Денови на Шопов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 12:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Денови на Шопов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Денови на Шопов“ во штипската Библиотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-shopov-vo-shtipskata-biblioteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-shopov-vo-shtipskata-biblioteka/#respond Thu, 21 Apr 2022 12:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=666567

Одбележувањето на 40 години од смртта на великанот Ацо Шопов со активности продолжува и денеска. Штипската библиотека „Гоце Делчев“ во роднокрајното одделение кое го носи името на Шопов ја реализираше активноста литературно читање песни од авторот, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Шопов“. Денеска го организиравме овој настан „Денови на Шопов“ по повод 40 години од смртта на роднокрајниот автор и поет, Ацо Шопов. Роднокрајното одделение во Библиотеката го носи името на овој за нас значаен поет, академик и роднокраен автор. Значајно за него е што ја има издадено првата збирка на песни на македонски јазик во слободна Македонија, во 1944 година, истакна Тодор Џидров, в.д. директор на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип. Роднокрајното одделение во Библиотеката го носи името на Шопов од 1978 година, кога самиот Шопов свечено го има отворено. Дел од денешната активност беше и предавање со споделување спомени од животот на поетот од страна на проф. д-р Блаже Китанов. Во склоп на Библиотеката во функција е и роднокрајното одделение кое го носи неговото име. При пуштањето на новиот објект на Библиотеката на 4 мај 1978 година. Ацо Шопов свечено го има пуштено во употреба и клучот во трајно владение е даден на Библиотеката, рече Џидров. Манифестација „Денови на Шопов“ се одржува секоја година по повод раѓањето и смртта на Шопов, а е проект од Годишната програма за работа на Библиотеката и финансиски поддржан од Министерството за култура.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-shopov-vo-shtipskata-biblioteka/feed/ 0