ден на власите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 10:05:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на власите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-so-chestitka-po-povod-23-maj-natsionalniot-den-na-vlasite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-so-chestitka-po-povod-23-maj-natsionalniot-den-na-vlasite/#respond Tue, 23 May 2023 10:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=837832

Во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница Ви го честитам 23 Мај - Националниот ден на Власите и Ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства, пишува лидероот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата честитка. На денот на одбележувањето на влашката култура и традиција, мора да се истакне придонесот на влашката заедница во Македонија кон заедничкиот развој. Слогата и соживотот граден со векови наназад во Македонија е основа за трасирањето на заедничката иднина. И денес кога заедно ги споделуваме тешките мигови за државата со октроирано правосудство, девастирано здравство и образование, во услови на должничка и економска криза, а се' заради криминалот и корупцијата на власта којашто немилосрдно ја разјадува државата, во услови кога се тргува со македонскиот национален идентитет, но и со унитарниот карактер на државата, убеден сум дека со заеднички сили наскоро ќе се избориме да се вратиме на вистинскиот пат заеднички да продолжиме да ја градиме нашата држава врз темелите на заедничките вредности за да создадеме иднина за следните генерации тука во Македонија. Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај - Националниот ден на Власите!, стои во честитката на Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-so-chestitka-po-povod-23-maj-natsionalniot-den-na-vlasite/feed/ 0
Честитка од Иванов по повод Националниот ден на Власите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-ivanov-po-povod-nacionalniot-den-na-vlasite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-ivanov-po-povod-nacionalniot-den-na-vlasite/#respond Wed, 23 May 2018 08:46:37 +0000 https://kurir.mk/?p=57392

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на Влашката заедница во Република Македонија, по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите. - Овој значаен празник е потсетување на вековниот стремеж на Власите за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. На овој ден, 23 Мај 1905 година, Османлиската iмперија донесе Ираде со кое само беше призната реалноста дека Власите се посебен народ со свој јазик, култура и идентитет. Со тоа се отвори ново поглавје во долгата и исклучително богата историја на влашкиот народ. Таа историја сведочи за едно нешто. А тоа е дека Власите и како народ, но и како поединци имале голема улога во борбата за слобода, државност и независност на Република Македонија, вели Иванов во честитката. Припадниците на влашката заедница, како што посочува претседателот, се дел од сите сфери на општественото живеење, со што даваат препознатлив придонес во целокупниот развој на Република Македонија. - Исклучително одговорниот однос на Власите кон својата држава Република Македонија и кон своите сограѓани од другите етнички заедници може да послужи како пример за градење и за негување на меѓусебна доверба. Таквата доверба е потреба на секој поединец и претставува врзивно ткиво на целото македонско мултиетничко општество. Обврска на Република Македонија е да продолжи да го чува, развива и промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности, наведува Иванов во честитката. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-ivanov-po-povod-nacionalniot-den-na-vlasite/feed/ 0
Честитка од Џафери по повод Националниот ден на Власите – 23 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dzaferi-po-povod-nacionalniot-den-na-vlasite-23-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dzaferi-po-povod-nacionalniot-den-na-vlasite-23-maj/#respond Wed, 23 May 2018 08:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=57371

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска упатуи честитка до припадниците на влашката заедници по повод Националниот ден на Власите - 23 мај. - Етничкиот диверзитет во Република Македонија, верската разноликост, јазичното и културното шаренило се додадена вредност и богатство кое треба да се негува и почитува и тоа е тоа што нашата земја ја прави да биде единствена и различна од другите. Со взаемна почит и соработка, ќе успееме да се издигнеме над себеси и ќе можеме да се движиме брзо во насока на постигнување на нашите стратешки приоритети и поставени цели. Влашката заедница е значајна алка на тој погон и само со заеднички сили, позитивните резултати нема да изостанат, сер наведува во честитката што Џафери ја испрати до влашката заедница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dzaferi-po-povod-nacionalniot-den-na-vlasite-23-maj/feed/ 0
Власите во Македонија го одбележаа 23 Мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasite-vo-makedonija-go-odbelezaa-23-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasite-vo-makedonija-go-odbelezaa-23-maj/#respond Sun, 20 May 2018 12:12:45 +0000 https://kurir.mk/?p=56246

Влашката заедница во Македонија денеска во хотелот Александар Палас во Скопје го одбележа 23 Мај - Меѓународниот ден на Власите. Македонија е единствената држава во која влашкиот народ е составен дел од Уставот и согласно Законот за празници - 23 Мај е признат како неработен ден за влашката заедница. - Македонија е пример не само на Балканот, туку и во Европа, како можат да се негуваат, унапредуваат различностите и сметаме дека тоа е можеби најголемаиот аргумент зошто Македонија треба да биде дел од европската ѕзевдено небо. Тоа го правиме не само со зборови, со уставни и законски одредби, туку и во нашето секојдневно живеење. Влашката заендица има посебно место во Република Македонија бидејќи Вие и вашите претци дадоа значаен придонес - историски, културен, културен и политочки во изградбата на нашата заедничка држава, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа ја предводеше владината делегација, во чиј состав беа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот за економија Кире Наумов, на свеченоста на која денеска беше одбележан Меѓународниот ден на Власите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasite-vo-makedonija-go-odbelezaa-23-maj/feed/ 0
Шекеринска ќе ја преводи владината делегација на одбележување на Националниот ден на Власите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-kje-ja-prevodi-vladinata-delegacija-na-odbelezuvanje-na-nacionalniot-den-na-vlasite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-kje-ja-prevodi-vladinata-delegacija-na-odbelezuvanje-na-nacionalniot-den-na-vlasite/#respond Sun, 20 May 2018 07:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=56142

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе предводи владина делегација на свеченото одбележување на Националниот ден на Власите. Свеченоста по повод 23 мај, Денот на Власите ќе се одржи денеска во хотелот Александар Палас во Скопје, а во составот на владината делегација ќе бидат заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик министерот за економија Кире Наумов. На свеченоста, покрај културно уметничката програма, свое обраќање ќе има и министерката Шекеринска. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-kje-ja-prevodi-vladinata-delegacija-na-odbelezuvanje-na-nacionalniot-den-na-vlasite/feed/ 0