дени мастерсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 07:31:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дени мастерсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ештон Кучер и Мила Кунис го навлекоа гневот со поддршката за Мастерсон https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eshton-kucher-i-mila-kunis-go-navlekoa-gnevot-so-poddrshkata-za-masterson/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eshton-kucher-i-mila-kunis-go-navlekoa-gnevot-so-poddrshkata-za-masterson/#respond Mon, 11 Sep 2023 07:31:18 +0000 https://kurir.mk/?p=876819

Актерот Дени Мастерсон пред да биде осуден на 30 години до доживотен затвор за две точки од обвинението за силување, неколку негови колеги од „Луди 70-ти“, вклучувајќи ги и Ештон Кучер и Мила Кунис, напишале писма со поддршка до Судот, со надеж дека ќе влијаат на казната на Дени. Ештон и Мила се двајца од над 50 луѓе кои му пишале на судијата, а тие писма ги добила и редакцијата на „Варајети“ (Variety), како што пренесуваат. Тие двајца глумеа заедно со Мастерсон во хумористичната серија и се верува дека влијаеле на изрекување поблага казна. „Иако сум свесен дека пресудата вели дека Дени е виновен за две точки од обвинението за силување и дека жртвите имаат силна желба за правда, се надевам дека моето сведочење за неговатат личност ќе биде земено предвид при изрекувањето на казната. Не верувам дека тој носи каква било трајна штета за општеството. Тој има ќерка која ќе порасне без татко, што само по себе е третостепена неправда. Ви благодариме што одвоивте време да го прочитате ова“, пишува Кучер. Во писмово уште се вели дека Мастерсон е „примерна личност“, а Мила тврди дека тој е „исклучителен лик“ и „исклучителен пример на постар брат“. „Со цело срце гарантирам за исклучителниот карактер на Дени Мастерсон и огромното позитивно влијание што тој го имаше врз мене и луѓето околу него. Неговата посветеност на живот без дрога и искрена грижа за другите го прават извонредна личност за пример и пријател“, додаде Мила. Тие истакнуваат дека Дени бил поборник против дрогата. Инаку, обвинителите тврдеа дека Мастерсон ги дрогирал жените пред да ги силува. „Меѓу најистакнатите делови на личноста на Дени е неговата непоколеблива посветеност да ја обесхрабри употребата на дрога. Неговото влијание врз мене во тој поглед беше непроценливо. Во индустрија каде што притисокот и искушенијата за употреба на супстанции можат да бидат огромни, Дени одигра клучна улога во одвраќање од такви деструктивни начини“, истакнува Кунис. И двата напади се случиле во домот на Мастерсон во Холивуд Хилс, 2003 година, кога тој беше на врвот од својата слава, додека се прикажуваше „Луди 70-ти“, каде тој го глуми Хајд. На интернет се шири и сцена од ТВ-серијата каде циничниот Хајд му ја предвидува иднината на Дени. Имено, во разговор за работа, прашан „каде се гледа за пет години“, Хајд вели: „В затвор“. Инаку, поротата составена од седум жени и пет мажи го прогласи Дени Мастерсон за виновен по две точки од обвинението по седум дена расправа. Беше осуден на 30 години - до доживотен затвор поради силување на две жени. Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Шарлејн Олмедо го осуди 47-годишниот глумец. Сопругата на Мастерсон се расплака по пресудата. „Господине Мастерсон, вие не сте жртва овде. Вашите постапки пред 20 години му го одземаа изборот на друг. Вашите постапки пред 20 години беа криминални и затоа сте тука", нагласи судијката при читањето на пресудата. - „Не бевте осудени врз основа на гласини, алузии, озборувања и шпекулации. Бевте осудени врз основа на докази коишто 12 лица од поротата ги прогласија за веродостојни“, додаде таа. Меѓу другите кои ѝ пишаа на судијката беа Дебора Џо Руп (која ја глуми Кити) и Куртвуд Смит (Ред). Натаму, покрај семејството на Мастерсон, испратени се и писма со холивудските имиња на Џовани Рибиси, Џим Патерсон, Џени Вајнман и Дејвид Трејнер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eshton-kucher-i-mila-kunis-go-navlekoa-gnevot-so-poddrshkata-za-masterson/feed/ 0
Познатиот актер уапсен за три случаи на силувања https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatiot-akter-uapsen-za-tri-sluchai-na-siluvanja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatiot-akter-uapsen-za-tri-sluchai-na-siluvanja/#respond Thu, 18 Jun 2020 10:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=359396

Американскиот глумец Дени Мастерсон, познат по ТВ-серијата „Луди седумдесетти“, е обвинет за силување на три жени во првите години од овој милениум. Обвиненијата за трите силувања следат по тригодишната истрага за 44-годишниот актер. Тој беше уапсен вчера, а кусо потоа беше ослободен. Судењето е закажано за 18 септември. Тој е обвинет за силување на 23-годишна девојка во 2001 година, друга 28-годишна во 2003. и уште една 23-годишна, истата 2003 година. Доколку биде осуден, за овие дела може да се соочи со казна затвор до 45 години. За два други случаи, обвинителството одби да поднесе обвинение – едниот поради немање докази, а другиот – поради застареност. Адвокатот на Мастерсон рече дека актерот е невин и дека е убеден дека ќе биде ослободен откако ќе бидат презентирани сите докази и ќе бидат сослушани сведоците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poznatiot-akter-uapsen-za-tri-sluchai-na-siluvanja/feed/ 0