошоци за работна сила да се донираат за помош на поплавените. Ако 14 август е слободен ден, тоа значи дека Словенците ќе имаат четири слободни денови меѓу петок и вторник, националниот празник, кога христијаните го слават Успение на Пресвета Богородица. Огромните поплави што ја погодија земјата кон крајот на минатата недела се прогласени за најголема природна катастрофа од независноста на земјата. Две третини од земјата се уништени, многумина ги загубија и своите домови. Во полавите досега има шест жртви. Македонската влада испраќа 100 војници Македонската влада на вчерашната 177 седница одлучи да испрати сто припадници на Армијата во Словенија за учество во хуманитарна операција и помош на настраданите во поплавите. -Согласно одлуката, се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија, соопшти владината прес-служба. Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-go-proglasi-14-avgust-za-den-na-solidarnosta-ke-bide-sloboden-den-za-graganite-da-mozhat-da-pomognat-makedonija-ispraka-100-vojnitsi/feed/ 0