Денови на Св. Кирил и Методиј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Jul 2018 08:30:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Денови на Св. Кирил и Методиј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иванов во Словачка на манифестацијата „Денови на Св. Кирил и Методиј“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-vo-slovachka-na-manifestacijata-denovi-na-sv-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-vo-slovachka-na-manifestacijata-denovi-na-sv-kiril-i-metodij/#respond Wed, 04 Jul 2018 08:30:15 +0000 https://kurir.mk/?p=72812

Претседателот Ѓорге Иванов денеска престојува во работна посета на Словачка по повод учеството на манифестацијата „Денови на Св. Кирил и Методиј“ во Терхова. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се обрати на традиционалната манифестација „Денови на Св. Кирил и Методиј“ и ќе присуствува на свечена литургија во катедралата Св. Кирил и Методиј - Брдо Оравцове, која претставува најголем храм во Словачка, посветен на сесловенските просветители. Годинешната манифестација „Денови на Св. Кирил и Методиј“, на која се организираат повеќе културно-историски и духовни настани е посветена на десетгодишнината од основањето на Епархијата на Жилина, чии заштитници се Св. Кирил и Методиј. Терхова во Жилина, е местото каде што во древната Велика Моравија, Светите Кирил и Методиј ја извршиле својата четврта просветителска мисија. Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј - 5 Јули се прославува како државен празник во Словачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-vo-slovachka-na-manifestacijata-denovi-na-sv-kiril-i-metodij/feed/ 0