ден на жалост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 08:51:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ден на жалост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денес во Србија е Ден на жалост за смртта на тројцата Срби во Бањска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/denes-vo-srbija-e-den-na-zhalost-za-smrtta-na-trojtsata-srbi-vo-banska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/denes-vo-srbija-e-den-na-zhalost-za-smrtta-na-trojtsata-srbi-vo-banska/#respond Wed, 27 Sep 2023 08:51:16 +0000 https://kurir.mk/?p=882180

Денеска во Србија е Ден на жалост поради смртта на тројцата Срби од северот на Косово кои загинаа во конфликт со косовската полиција во селото Бањска, а уште од синоќа белграѓани пред црквата Свети Сава во Врачар запалија свеќи за загинатите Срби кои загинаа во конфликтот во Бањска, јави дописникот на МИА од Белград. Одлуката за прогласување на Ден на жалост на територијата на цела Република ја донесе Владата на Србија, а претходно беше прогласена тридневна жалост во српските области на Косово. -Владата на Србија побара од сите медиуми и организатори на јавни настани да ја приспособат својата програма на Денот на жалост во среда, 27 септември и на тој начин да им оддадат почит на жртвите на Косово и Метохија, се вели во соопштението на Владата на Србија. Во Србија Ден на жалост се прогласува, според законот, по особено тешка сообраќајна несреќа што резултира со смрт, повреда или сериозно оштетување на здравјето на поголем број луѓе, или во случај на смрт на високо рангиран државен функционер. Како што јави во вторникот Радио телевизија на Србија (РТС) во неделата во селото Бањска во судир со припадниците на косовската полиција убиени се Стефан Недељковиќ, Игор Миленковиќ и Бојан Мијаиловиќ од Косово. Косовската полиција претходно соопшти дека во престрелката е убиен еден нивни припадник, а двајца се ранети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/denes-vo-srbija-e-den-na-zhalost-za-smrtta-na-trojtsata-srbi-vo-banska/feed/ 0
Српската влада утрешниот ден го прогласи за Ден на жалост https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-utreshniot-den-go-proglasi-za-den-na-zhalost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-utreshniot-den-go-proglasi-za-den-na-zhalost/#respond Tue, 26 Sep 2023 14:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=881909

Владата на Србија на денешната вонредна седница го прогласи утрешниот ден -27 септември за Ден на жалост во врска со трагичните настани на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Владата на Србија ги замолува сите медиуми и организатори на јавни настани да ја прилагодат својата програма на Денот на жалоста во среда, 27 септември и со тоа да им оддадат почит на жртвите на Косово и Метохија, се вели во соопштението на Владата на Србија. За разлика од Србија, на Косово, Српска листа прогласи тродневна жалост на Косово. -Денеска, утре и задутре се денови на жалост во српските заедници во Косово, по повод смртта на наши сограѓани во трагичен настан во Бањска, општина Звечан, се наведува во соопштението на Српска листа. Во српските заедници на територијата на Косово ќе бидат откажани сите забавни настани организирани од органите и институциите на локалната самоуправа, а српските знамиња на сите институции ќе бидат спуштени на половина копје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vlada-utreshniot-den-go-proglasi-za-den-na-zhalost/feed/ 0
Поради трагичен настан, Ден на жалост утре во Македонска Каменица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poradi-tragichen-nastan-den-na-zhalost-utre-vo-makedonska-kamenitsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poradi-tragichen-nastan-den-na-zhalost-utre-vo-makedonska-kamenitsa/#respond Mon, 19 Jun 2023 15:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=847497

Во Македонска Каменица прогласен е Ден на жалост. Одлуката ја донесе Советот на општина Македонска Каменица на денешната седница, поради трагичен настан во кој животот го загуби млад жител од Општина Македонска Каменица. За Ден на жалост, како што беше соопштено на седницата, се прогласува утрешниот ден, вторник, 20 јуни 2023 година. Трагичниот настан, како што претходно беше објавено во полицискиот билтен, се случил вчера попладне околу 15.20 часот, кога во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – селото Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот, соопшти полицијата. Во тешката несреќа момчето починало на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/poradi-tragichen-nastan-den-na-zhalost-utre-vo-makedonska-kamenitsa/feed/ 0
Во Италија утре Ден на национална жалост поради смртта на Берлускони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-utre-den-na-natsionalna-zhalost-poradi-smrtta-na-berluskoni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-utre-den-na-natsionalna-zhalost-poradi-smrtta-na-berluskoni/#respond Tue, 13 Jun 2023 16:01:08 +0000 https://kurir.mk/?p=845362

Италија се подготвува да се збогува со поранешниот премиер и лидер на централнодесничарската партија „Форца Италија“, медиумскиот магнат и милијардер Силвио Берлускони. АНСА пренесува дека италијанската Влада утрешниот ден го прогласи за национален ден на жалост, на денот кога ќе биде организирана државната погребна церемонија во миланската катедрала. Италијанските и европските знамиња се веат на половина копје на јавните згради во Италија и на дипломатските и конзуларните згради во странство. Погребот на Берлускони ќе се одржи во 15 часот, а церемонијата ќе ја предводи миланскиот надбискуп монсињор Марио Делпини. На плоштадот пред катедралата се поставени големи екрани за јавноста да може да го следи погребот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-utre-den-na-natsionalna-zhalost-poradi-smrtta-na-berluskoni/feed/ 0
ТРЕТ ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО СРБИЈА: Денеска погреб на тројца настрадани, две девојчиња и натаму во критична состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tret-den-na-zhalost-vo-srbija-deneska-pogreb-na-trojtsa-nastradani-dve-devojchina-i-natamu-vo-kritichna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tret-den-na-zhalost-vo-srbija-deneska-pogreb-na-trojtsa-nastradani-dve-devojchina-i-natamu-vo-kritichna-sostojba/#respond Sun, 07 May 2023 11:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=831490

Во Србија денеска е трет ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац. Граѓаните ширум Србија им оддаваат почит на жртвите од двете масовни престрелки. Во Дубона денеска ќе бидат погребани три жртви. На белградските гробишта вчера беа погребани четворица ученици и работникот од обезбедувањето во училиштето во Врачар. Во Мало Орашје беа погребани пет млади луѓе, јави дописникот на МИА од Белград. Министерката за здравство Даница Грујичиќ за РТС изјави дека девојчето кое било примено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ се уште е во критична состојба и витално загрозено, како и две девојки во масовното пукање кај Младеновац и Смедерево. - Што се однесува до повредените во престрелката кај Младеновац и Смедерево, кои се во КЦ, две девојчиња се уште се во животна опасност. Девојката која имаше повреда на главата, иако постоперативниот скенер е навистина одличен, за жал и е оштетено левото око, куршумот останал таму. Таа се уште е седатирана, па не можеме целосно да ја процениме нејзината состојба додека не почнеме да ја будиме, рече Грујичиќ. Критично е и девојчето кое имаше повеќе абдоминални повреди, додаде таа и посочи дека денеска ќе и биде извршена нова интервенција. - Момчето кое имаше повреда на феморалните артерии и вените на нозете е префрлено на Клиниката за васкуларна хирургија, ќе мора да добие дополнителни интервенции. Мажот кој имаше повреда на градниот кош и повреда на рбетот засега е стабилен, екстубиран и свесен. Разговарав со него, но за жал има параплегија. Што се однесува до момчето што дојде од Смедерево, направена е торакална дренажа, исто така е стабилен и екстубиран, изјави Грујичиќ. Таа посочи и дека пациентот во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ се уште е на поддршка, за да го одржи притисокот. - Што се однесува до момчето што е во болницата во Земун, имаше големи ортопедски повреди кои се згрижени, ќе има уште најмалку една или две операции и за жал кај сите, освен оние кои се пуштени, најверојатно ќе има уште една операција, рече министерката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tret-den-na-zhalost-vo-srbija-deneska-pogreb-na-trojtsa-nastradani-dve-devojchina-i-natamu-vo-kritichna-sostojba/feed/ 0
Ден на жалост во Црна Гора за жртвите во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/den-na-zhalost-vo-tsrna-gora-za-zhrtvite-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/den-na-zhalost-vo-tsrna-gora-za-zhrtvite-vo-srbija/#respond Sun, 07 May 2023 10:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=831488

Во Црна Гора денеска е Ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Младеновац и Смедерево. Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе Владата на Црна Гора. Според таа одлука знамињата се спуштени на половина копје на сите објекти на органите на државната и локалната самоуправа и јавните институции. Јавни, културни и забавни програми денеска нема да се одржуваат на јавни места, а музика нема да се емитува во угостителските објекти. Електронските и другите медиуми се должни своите програмски содржини да ги приспособат на одбележувањето на Денот на жалост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/den-na-zhalost-vo-tsrna-gora-za-zhrtvite-vo-srbija/feed/ 0
Во недела Ден на жалост во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-nedela-den-na-zhalost-vo-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-nedela-den-na-zhalost-vo-tsrna-gora/#respond Fri, 05 May 2023 11:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=830928

Владата на Црна Гора ќе прогласи Ден на жалост во недела поради трагичните настани во Србија, најави премиерот Дритан Абазовиќ. „Можно е да има два дена жалост. Денеска ќе ги известам моите колеги дека тоа ќе го направиме. На овој начин упатувам сочувство до семејствата на загинатите и повредените во овој неверојатно трагичен настан кој се случи двапати за краток период во Србија“, рече тој. Во Србија за два дена се случија две масовни убиства, едното во ОУ „Владислав Рибникар“, а другото во Младеновац, при што вкупно се убиени 17 лица, а 25 се повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-nedela-den-na-zhalost-vo-tsrna-gora/feed/ 0
Денеска во Албанија ден на национална жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-vo-albanija-den-na-natsionalna-zhalost-za-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-vo-albanija-den-na-natsionalna-zhalost-za-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 13 Feb 2023 06:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=799656

Албанската Влада денешниот ден го прогласи за ден на национална жалост во знак на почит за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Веста на социјалните мрежи ја објави премиерот Еди Рама, кој наведе дека тоа во како знак на болка и молитва за жртвите од големата трагедија од земјотресот на турско-сириската граница, како и во знак на солидарност со пријателска Турција. Тој потсетува дека Турција застана покрај неговата земја по катастрофалниот земјотрес на 26 ноември 2019 година. Знамињата пред државните институции ќе бидат спуштени на половина копје. -Спуштањето на државното знаме на половина копје и палењето свеќа од страна на секој човек, по желба и можност, ќе бидат значајни знаци на понеделникот обележан со човечка болка и народна солидарност што ги надминува нашите граници, напиша Рама. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deneska-vo-albanija-den-na-natsionalna-zhalost-za-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Ден на жалост во спомен на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-zhalost-vo-spomen-na-zhrtvite-od-zemjotresite-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-zhalost-vo-spomen-na-zhrtvite-od-zemjotresite-vo-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 13 Feb 2023 06:44:56 +0000 https://kurir.mk/?p=799650

Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во државава денеска е ден на жалост. Во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва знамето е истакнато на половина копје. Одлуката ја донесе вчера Владата, како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и Сирија, на 6-ти февруари. Бројот на загинати во земјотресите, заклучно со вчера, достигна над 33.000.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-zhalost-vo-spomen-na-zhrtvite-od-zemjotresite-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-radiodifuzerite-utre-da-ja-prilagodat-programata-so-denot-na-zhalost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-radiodifuzerite-utre-da-ja-prilagodat-programata-so-denot-na-zhalost/#respond Sun, 12 Feb 2023 21:47:44 +0000 https://kurir.mk/?p=799624

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги повикува радиодифузерите утре соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост, што го прогласи Владата за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија. -Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат утре, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-radiodifuzerite-utre-da-ja-prilagodat-programata-so-denot-na-zhalost/feed/ 0