Денот на ослободување на Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Nov 2022 08:34:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Денот на ослободување на Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto-3/#respond Sun, 13 Nov 2022 08:34:26 +0000 https://kurir.mk/?p=759794

Со положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и со културни и спортски манифестации, денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел“ и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата. Детскиот културен центар „Карпош“ и година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022“, на која учествуваат децата од предучилишните установи. Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје. Годинава манифестацијата ќе се одржи во виртуелно издание, од 12:00 часот на фејсбук страната и на You Tube каналот на центарот. По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ и на нивниот Фејсбук профил. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto-3/feed/ 0
Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto/#respond Fri, 13 Nov 2020 06:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=428797

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto/feed/ 0