Ден Шехтман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 May 2023 13:08:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ден Шехтман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нобеловецот Ден Шехтман промовиран за Почесен професор на УКЛО-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/#respond Sat, 27 May 2023 13:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=839425

Професор д-р Ден Шехтман од Израел, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година од денеска е избран Почесен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. На свечена академска церемонија во Битола, ректорот на битолскиот Универзитет, професор д-р Игор Неделковски, на д-р Шехтман му врачи инсигнии, одора и универзитетска диплома за Почесен професор на УКЛО-Битола. -Почестен сум што ја добив оваа висока универзитетска титула. Најважното нешто за една држава, вистинско национално богатство се луѓето и нивната свест. Според мене на Македонија и треба економски успех што ќе го врати младото население во земјава и затоа ви се потребни повеќе инженери и научници. Универзитетот е местото каде што се подготвува таков кадар, да се отвораат стартапи и други инвестиции. Како што знаете јас доаѓам од мала земја, но таа е исклучително економски развиена и затоа младите се враќаат назад во државата, пред се заради економските стартапи. Македонија прекрасна земја со прекрасни луѓе, паметни, љубезни, слично како нас и затоа деновиве тука се чувствувам како дома, рече нобеловецот Шехтман. Промовирањето на д-р Шехтман за Почесен професор на УКЛО-Битола ќе придонесе за подобрување на рејтингот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, посочи ректорот Игор Неделковски. -Првпат на нашиот Универзитет присуствува еден нобеловец, прв пат на нобеловец му предложивме и тој се согласи да биде избран во звање Почесен професор и со тоа да прифати да биде дел од УКЛО. Овој чин го потврдува рејтингот на УКЛО што го има на меѓународно ниво, и се надеваме дека со академик Шехтман тоа ќе продолжи и затоа очекуваме овој чин да придонесе за поголема видливост на нашиот Универзитет во светот, нагласи ректорот Неделковски. Професорот Шехтман е член на четирите најмоќни академии на науки во светот, на Израелската, Европската, на Руската академија на науки, како и на Американската национална инженерска академија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nobelovetsot-den-shehtman-promoviran-za-pochesen-profesor-na-uklo-bitola/feed/ 0
Пендаровски на средба со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-den-shehtman-dobitnik-na-nobelova-nagrada-za-hemija-vo-2011-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-den-shehtman-dobitnik-na-nobelova-nagrada-za-hemija-vo-2011-godina/#respond Fri, 26 May 2023 12:28:40 +0000 https://kurir.mk/?p=839076

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на Македонија. На средбата се разговараше за светските трендови во природните науки, за глобалните економски текови, како и за потребата од насочување на националните политики кон поддршка на иновациите и технолошкиот развој. Нобеловецот Шехтман ги искажа своите размислувања за предизвиците на научната мисла во денешницата, а се осврна и на неговата богата научна работа. Шехтман го запозна претседателот Пендаровски со најважните моменти од кариерата и истражувањата на квазикристалите поради што му е доделена Нобеловата награда за хемија во 2011 година. Заблагодарувајќи се за посетата на нобеловецот Шехтман, претседателот Пендаровски истакна дека промовирање на интересот за науката е од особено значење кај нас, за младите луѓе да ја насочуваат својата енергија и креативност кон градење општество во согласност со принципите на одржливост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-den-shehtman-dobitnik-na-nobelova-nagrada-za-hemija-vo-2011-godina/feed/ 0