денар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 06:17:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png денар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Денарот го славиме!“ – 31 година монетарна самостојност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denarot-go-slavime-31-godina-monetarna-samostojnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denarot-go-slavime-31-godina-monetarna-samostojnost/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=827623

Со кампања под мотото „Денарот го славиме!“, Народна банка одбележува 31 година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на централната банка. - Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, соопшти НБ. За патот на креацијата и воспоставувањето на македонските книжни пари, се изработени два едукативни видеозаписа од страна на вработени во Музејот на Народната банка, Маја Хаџиманева, Ефтимија Павловска и Дијана Ванчевска. Видеозаписите, ќе бидат доставени и до училиштата ширум земјата за да послужат во натамошниот едукативен процес за нашата историја и валута. Со цел да се споделат историскиот процес и вредностите од кои се воделе носителите на политиките при монетарното осамостојување, подготвени се видеоизјави на дел од оние кои учествувале директно во процесот на воспоставување и градењето на монетарната независност, сопствената валута, но и придонесле и придонесуваат за афирмација на Народната банка како современа и кредибилна институција. По пвод 31 година монетрана самостојност, на социјалните мережи ќе бидат објавени изјави на сите досегашни гувернери Борко Станоевски, Љубе Трпевски, Петар Гошев, Димитар Богов, Анита Ангеловска-Бежоска, на други општествени чинители како Џевдет Хајредини, Трајко Славески, Михаил Петковски, Абдулменаф Беџети, Таки Фити, Глигор Бишев, Ванчо Каргов, како и видувањата вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска. Во рамките на чествувањето ќе бидат објавени и документи од Архивот на Народната банка, поврзани со монетарното осамостојување, коишто имаат непроценлива историска вредност за македонската историја. На денешен ден пред 31 година државава монетарно се остамостои и воведе сопсвена валута - денар. „Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“. Со овие зборови првиот премиер на државава Никола Кљусев од собраниската говорница го претстави денарот како национална валута која официјално беше воведена на 26 април 1992 година (Велигден). Тогаш, Собранието донесе пакет закони со кои државата се осамостои монетарно. На почетокот беа воведени вредносни бонови кои ги заменија тогашните југословенски динари во однос 1:1. Замената почна на 27 април 1992 година и траеше три дена. Веќе на 29 април престанаа да важат југословенските книжни пари, а кованите пари од 1, 2 и 5 југословенски динари останаа да важат уште една година.Вредносните бонови од 25, 50, 100, 500 и 1000 имаа ист дизајн и се разликуваа само по бојата. На нив не го пишуваше името на новата национална валута. На предната страна, основниот мотив беше Македониумот, а на задната тутуноберачите. Името денар е добиено по истоимената античка римска валута (лат. denarius), која се користела на оваа територија и во минатото. Името го има дадено академик Петар Илиевски, а како предлози во тој период биле разгледани и „македонски динар“ и „лав“. Првите денари беа пуштени во оптег следната година. Во 1993 година беше пуштена серија од банкноти во вредност од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а во 1996 година биле воведени и банкноти во вредност од 1000 и 5000 денари. Во 2016 година биле воведени и банкноти од 200 и 2000 денари. Истовремено, книжните пари со апоенска вредност од 5000 денари беа повлечени од оптек како последица на нејзината незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Во 2018 година, Народната банка, која го има правото да издава книжни и ковани пари, ги замени банкнотите од 10 и 50 денари со нови полимерни банкноти. Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава и јубилејни монети за колекционерски цели. Денес, во земјава како платежно средство се користат книжни банкноти од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари и метални монети во вредност од 1,2,5,10 и 50 денари. Банкнотите од 10, 50 и 100 денари се печатени во земјава, додека банкнотите од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996 година), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкнотите од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Монетите се ковани во ковалницата „Сувенир“ во Самоков и се ликовно и техничко решение на Димче Бошкоски и Снежана Атанасова, вработени во ковалницата. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја. Триесет и една година подоцна, денарот останува стабилен и покрај низата кризи и премрежија низ кои помина државата. Првите години од монетарното осамостојување се одликуваа со хиперинфлација, рецесија, недоволно ниво на девизни резерви, макроекономска стабилност... Во октомври 1995 година беше воведена монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на тогашната германска марка, а од јануари 2002 година курсот на денарот се поврзува со еврото. Монетарните политики што беа водени за време на конфликтот од 2001 година, глобалната финансиска криза од 2008 година и пандемијата на Ковид-19 не дозволија денарот да девалвира. Од Народната банка уверуваат дека и во актуелната ситуација со војната во Украина, денарот е стабилен и во иднина ќе остане сидро на стабилност на македонската економија. Девизните резерви растат, а банкарскиот систем е стабилен, ликвиден, доволно капитализиран и може да обезбеди кредитна поддршка за економска активност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/denarot-go-slavime-31-godina-monetarna-samostojnost/feed/ 0
Народната банка го одбележува монетарното осамостојување преку едукативна кампања „Денарот го славиме!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodnata-banka-go-odbelezhuva-monetarnoto-osamostojuvane-preku-edukativna-kampana-denarot-go-slavime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodnata-banka-go-odbelezhuva-monetarnoto-osamostojuvane-preku-edukativna-kampana-denarot-go-slavime/#respond Mon, 24 Apr 2023 09:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=826880

Народната банка во текот на претстојната седмица ќе реализира повеќе активности во насока на чествување на триесет и една година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на Народната банка, под мотото „Денарот го славиме!“. Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. За патот на креацијата и воспоставувањето на македонските книжни пари, се изработени два едукативни видеозаписа од страна на вработени во Музејот на Народната банка, Маја Хаџиманева, Ефтимија Павловска и Дијана Ванчевска. Видеозаписите, покрај тоа што ќе бидат објавени, ќе бидат доставени и до училиштата ширум земјата за да послужат во натамошниот едукативен процес за нашата историја и валута. -Со цел да се споделат историскиот процес и вредностите од кои се воделе носителите на политиките при монетарното осамостојување, подготвени се видеоизјави на дел од оние кои учествувале директно во процесот на воспоставување и градењето на монетарната независност, сопствената валута, но и придонесле и придонесуваат за афирмација на Народната банка како современа и кредибилна институција. Изјавите на сите досегашни гувернери Борко Станоевски, Љубе Трпевски, Петар Гошев, Димитар Богов, Анита Ангеловска-Бежоска, на други општествени чинители како Џевдет Хајредини, Трајко Славески, Михаил Петковски, Абдулменаф Беџети, Таки Фити, Глигор Бишев, Ванчо Каргов, како и видувањата вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска ќе бидат објавени во текот на следните две недели на социјалните мрежи. Во рамките на чествувањето ќе бидат објавени и документи од Архивот на Народната банка, поврзани со монетарното осамостојување, коишто имаат непроценлива историска вредност за македонската историја, информираат од НБРМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodnata-banka-go-odbelezhuva-monetarnoto-osamostojuvane-preku-edukativna-kampana-denarot-go-slavime/feed/ 0
СРПСКИОТ ДИНАР ВЛЕГУВА ВО КУРСНАТА ЛИСТА НА НАШАТА НАРОДНА БАНКА – истото го добивме и ние од соседна Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srpskiot-dinar-vleguva-vo-kursnata-lista-na-nashata-narodna-banka-istoto-go-dobivme-i-nie-od-sosedna-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srpskiot-dinar-vleguva-vo-kursnata-lista-na-nashata-narodna-banka-istoto-go-dobivme-i-nie-od-sosedna-srbija/#respond Sat, 15 Oct 2022 07:33:48 +0000 https://kurir.mk/?p=745583

Советот на Народната банка донесе Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка, во која најзначајно е вклучувањето на српскиот динар на курсната листа на Народната банка. Одлуката, како што информираа денеска од Народната банка, ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година. Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на нашата држава. Истовремено, може да се очекуваат и поволни ефекти и во поддршка на услужните дејности, со оглед дека е значен бројот на туристи од оваа наша соседна држава. Одлуката за вклучување на српската валута во рамки на Курсната листа доаѓа во период на продлабочување на билатералната соработка на централните банки на двете земји и претставува координирана реакција на одлуката на Народната банка на Србија за ставање на македонскиот денар на својата курсна листа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/srpskiot-dinar-vleguva-vo-kursnata-lista-na-nashata-narodna-banka-istoto-go-dobivme-i-nie-od-sosedna-srbija/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска за „Гласот на Америка“: Денарот со децении е стабилен  во однос на еврото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-so-decenii-e-stabilen-vo-odnos-na-evroto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-so-decenii-e-stabilen-vo-odnos-na-evroto/#respond Thu, 13 Oct 2022 08:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=744601

Стабилноста на денарот успешно се одржува и за време на тековната економска криза, што се должи на соодветното ниво на девизни резерви со кое располагаме, но и капацитетите на централната банка успешно да го одбрани курсот. Денарот со децении е стабилен во однос на еврото, валутата на нашиот најзначаен трговски партнер. Ова е најповолната монетарна стратегија за нашата економија, вели во интервју за „Гласот на Америка“ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон, САД. „Ние две и пол децении одржуваме стабилен денар, што јасно покажува дека централната банка има и капацитет, но и соодветни инструменти за одбрана на курсот на денарот. Во поддршка на ова фокусот треба да се стави на нивото на девизни резерви, коишто се клучниот инструмент кој служи како гаранција за одржување на стабилноста на курсот. Тие се одржуваат на високо ниво - во споредба со глобалната финансиска криза 2008-2009 година тие се двојно повисоки, а повисоки се и во однос на претпандемискиот период. Дополнително имаме на располагање и ликвидност од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) во вид на репо-линија којашто ни е ставена на располагање и досега не е искористена, но може да се искористи доколку имаме потреба за тоа“, вели гувернерката. Гувернерката Ангеловска-Бежоска зборувајќи за трендот на апрецијација на американскиот долар, кој започна кон крајот на минатата, а забрза годинава, посочи дека има повеќе причини за тоа. „Попогодени од овие трендови би биле оние економии, коишто се нето-должници во долари, односно имаат поголеми обврски отколку побарувања во долари. Тоа не е случај со македонската економија, бидејќи кај нас учеството на доларите во вкупниот надворешен долг на нашата економија е само околу 8% и тоа е главно кај јавниот сектор. Учеството на доларот во вкупната надворешна трговија, извозот и увозот, исто така е релативно помало, некаде околу 8-9%, додека останатата трговија е во евра, каде постои долгогодишна стабилност кај соодносот денар-евро и оттука тоа не се одразува на тој дел од трговијата“, вели гувернерката. Во однос на поизразените надолни ризици за глобалната економија, и влијанието врз нашата економија, гувернерката рече дека особено ќе биде важно како со овие шокови ќе се справи Европската Унија, како наш најголем трговски партнер, а која е многу ранлива на енергетската криза. Таа посочи дека во централната банка се работи на новите макроекономски проекции коишто ќе се финализираат следниот месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-so-decenii-e-stabilen-vo-odnos-na-evroto/feed/ 0
Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodna-banka-fiksniot-kurs-na-denarot-e-mehanizam-za-makroekonomska-disciplina-i-stabilni-ochekuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodna-banka-fiksniot-kurs-na-denarot-e-mehanizam-za-makroekonomska-disciplina-i-stabilni-ochekuvanja/#respond Mon, 08 Aug 2022 09:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=715532

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук“. Во објавата се посочува дека стабилниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и за стабилни очекувања и дека Народната банка со сите расположиви инструменти ќе го одржува курсот на денарот стабилен. – Треба да имаме предвид дека македонската економија се одликува со високо ниво на трговска размена со странство, којашто значи поголема подложност на надворешното окружување, вклучително и на промените на курсот на домашната валута во однос на странските валути. При флексибилен курс, тоа би значело релативно брзо и значајно пренесување ефекти од промените во девизниот курс врз домашните цени, со оглед на високото учество на производите кои се увезуваат. Друга одлика е тоа што нашата економија е нето-должник кон странство, што претставува и природна карактеристика за земја во оваа фаза на развој којашто има потреба од дополнителен капитал. При флексибилен девизен курс, хипотетичко намалување на вредноста на денарот би довела до повисок износ на задолженост и можна појава на потешкотии за сервисирање на постојниот долг. Истовремено, во услови на сѐ уште релативно високо ниво на евроизираност на нашата економија, промените во курсот би резултирале и со повисока задолженост на населението и фирмите со оглед на застапеноста на вкупните девизни кредити (вклучително и денарските кредити со валутна клаузула) во вкупните кредити, пишува во објавата. Со одржување на стабилен девизен курс на денарот, велат од централната банка, економијата се штити од преголеми ценовни флуктуации и раст на долгот во странска валута и се обезбедуваат стабилни пазарни очекувања, а сето тоа е во прилог на обезбедување најповолен амбиент за економски раст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/narodna-banka-fiksniot-kurs-na-denarot-e-mehanizam-za-makroekonomska-disciplina-i-stabilni-ochekuvanja/feed/ 0
Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-postavka-vo-muzejot-na-narodnata-banka-posvetena-na-prikaznata-za-makedonskiot-denar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-postavka-vo-muzejot-na-narodnata-banka-posvetena-na-prikaznata-za-makedonskiot-denar/#respond Tue, 05 Jul 2022 07:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=700114

Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти. Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, а Музејот на Народна банка одбележува 20 години од отворањето на постојната поставка. Раководителката на Музејот на Народната банка, Катерина Христовска, во објава на Фејсбук страната на централната банка, вели дека една од поспецифичните карактеристики на дизајнот на македонските пари, кај сите изданија, е застапеноста на дела од културното наследство на државата наспроти отсуството на историски личности на предната или задната страна, специфика која ја имаат многу малку европски држави. – Постои една општа констатација кај истражувачите на овој вид на специфичен дизајн дека нашите пари со својот колорит, со својата динамичност се можеби едни од најубавите банкноти испечатени на европската територија, вели Христовска. Борче Тодороски, кој ги дизајнираше првите македонски пари во сеќавање како го изработил дизајнот за првите македонски денари, вели дека својата работа ја извршувал во тајност, но со голема посветеност и пасија. – Се работеше рачно, немаше помошни средства како сега, компјутери. Работев со перца на кои менував тушеви во боја. Многу непроспиени ноќи и многу работа, вели Тодороски. Од Народната банка најавија дека по свеченото отворање во четврток, поставката ќе биде достапна за јавноста од следниот ден, секој работен ден од 9 до 15 часот, во следните шест месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-postavka-vo-muzejot-na-narodnata-banka-posvetena-na-prikaznata-za-makedonskiot-denar/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска за „Гласот на Америка”: Денарот остана стабилен и за време на кризи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-ostana-stabilen-i-za-vreme-na-krizi-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-ostana-stabilen-i-za-vreme-na-krizi-2/#respond Tue, 26 Apr 2022 06:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=667825

Не треба да постои никаква загриженост во однос на стабилноста на курсот на денарот. Централната банка веќе повеќе од две децении успешно ја одржува стабилноста на домашната валута во однос на еврото, вклучително и во многу кризни епизоди, низ кои поминала земјата и економијата. Ова е јасна потврда за капацитетот и адекватниот инструментариум којшто го има нашата централна банка, истакнува во интервју за Гласот на Америка, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка во Вашингтон. За време на Пролетните средби, ММФ ги објави најновите проекции, во кои се земени предвид ефектите од војната во Украина врз глобалната економија. Во тој контекст ММФ направи надолна корекција за очекувањата за економскиот резултат годинава кај сите земји, вклучително и за нашата економија. „Глобалниот економски раст по солидната стапка на раст од 6,1 отсто лани, оваа и наредната се предвидува на 3,6 отсто, што е значајно успорување. Во однос на бројките за нашата економија, исто така се прави надолна ревизија од 4,2 проценти на 3,2 отсто за оваа година, а за наредната 2,7 отсто. Овие бројки се слични и со регионот на Западен Балкан. Во тек се макроекономските проекции, коишто ги изготвува централната банка. Ние со последниот сет на макроекономски проекции, коишто датираат од октомври минатата година, очекувавме раст од 3,9 отсто за оваа година, но со оглед на новонастанатиот шок и ризиците поврзани со тоа, тековно работиме на нови проекции, и постои голема веројатност дека ќе има надолна ревизија “, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска. Гувернерката истакнува дека од големо значење во овој контекст е што банкарскиот сектор има капацитет и стабилност да го поддржи економскиот сектор. „Банкарскиот сектор има доволен капацитет и да ја задржи својата стабилност и да му помогне на економскиот сектор за полесно да се справи со последиците од овој шок. Кредитниот раст изнесува 9 проценти, при што кредитната поддршка на корпоративниот сектор е 10 отсто, а на населението некаде околу 8 проценти. Важно е во вакви ситуации кога глобалната и домашната економија се соочуваат со ваков шок, банкарскиот сектор за остане здраво ткиво во економијата “, вели Ангеловска-Бежоска. Делегација предводена од гувернерката на Народната банка и министерот за финансии Фатмир Бесими учествува на Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка во Вашингтон, во рамки на кои делегацијата има средби со високи претставници на ММФ и групацијата на Светска банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-ostana-stabilen-i-za-vreme-na-krizi-2/feed/ 0
Македонија 30 години монетарно осамостоена: На денешен ден валутата го доби името „денар“, ова биле другите предлози https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-30-godini-monetarno-osamostoena-na-deneshen-den-valutata-go-dobi-imeto-denar-ova-bile-drugite-predlozi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-30-godini-monetarno-osamostoena-na-deneshen-den-valutata-go-dobi-imeto-denar-ova-bile-drugite-predlozi/#respond Tue, 26 Apr 2022 05:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=667757

На 26 април 1992 година, пред 30 година, Република Македонија монетарно се осамостоила, а новата македонска валута го добила името „денар“. Подготовките за спроведување на монетарното осамостојување започнуваат веднаш по прогласувањето на независноста и донесувањето на Уставот на Македонија. Во овој период, СФР Југославија беше зафатена од многу висока инфлација, предизвикана од упадот на Србија, Хрватска и Словенија во монетарниот систем, така што тоа делуваше како причина за што побрзо монетарно осамостојување на Македонија. Притоа, Народната банка на Македонија инстистирала да не се избрзува со монетарното осамостојување, т.е. тој чин да се одложи до моментот кога ќе се формираат доволно девизни резерви (според тогашните проценки, од 300 до 360 милиони долари) за набавка на основните животни производи (храна, лекови, нафта итн.). За спроведување на монетарното осамостојување, во 1991 година, Владата на Република Македонија формира Комисија за монетарен систем во состав: Никола Кљусев – претседател на Владата, Методија Тошевски – министер за финансии, Борко Станоевски – гувернер на НБМ и професорите Ксенте Богоев и Љубе Трпески. На 19 декември 1991, Владата на Република Македонија носи одлука со која ја овластува Народната банка на Македонија да го организира процесот на печатење и дистрибуција на вредносни бонови како привремено платежно средство. На 7 февруари 1992 г., во трезорите на НБРМ се депонирани 27.858.696 парчиња вредносни бонови, печатени во печатницата „11 Октомври“ од Прилеп. Боновите се издадени во апоенска вредност од 10, 25, 50, 100, 500 и од 1 000 единици со унифициран дизајн и со различна боја. На предната страна на боновите се претставени тутуноберачи, а на задната страна е споменикот Македониум во Крушево, дело на вајарот Јордан Грабул. Заради ефектите на галопирачката инфлација, подоцна се печатат и вредносни бонови со апоенска вредност од 5000 и 10000 единици. На Велигден, 26 април 1992 година, Собранието на Република Македонија донело пакет закони со кои се поставила институционалната рамка на монетарниот систем и се воведува денарот како парична единица на Република Македонија. Денарот се дели на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е ДЕН. Името на македонската валута – денар – е донесено на предлог на академик Петар Илиевски, како израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот период. Претходно, на состаноците на Комисијата за монетарен систем биле разгледувани неколку предлози за името на македонската валута, како: македонски динар или лав. На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената трае три дена. Книжните пари што гласат на југословенски динари дефинитивно престануваат да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари остануваат во оптек уште една година. По пуштањето во оптек на вредносните бонови, НБРМ започнува со подготовките за издавање на првата стандардизирана емисија на македонски денари (банкноти во апоени од 10, 20, 50, 100 и од 500 денари и монети со вредност од 50 дени и од 1, 2 и од 5 денари). Така, на седницата на Советот на НБРМ, одржана на 10 декември 1992, е донесена одлука за распишување конкурс за изработка на новите пари. Во 1993 година беше пуштена серија од банкноти во вредност од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а во 1996 година биле воведени и банкноти во вредност од 1000 и 5000 денари. Во 2016 година биле воведени и банкноти од 200 и 2000 денари. Истовремено, книжните пари со апоенска вредност од 5000 денари беа повлечени од оптек како последица на нејзината незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Во 2018 година, Народната банка, која го има правото да издава книжни и ковани пари, ги замени банкнотите од 10 и 50 денари со нови полимерни банкноти. Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава и јубилејни монети за колекционерски цели. Денес, во земјава како платежно средство се користат книжни банкноти од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари и метални монети во вредност од 1,2,5,10 и 50 денари. Банкнотите од 10, 50 и 100 денари се печатени во земјава, додека банкнотите од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996 година), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкнотите од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Монетите се ковани во ковалницата „Сувенир“ во Самоков и се ликовно и техничко решение на Димче Бошкоски и Снежана Атанасова, вработени во ковалницата. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-30-godini-monetarno-osamostoena-na-deneshen-den-valutata-go-dobi-imeto-denar-ova-bile-drugite-predlozi/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска за „Гласот на Америка“: Денарот остана стабилен и за време на кризи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-ostana-stabilen-i-za-vreme-na-krizi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-ostana-stabilen-i-za-vreme-na-krizi/#respond Sat, 23 Apr 2022 10:32:24 +0000 https://kurir.mk/?p=667137

Не треба да постои никаква загриженост во однос на стабилноста на курсот на денарот. Централната банка веќе повеќе од две децении успешно ја одржува стабилноста на домашната валута во однос на еврото, вклучително и во многу кризни епизоди, низ кои поминала земјата и економијата. Ова е јасна потврда за капацитетот и адекватниот инструментариум којшто го има нашата централна банка, истакнува во интервју за Гласот на Америка, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка во Вашингтон.

За време на Пролетните средби, ММФ ги објави најновите проекции, во кои се земени предвид ефектите од војната во Украина врз глобалната економија. Во тој контекст ММФ направи надолна корекција за очекувањата за економскиот резултат годинава кај сите земји, вклучително и за нашата економија.

„Глобалниот економски раст по солидната стапка на раст од 6,1 отсто лани, оваа и наредната се предвидува на 3,6 отсто, што е значајно успорување. Во однос на бројките за нашата економија, исто така се прави надолна ревизија од 4,2 проценти на 3,2 отсто за оваа година, а за наредната 2,7 отсто. Овие бројки се слични и со регионот на Западен Балкан. Во тек се макроекономските проекции, коишто ги изготвува централната банка. Ние со последниот сет на макроекономски проекции, коишто датираат од октомври минатата година, очекувавме раст од 3,9 отсто за оваа година, но со оглед на новонастанатиот шок и ризиците поврзани со тоа, тековно работиме на нови проекции, и постои голема веројатност дека ќе има надолна ревизија “, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакнува дека од големо значење во овој контекст е што банкарскиот сектор има капацитет и стабилност да го поддржи економскиот сектор.

Банкарскиот сектор има доволен капацитет и да ја задржи својата стабилност и да му помогне на економскиот сектор за полесно да се справи со последиците од овој шок. Кредитниот раст изнесува 9 проценти, при што кредитната поддршка на корпоративниот сектор е 10 отсто, а на населението некаде околу 8 проценти. Важно е во вакви ситуации кога глобалната и домашната економија се соочуваат со ваков шок, банкарскиот сектор за остане здраво ткиво во економијата “, вели Ангеловска-Бежоска.

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка и министерот за финансии Фатмир Бесими учествува на Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка во Вашингтон, во рамки на кои делегацијата има средби со високи претставници на ММФ и групацијата на Светска банка.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-ostana-stabilen-i-za-vreme-na-krizi/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, менувањето денари во девизи е непотребен трошок за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-denarot-e-stabilen-menuvanjeto-denari-vo-devizi-e-nepotreben-troshok-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-denarot-e-stabilen-menuvanjeto-denari-vo-devizi-e-nepotreben-troshok-za-gragjanite/#respond Sun, 13 Mar 2022 08:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=646215

Со целата одговорност, Народната банка стои зад тоа дека денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, вели во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на денарот, доколку се јави потреба за тоа, за што говорат и изминатите речиси три децении, кога низ многу кризи успешно е одржана стабилноста на домашната валута. Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, која беше година на глобална финансиска криза, а стабилноста на денарот беше успешно задржана. Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации. – Морам да го адресирам ова прашање, бидејќи реално овие шпекулации на граѓаните им создаваат материјална штета. Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неосновна паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, нагласува гувернерката. Во интервјуто, гувернерката открива и дали ќе има двоцифрена инфлација и дали Народната банка планира мерки слични на оние за време на здравствената криза кога имаше времено одложување на кредитните обврски на граѓаните и на фирмите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-denarot-e-stabilen-menuvanjeto-denari-vo-devizi-e-nepotreben-troshok-za-gragjanite/feed/ 0