денови на жалост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Feb 2019 06:32:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png денови на жалост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денови на жалост во Македонија: Голема тага и болка по загинатите во трагедијата, дел од повредените во критична состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-zalost-vo-makedonija-golema-taga-i-bolka-po-zaginatite-vo-tragedijata-del-od-povredenite-vo-kritichna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-zalost-vo-makedonija-golema-taga-i-bolka-po-zaginatite-vo-tragedijata-del-od-povredenite-vo-kritichna-sostojba/#respond Thu, 14 Feb 2019 06:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=163730

Владата на Република Македонија донесе одлука денес и утре да бидат денови на жалост. Согласно со одлуката на Владата 14 и 15 февруари ќе бидат денови на жалост во знак на почит кон загинатите патници во автобусот кој доцна попладнето се преврти на автопатот Скопје-Тетово. Бројот на жртви се искачи на 14. Од вкупно згрижените 37 лица во ГОБ „8 Септември“, четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар. Седум лица го загубиле животот на самото место на несреќата, а другите седум им подлегнале на повредите. Имињата на 14 загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина. Засега, познато е дека автобусот со 51 патник од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар. Тој, според досегашните информации, поминал на спротивната коловозна лента, влегол на регионалниот пат и паднал во удолнината. На лице место починале седум луѓе. ФОТО: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-zalost-vo-makedonija-golema-taga-i-bolka-po-zaginatite-vo-tragedijata-del-od-povredenite-vo-kritichna-sostojba/feed/ 0