депонија дрисла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Sep 2023 06:52:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png депонија дрисла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожар изби утрово: Гори депонијата Дрисла (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-izbi-utrovo-gori-deponijata-drisla-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-izbi-utrovo-gori-deponijata-drisla-video/#respond Tue, 05 Sep 2023 06:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=874618

Утрово изби пожар во јавното претпријатие Депонија Дрисла. Голем чад се гледа од околните места. Очевидци за КУРИР велат дека пожарот е избиен рано утрово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozhar-izbi-utrovo-gori-deponijata-drisla-video/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Арсовска не си ги знае надлежностите – испраќа инспектори од Град Скопје да казнуваат во „Дрисла“ која е надвор од границите Градот Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-arsovska-ne-si-gi-znae-nadlezhnostite-ispraka-inspektori-od-grad-skopje-da-kaznuvaat-vo-drisla-koja-e-nadvor-od-granitsite-gradot-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-arsovska-ne-si-gi-znae-nadlezhnostite-ispraka-inspektori-od-grad-skopje-da-kaznuvaat-vo-drisla-koja-e-nadvor-od-granitsite-gradot-skopje/#respond Wed, 12 Jul 2023 15:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=855941

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес конференција зборувајќи за казната од 90.000 евра за исфрлање на отпадот пред портите на „Дрисла“, истакна дека со непостапувањето на Градот неколку дена беше загрозена целата животна средина, па затоа отпадот беше собран од стручни лица со специјални возила и однесен до депонијата „Дрисла“ каде од страна на соработниците на Арсовска не беше дозволено да се одложи. Ѓорѓиевски исто така истакна дека Арсовска не си ги знае ингеренциите кога праќа инспектори да казнуваат за депонирање на отпад до депонијата „Дрисла“ која е надвор од границите на Град Скопје и надвор од нејзините надлежности. „Отпадот беше собран од стручни лица со специјални возила, но бевме попречени истиот да го депонираме до „Дрисла“ која што е најблиската регионална депонија каде што се врши одлагањето на отпадот. И како врв на сето ова, ако не е доволна небулозата тоа што за чистењето на депониите кои Град Скопје не сакаше да ги исчисти, иако е должен согласно закон, зад мене сите можете да ја видите депонијата „Дрисла“ која што ја има на оваа мапа, истата е лоцирана во дел на Сопиште и дел на општина Студеничани, општини кои што се надвор од границите на Град Скопје и од ингеренциите на Град Скопје“, истакна Ѓорѓиевски. Тој исто така додаде дека според ваквата логика на Арсовска и непознавање на надлежностите, таа утре може да се разбуди и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува и да апси луѓе по улиците. „Сакам да ја прашам Арсовска дали ги знае своите надлежности кога испраќа инспектори од Град Скопје да казнуваат надвор од границите на Градот Скопје. Дали оваа нејзина постапка значи дека утре сабајле рано изутрина може Арсовска да стане од спиење и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува народ по улиците, да изрекува казни во својство на МВР и да апси народ по улиците?“, потенцираше Ѓорѓиевски и додаде: „Госпоѓата не знае кои се надлежностите, кои се ингеренциите. Иако докажа изминативе месеци дека нема капацитет за раководење на институцијата Град Скопје, дека не знае да се справи со ниеден предизвик и проблем, со ова покажува дека ниту ги знае своите надлежности, ниту ги знае своите ингеренции, ниту пак ја знае територијата со која што администрира“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gorgievski-arsovska-ne-si-gi-znae-nadlezhnostite-ispraka-inspektori-od-grad-skopje-da-kaznuvaat-vo-drisla-koja-e-nadvor-od-granitsite-gradot-skopje/feed/ 0
Нелоски: Во ЈП Дрисла се трошело како да нема утре, работата на претпријатието мора да се стави на анализа и ревизија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-vo-jp-drisla-se-troshelo-kako-da-nema-utre-rabotata-na-pretprijatieto-mora-da-se-stavi-na-analiza-i-revizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-vo-jp-drisla-se-troshelo-kako-da-nema-utre-rabotata-na-pretprijatieto-mora-da-se-stavi-na-analiza-i-revizija/#respond Thu, 09 Dec 2021 15:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=606174

Во ЈП Дрисла се трошело како да нема утре, директорот трошел како да се спремал дека ќе ја напушти функцијата бидејќи и од најголеми ставки до најситни ставки разликите на сумите се фрапантни. Целокупното работење на претпријатието треба да биде анализирано и ставено на предмет на ревизија за да не се дозволи повеќе да има фрапантни расходи во трошоците, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Владимир Нелоски. Нелоски во своето обраќање на денешната седница на Советот ги соопшти огромните разлики во трошоците и неразумното трошење на ЈП Дрисла. - Само за потрошен материјал за одржување за 2020 година потрошиле 3,4 милиони денари, додека во 2021 потрошиле 6,4 милиони денари. Трошоци а резервни делови материјали гуми сумата се зголемила 3 пати, трошоците за ситен инвентар се зголемиле околу 2,5 пати, од 14, на 3,5 милиони денари. Одржувањето на веб страната има зголемување за 6 пати за одржување, за тековно одржување на објект двојно повеќе поголеми трошоци. Трошоци за софтверот е зголемен 3 пати, додека пак хардверот само 20% повеќе во однос на 2020 година., рече Нелоски. Тој посочи дека за Да се продолжат недоследностите ова претпријатие за трошоци за интелектуални услуги има потрошено двојно повеќе од планираното, а за правни адвокатски и нотарски услуги, исто така двојно повеќе а повисоки се и судските трошоци. - Кога сме кај вработувањата во ова претпријатие се драстично зголемени, а само по основ на бруто плати споредено со минатата година потрошени се повеќе 5 милиони денари, а трошоците за привремени вработувања се зголемиле од 4,8 на 6,4 милиони денари, изјави Нелоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-vo-jp-drisla-se-troshelo-kako-da-nema-utre-rabotata-na-pretprijatieto-mora-da-se-stavi-na-analiza-i-revizija/feed/ 0
Мицевски: За финансиското работење на „Дрисла“ ќе следува ревизија, ќе се откажат сите непродуктивни расходи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-za-finansiskoto-rabotenje-na-drisla-kje-sleduva-revizija-kje-se-otkazat-site-neproduktivni-rashodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-za-finansiskoto-rabotenje-na-drisla-kje-sleduva-revizija-kje-se-otkazat-site-neproduktivni-rashodi/#respond Thu, 09 Dec 2021 15:35:05 +0000 https://kurir.mk/?p=606170

„Како што знаете јас сум назначен за вршител на должност на оваа функција веќе неколку дена. И поради тој факт јас ова финансиско работење што го имам и е пред вас не би можел да и не е чесно да го коментирам, се додека не се направи една ревизија која ја најавувам од оваа седница на Совет. И каде што ќе може да се види зошто и како се трошени овие финансиски средства“, истакна Јане Мицевски, директор на „Дрисла“ на денешната седница во Советот на Град Скопје. Мицевски додаде дека она што тој може да вети пред Советот и пред граѓаните на Скопје е Јавното претпријатие депонијата „Дрисла“ ќе се вложи максимално да работи транспарентно пред се. „Потребно е да се откажат сите непродуктивни расходи, да го вратиме сјајот во работењето како што било и во некои подобри времиња. Тоа е она што јас можам да го ветам“, нагласи Мицевски. Мицевски посочи дека за сето она што претходно е тема на разговор денес најавува ревизија на финансиското работење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-za-finansiskoto-rabotenje-na-drisla-kje-sleduva-revizija-kje-se-otkazat-site-neproduktivni-rashodi/feed/ 0
Префрлање на топката: Кој дозволил горење на опасен отпад во Дрисла ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prefrlanje-na-topkata-koj-dozvolil-gorenje-na-opasen-otpad-vo-drisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prefrlanje-na-topkata-koj-dozvolil-gorenje-na-opasen-otpad-vo-drisla/#respond Tue, 12 Oct 2021 14:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=577790

В.Д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски денеска информира дека откако е дојден на функција, издадени се решенија за забрана на прием и третман на 26 видови на опасен отпад во ЈП „Дрисла“, поради непоседување на соодветни инсталации и ја обвини екс-директорката Ана Петровска дека дозволила третман на опасен отпад и покрај лично извршената инспекција. Од Државниот инспекторат за животна средина добиле рок од 90 дена, а преостанат е уште еден месец од истиот, за тие да поднесат барање за измена на интегрираната дозвола и да ги раскинат сите договори за прием на таков отпад – во спротивно ќе бидат парично казнети. Екс-директорката и сега кандидат за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, вели дека станува збор за политичка хајка оркестрирана од политичката партија ДОМ, преку која партија и директорот на инспекторатот Сретен Стојковски ќе се бори за место во советот во Куманово, за да се наруши нејзиниот углед и чест, а воедно и појасни за што станува збор, демантирајќи дека не водела сметка за тоа како се постапува со опасен отпад во Дрисла. -Директорот на Дрисла и вработените, дадоа гаранција дека во тие шифри кои што се во дозволата тие ќе ги складираат на безбеден начин, тоа го потврди и самиот инспектор за животна средина. Од друга страна има и записник каде што јас сум барала да се изземат одредени шифри од опасен отпад имајќи предвид дека за нив дури и складирањето може да претставува проблем, за жал тие шифрии останаа и покрај моето барање.- Ана Петровска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prefrlanje-na-topkata-koj-dozvolil-gorenje-na-opasen-otpad-vo-drisla/feed/ 0
„Во Дрисла се складира опасен отпад кој го загадува воздухот во Скопје, одговорност од Шилегов нема“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-drisla-se-skladira-opasen-otpad-koj-go-zagaduva-vozduhot-vo-skopje-odgovornost-od-shilegov-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-drisla-se-skladira-opasen-otpad-koj-go-zagaduva-vozduhot-vo-skopje-odgovornost-od-shilegov-nema/#respond Wed, 18 Aug 2021 07:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=551962

Власта на СДСМ, на чело со Шилегов и Заев свесно ги загрозува животите на граѓаните. Ветувањето на најголемиот неработник Шилегов за решавање на проблемот со загaдувањето на Скопје сеуште не е решен и претставува сериозна закана за здравјето на скопјани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Вчера имавме јавно признание на Државниот инспекторат за животна средина дека во Дрисла се одложува опасен отпад. Депонијата Дрисла изминатиот период многу често се палеше и согоруваше овој опасен отпад, а скопјани дишат загаден воздух. Шилегов молчи и се крие. Дали зад ова се кријат бизнис интересите на мафијата на власт, велат тие. Од партијата посочуваат дека заради бизнис интересите и малверзациите во раководењето со депонијата на скопјани со години се трујат со канцерогени честички и дека ова е причината поради која Скопје со недели беше на врвот на листата на најзагадени градови во светот. - За ова, како што и самиот Шилегов си призна пред повеќе од една година, дека тој ќе одговара заради неисправното работење со депонијата Дрисла. Уште два месеци останаа од ова неодговорно и криминално владеење на Шилегов. За сите лажни ветувања и за целиот криминал кои го има направено граѓаните ќе му го испорачаат одговорот. Петре Шилегов за два месеца заминува во историјата на Скопје како најнеспособен градоначалник, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-drisla-se-skladira-opasen-otpad-koj-go-zagaduva-vozduhot-vo-skopje-odgovornost-od-shilegov-nema/feed/ 0
ОЈО ТВРДИ: Нема докази дека Дрисла го загадува воздухот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-tvrdi-nema-dokazi-deka-drisla-go-zagaduva-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-tvrdi-nema-dokazi-deka-drisla-go-zagaduva-vozduhot/#respond Fri, 10 Jan 2020 13:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=287952

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконско согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци заклучил дека не постојат докази кои упатуваат на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност и донесе одлука дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот, соопшти денеска ОЈО Скопје. -Врз основа на прибраните обемни податоци и релевантни докази, а особено од извршените тестирања и анализи, не произлезе дека од депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци, спротивно на прописите за заштита на животната средина, биле испуштани отровни или издувни гасови во поголемо количество со кои би се предизвикало значително оштетување на квалитетот на воздухот и опасност за животот и здравјето на луѓето, како и уништување на животинскиот и растителниот свет, се посочува во соопштението. Заради утврдување на фактичката состојба јавниот обвинител спровел обемна предистражна постапка во рамките на која биле прибрани податоци и извештаи кои се однесуваат на еколошките дозволи што ги поседува депонијата и на резултатите од редовните, контролните и вонредните инспекциски надзори извршени во текот на 2017 и 2018 година. Во исто време, бил сослушан и претставник на Државниот инспекторат за животна средина кој ги појаснил наводите и ги потврдил констатираните состојби при извршените инспекциски надзори. Дополнително, од страна на јавниот обвинител, на 25.02.2019 година бил формиран и истражен тим со истражители од Царинската управа и од Управата за финансиска полиција кои преземале дејствија за проверка на сомнежите пласирани во јавноста во врска со незаконит увоз и согорување медицински отпад во „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци. Анализата на прибраните извештаи покажала дека при вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина на 01.12.2017 година било констатирано дека просечните концентрации на емитуваните CO, SO2 и прашина од работењето на инсинераторот на печката за спалување медицински отпад ги надминуваат граничните вредности согласно со Правилникот за гранични вредности на емисии при согорување на отпад и услови и начинот на работа на инсталациите за горење и согорување. По ова, Инспекторатот донел Решение со кое го ограничил работењето на инсинераторот за спалување медицински отпад на најмногу осум часа во текот на еден работен ден и целосно го забранил работењето во деновите кога се надминати праговите за алармирање на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух во Скопје. Со Спогодба, правниот субјект бил задолжен да плати одмерена глоба во износ од 8.500 евра. Во истовреме, депонијата била задолжена во рок од 90 дена да ги доведе емисиите на загадувачки супстанции во воздухот во дозволените граници. По овој настан, како што се наведува во соопштението, во текот на 2018 година, депонијата извршила набавка и инсталција на нови филтри и направила измени на инсинераторот за медицински отпад, а при извршените контроли од инспекторатот било констатирано дека емисијата на загадувачки супстанции во воздухот не ги надминува граничните вредности определени со Правилникот. На 22 јануари 2019 година депонијата ги известила Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање дека печката за согорување медицински и друг вид опасен отпад е ставена вон употреба поради дефект и физички оштетувања на филтерот за прочистување издувни гасови. Дефектот бил отстранет во февруари 2019 година, а извршеното тестирање покажало дека емисијата на загадувачки супстанции во воздухот не ги надминува граничните вредности, по што печката повторно била ставена во употреба. Во меѓувреме, медицинскиот отпад се собирал и складирал во депонијата, но не се согорувал. Во периодот од 22 ноември 2018 – 07 март 2019 година Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство поставил мерен инструмент „AIRPOINTER-Recordum“ во кругот на депонијата Дрисла со цел да мери и собира податоци за квалитетот на воздухот во близина на печката каде се согорува медицински отпад. Од извештајот од мерењата се констатира дека во најголем дел резултатите од мерењето се во дозволените граници, а во периодите кога има надминување тоа е со краток максимум од 70-80 микрограма на метар кубен што е во рамки на европскиот просек за урбани средини. Јавниот обвинител ги обезбедил и резултатите од извршените мерења и анализи на технолошката вода и на водата за пиење во депонијата Дрисла, извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје, кои исто така се во рамките на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри. Врз основа на сите овие податоци и анализи, надлежниот јавен обвинител од ОЈО Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконито согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци донел Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-tvrdi-nema-dokazi-deka-drisla-go-zagaduva-vozduhot/feed/ 0
Таксист нападнат кај депонијата „Дрисла“- напаѓачот со тврд предмет го нападнал и му одзел пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/taksist-napadnat-kaj-deponijata-drisla-napagjachot-so-tvrd-predmet-go-napadnal-i-mu-odzel-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/taksist-napadnat-kaj-deponijata-drisla-napagjachot-so-tvrd-predmet-go-napadnal-i-mu-odzel-pari/#respond Fri, 25 Oct 2019 14:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=256050

На 24.10.2019 околу 21.00 часот во СВР Скопје, Д.К.(57) од Скопје, пријавил дека кај депонијата „Дрисла“ едно лице, кое го превезувал со такси возило, го нападнало со тврд предмет и му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/taksist-napadnat-kaj-deponijata-drisla-napagjachot-so-tvrd-predmet-go-napadnal-i-mu-odzel-pari/feed/ 0