Денис Тот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 13:26:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Денис Тот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КАЗНИТЕ СЕ ЗАПЕЧАТЕНИ: Еве колку долго ќе бидат во затвор Анџело, Клементина и Андреј за убиството на Денис Тот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznite-se-zapechateni-eve-kolku-dolgo-ke-bidat-vo-zatvor-andhelo-klementina-i-andrej-za-ubistvoto-na-denis-tot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznite-se-zapechateni-eve-kolku-dolgo-ke-bidat-vo-zatvor-andhelo-klementina-i-andrej-za-ubistvoto-na-denis-tot/#respond Tue, 25 Jul 2023 13:26:06 +0000 https://kurir.mk/?p=859888

Апелација ги потврди казните на сите осудени за убиството на Денис Тот. Анџело Ѓорѓиевски како првоовинет доби 18 години казна затвор исто колку и второобвинетата Клементина Лефковска. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор, а тој беше осуден на 16 години. Промени има во пресудата само во делот на сумата на пари која треба да ја исплатат на членови на семејството Тот. „Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А. Ѓ. е одбиена како неоснована, а жалбите на обвинетите А. К. и К. Л. се делумно уважени на начин што пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува и во однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т. Т., да ѝ исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И. Т., татко на починатиот, а на Б. Т., брат на покојниот, досудена е исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Во согласност со пресудата, при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда“, велат од скопска Апелација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznite-se-zapechateni-eve-kolku-dolgo-ke-bidat-vo-zatvor-andhelo-klementina-i-andrej-za-ubistvoto-na-denis-tot/feed/ 0
Анџело, Клементина и Андреј бараат повторно судење и помали казни за убиството на Денис Тот, на потег е Апелација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andhelo-klementina-i-andrej-baraat-povtorno-sudene-i-pomali-kazni-za-ubistvoto-na-denis-tot-na-poteg-e-apelatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andhelo-klementina-i-andrej-baraat-povtorno-sudene-i-pomali-kazni-za-ubistvoto-na-denis-tot-na-poteg-e-apelatsija/#respond Mon, 15 May 2023 11:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=834337

Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски, неправосилно осудени за убиството на Денис Тот, бараат одново да им се суди, а пресудата да биде укината. Тие пред Апелација ги кажаа своите аргументи поради кои сметаат дека не го сториле делото убиство, но и поради кои сметаат дека казните им се високи. Посочуваат дека Обвинителството греши, а тоа го објаснуваа со тезата дека Тот не може да биде убиен со неколку удари оти имал добра кондиција и на натпревари го удирале и по десетина пати. „Очекуваме дека жалбите ќе ни бидат уважени, очекуваме дека првостепената пресуда ќе биде укината и дека ќе одиме на повторно судење. Сите бранители жалбата ја побиваме по четирите основи. Сметаме дека има суштествена повреда на постапката, дека не е целосно утврдена фактичката состојба, дека е повреден Кривичниот законик, дека е превисока казната“, рече адвокатот Бојан Василевски, бранител на Клементина, по јавната седница. На јавната седница се повтори одбраната што обвинетите ја дадоа и пред Кривичниот суд. Посочија дека Тот бил пијан. Адвокатот Иле Танев рече дека првостепениот суд селективно ги ценел и доказите. „Судот имаше селективен пристап и ги ценеше доказите што одат само на товар на Анџело Ѓеоргиевски, но и доказите што одат на товар на обвинетите“, посочи адвокатот Танев, бранител на Анџело Ѓорѓиевски. Еленко Миланов, бранител на Андреј Костовски, посочи дека најголем проблем е правната квалификација. „Сметам дека во конкретниот случај е спорна правната квалификација за сите обвинети, дека може да станува збор за убиство. Во однос на мојот клиент, единственото дејство е во пределот на десната страна на градниот кош – каде што нема модринка, нема знаци на повреда, а тоа е единственото дејство што го врзува како соизвршител во кривично дело убиство. Таа правна квалификација не може да биде“, рече Еленко Миланов. Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска добија по 18, а Андреј Костовски 16 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Сите тројца се во притвор поради опасност од бегство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andhelo-klementina-i-andrej-baraat-povtorno-sudene-i-pomali-kazni-za-ubistvoto-na-denis-tot-na-poteg-e-apelatsija/feed/ 0
Јавна седница во Апелација за предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/javna-sednitsa-vo-apelatsija-za-predmetot-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-denis-tot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/javna-sednitsa-vo-apelatsija-za-predmetot-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-denis-tot/#respond Mon, 15 May 2023 05:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=834158

Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе биде одржана јавна седница за кривичниот предмет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Од Апелација соопштија дека јаваната седница е закажана за 10:30 часот. Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Ѓорѓиевски и Левковска добија по 18, а Костовски 16 години затвор. Дваесет и седумгодишниот Тот, кој настапуваше за македонскиот суперлигаш Бутел, почина на 8 април 2022 откако бил претепан пред ноќен клуб во Градски парк. Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал. Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/javna-sednitsa-vo-apelatsija-za-predmetot-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-denis-tot/feed/ 0
Семејството на Тот: Благодарност до македонското судство https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/semejstvoto-na-tot-blagodarnost-do-makedonskoto-sudstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/semejstvoto-na-tot-blagodarnost-do-makedonskoto-sudstvo/#respond Fri, 02 Dec 2022 06:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=769819

Ден откако Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која тројцата обвинети за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот беа осудени на вкупно 52 години затвор, семејството на ракометарот кој играше за скопскиот клуб Бутел преку Јутарњи лист изрази благодарност до македонското судство. -Ви се обраќаме по повод вчерашната одлука на судот во Скопје со која сторителите на кривичното дело тешко убиство беа осудени на неколку години затвор. На овој начин семејството на починатиот Тот сака да им се заблагодари на надлежните органи на обвинителството на Северна Македонија, Судот, надлежното државно правобранителство и полицијата за нивните досегашни постапки. Исто така, важно е да се нагласи дека вработените во Министерството за здравство на Република Хрватска, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда ја пружија сета неопходна помош во тешките моменти за семејството, на кое му беше дадена посебна внимание и помош од г. Иван Маленица, министер за правда и администрација, г. Вили Берош, министер за здравство и г. Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи, како и г-ѓа Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска во Северна Македонија“, стои во писмото, во кое се наведува дека семејството сè уште не сака поконкретно да ја коментира пресудата бидејќи е првостепена. -Семејството Тот будно ќе го следи и ќе го чека натамошното продолжение на жалбената постапка по предметот, со надеж дека второстепениот суд ќе донесе правична и соодветна одлука“. Да потсетиме, скопскиот суд со кој претседава судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ на тројцата осомничени им изрече вкупно 52 години затвор. Анџело Георгиевски (28) и Клементина Лефковска (19) неправосилно се осудени на по 18 години затвор, додека Андреј Костовски (19) е осуден на 16 години затвор. Тие беа осудени затоа што ноќта меѓу 6 и 7 април годинава во Скопје до смрт го претепаа Денис Тот пред ноќниот клуб „Привилиџ“, каде претходно беа заедно. Младиот човек почина на 8 април во скопска болница поради контузија на мозокот и фатална повреда на ‘рбетниот столб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/semejstvoto-na-tot-blagodarnost-do-makedonskoto-sudstvo/feed/ 0
НА ДЕНИС ТОТ ПРЕД ДЕСЕТИНА ДЕНА МУ БИЛО РОДЕНДЕН – братот на ракометарот со емотивна порака и фотографија посветена на него (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-denis-tot-pred-desetina-dena-mu-bilo-rodenden-bratot-na-rakometarot-so-emotivna-poraka-i-fotografija-posvetena-na-nego-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-denis-tot-pred-desetina-dena-mu-bilo-rodenden-bratot-na-rakometarot-so-emotivna-poraka-i-fotografija-posvetena-na-nego-foto/#respond Wed, 30 Nov 2022 17:30:35 +0000 https://kurir.mk/?p=769007

Пред десетина дена на прерано починатиот хрватски ракометар кој животот го загуби во Македонија му било роденден. Преку фотографии на социјалните мрежи неговиот брат, Борис Тот се потсети на убавите времиња кои ги поминал со својот починат брат. „Драг мој, денес е твојот роденден кој за жал не можеме да го прославиме. Секогаш беше и ќе бидеш мојот вечен пример и секој ден ми недостасуваш се повеќе и повеќе.. Те сака најмногу твојата желка и знај дека ќе продолжам да ги живеам нашите заеднички соништа и секоја победа, одбрана и успех ќе ја посветувам само и исклучиво на тебе. ❤️“, стои во неговиот пост на Фејсбук. Инаку денес се изрекоа затворските казни на тројцата обвинети за убиството на Денис Тот, а поради тоа тие се во центарот на вниманието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-denis-tot-pred-desetina-dena-mu-bilo-rodenden-bratot-na-rakometarot-so-emotivna-poraka-i-fotografija-posvetena-na-nego-foto/feed/ 0
„ВЕРБАЛНА ВОЈНА ВО СУДНИЦАТА“ – Анџело и упати остри зборови на судијката, таа удри на масата и имаше што да му порача! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalna-vojna-vo-sudnicata-andzelo-i-upati-ostri-zborovi-na-sudijkata-taa-udri-na-masata-i-imashe-shto-da-mu-poracha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalna-vojna-vo-sudnicata-andzelo-i-upati-ostri-zborovi-na-sudijkata-taa-udri-na-masata-i-imashe-shto-da-mu-poracha/#respond Wed, 30 Nov 2022 17:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=768997

Нервозен и со коментари кон судот беше и Анџело Ѓоргиевски. Додека обвинителката Тања Трајчевска бараше продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство, а Анџело даваше коментари, судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ со тропање на масата се обидуваше да ја смири атмосферата. „Ќе ме избркате од судница? Притворот продолжува“, ѝ рече Анџело на судијката, која удри на масата бидејќи тој говореше пред да добие збор. „Смири се“, му порача адвокатот, а тој му врати: „Што да се смирам?“ Некои од обвинетите за време на паузата беа извадени од судницата поради негодување и коментирање. Но, коментари до обвинителката имаа и првите двајца обвинети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalna-vojna-vo-sudnicata-andzelo-i-upati-ostri-zborovi-na-sudijkata-taa-udri-na-masata-i-imashe-shto-da-mu-poracha/feed/ 0
Мајката на Андреј со лелек и неверување ја слушна пресудата, а тој ѝ се обрати со овие зборови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-andrej-so-lelek-i-neveruvanje-ja-slushna-presudata-a-toj-se-obrati-so-ovie-zborovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-andrej-so-lelek-i-neveruvanje-ja-slushna-presudata-a-toj-se-obrati-so-ovie-zborovi/#respond Wed, 30 Nov 2022 16:42:12 +0000 https://kurir.mk/?p=768994

Мајката на осудениот Андреј Костовски со лелек ја коментира високата затворска казна на својот син. Најголем шок беше евидентен кај мајката на Андреј Костовски, третообвинетиот, која со лелек и неверување ја слушна 16-годишната казна за својот син за кого судијката посочи дека имало искрено каење. Таа беше во шок. По завршување на судењето, Костовски се обрати до мајка си: „Пред Господ сум чист, не сум убил никого. Совеста ми е чиста. Тоа е поради јавност, знаеме под какви околности. Не секирај се, мама, сè е во ред“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-andrej-so-lelek-i-neveruvanje-ja-slushna-presudata-a-toj-se-obrati-so-ovie-zborovi/feed/ 0
Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Сите факти се правилно оценети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-za-presudata-za-denis-tot-site-fakti-se-pravilno-oceneti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-za-presudata-za-denis-tot-site-fakti-se-pravilno-oceneti/#respond Wed, 30 Nov 2022 15:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=768963

Обвинителката Тања Трајчевска не сакаше да ја коментира пресудата за убиството на Денис Тот, донесена од судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ. Сепак, смета дека изречената казна е во рамки на законот, наспроти адвокатите кои посочија дека е драконска. „Казната е во рамки на законски предвидената казна. Така што тоа е одлука на судот. Сите факти се правилно оценети“, рече Трајчевска. Сите обвинети, добија вкупно 52 години затвор. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор. Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот, најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината на казната, но и од основот поради кои се осудени а тоа е кривичното дело убиство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-za-presudata-za-denis-tot-site-fakti-se-pravilno-oceneti/feed/ 0
Пресудата за убиството на Тот ќе биде обжалена, одбраната тврди дека казната е превисока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-ubistvoto-na-tot-kje-bide-obzalena-odbranata-tvrdi-deka-kaznata-e-previsoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-ubistvoto-na-tot-kje-bide-obzalena-odbranata-tvrdi-deka-kaznata-e-previsoka/#respond Wed, 30 Nov 2022 12:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=768837

Одбраната на обвинетите за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот најави жалба за пресудата со која на обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска во Основниот кривичен суд Скопје денеска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“. Адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Костовски рече дека ќе ја обжалат пресудата по однос на основата и висината. Бранителот на обвинетата Левковска, адвокатот Емил Гугутчевски рече дека определената казна е превисока. -Пресудата ќе биде обжалена во секој случај. Превисока е определената казна. Сметаме дека спрема нашата обвинета Клементина во никој случај не постои ова кривично дело убиство. Да, има преземено определени дејствија, удар. Меѓутоа, од нејзиниот удар нема настанато смрт во никој случај, рече тој. Иле Танев, адвокат и бранител на обвинетиот Ѓорѓиевски, исто така, смета дека казната е превисока. -Уште сега најавуваме жалба. Мислам дека пресудата е драконска, казната превисока. Мислам дека една трагедија не се решава со друга трагедија. Ова за нас претставува голема неправда, но, не можам да ви кажам на околности на кои ќе поднесеме жалба затоа што треба да ја добиеме во писмена форма. Веројатно ќе биде во делот на правната квалификација, како што најавивме уште од почетокот, рече тој. Според него, не постои ни најмал сомнеж дека постои умисла кај обвинетите. Обвинителката Тања Трајчевска, застапник на обвинението, рече дека ќе се воздржат од коментари до добивање на пресудата во писмена форма. -Денеска ја слушнавме пресудата, сè додека не добиеме писмена форма на пресудата, ќе се воздржиме од коментари во однос на истата. Казната е во рамки на законски предвидената казна, така што, тоа е одлука на судот. Фактите правилно се оценети, рече таа. Судечкиот совет на чело со судијката Елена Илиевска Јосифовиќ до правосилноста на пресудата ја продолжи мерката притвор на обвинетите. Во овој процес, Основното јавно обвинителство – Скопје ги гони обвинетите за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. Во текот на доказната постапка, обвинетите, најпрво, изјавија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителството потоа изведе докази кои се однесуваа на обвинителниот акт. Се изведоа материјални докази помеѓу кои беа и видео-снимката од конкретниот настан, сведоштва на очевидци на настанот како и вешти лица од областа на судската медицина и психијатријата. Одбраната во текот на доказната постапка, преку изведените докази и изјави за медиуми, алудираше на преквалификација на делото, бидејќи, според нив, во кривичното дело „убиство“ за кое се обвинети обвинетите, недостасува умислата. Тие, исто така, испрашуваа очевидци на настанот, како и вешти лица од областа на психијатријата и психологијата, а на нивен предлог сведочеа и лекарите кои го лекувале оштетениот Денис Тот по приемот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. По завршувањето на доказната постапка, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна, додека, одбраната и обвинетите, ослободителна пресуда.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-ubistvoto-na-tot-kje-bide-obzalena-odbranata-tvrdi-deka-kaznata-e-previsoka/feed/ 0
ФОТО: Хрватските медиуми објавуваат за изречената пресуда за убиството на Денис Тот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-hrvatskite-mediumi-objavuvaat-za-izrechenata-presuda-za-ubistvoto-na-denis-tot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-hrvatskite-mediumi-objavuvaat-za-izrechenata-presuda-za-ubistvoto-na-denis-tot/#respond Wed, 30 Nov 2022 11:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=768806

Медиумите во Хрватска на насловните страни ја објавуваат веста за пресудата за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот. Судот ги прогласи сите тројца за виновни за „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Анџело Ѓоргиевски и Клементина Левковска се осудени на затворски казна од 18 години. Андреј Костовски е осуден на 16 години затворска казна. -Момчињата и девојката добија 18 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар во Скопје. -Убијците на Тот добија високи затворски казни -Пресуда во Скопје за смртта на хрватскиот ракометар: затворски казни од 18 и 16 години, се дел од насловите во хрватските медиуми.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-hrvatskite-mediumi-objavuvaat-za-izrechenata-presuda-za-ubistvoto-na-denis-tot/feed/ 0