депонија краста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 09:01:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png депонија краста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чади кумановската депонија „Краста“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadi-kumanovskata-deponija-krasta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadi-kumanovskata-deponija-krasta/#respond Mon, 27 Feb 2023 09:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=805469

Чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња. Екипите на „Чистота и Зеленило“ со поддршка на механизација и денеска ќе ја покриваат со земја, зафатениот дел од депонијата, соопштија денеска надлежните од претпријатието. На депонијата вчера се забележуваше и пламен кој беше видлив од повисоките локации од Куманово. Зафатен е горниот дел од депонијата од платформата. - Поради силниот ветер, вчера се запали градската депонија „Краста“, веднаш интервенираа екипите на ЈП, асистираа и пожарникарите од ТППЕ Куманово. За жал, водата не ја гаси депонијата, горат гасовите и потребно е санирање и нанесување количини на земја, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски. Од претпријатието побарале и поддршка од приватни стопанственици кои располагаат со земја која ќе се употреби за санација. - Околу 70 проценти од зафатеното подрачје е намалено горењето, остануваат уште 30 осто. Се надеваме дека во текот на денот ќе се санираат и останатите. Станува збор за ризичен предел, земјата е мека и ризична, изјави Стојчевски. И лани, во два-три наврати чадеше депонијата и надлежните од „Чистота и Зеленило“ сметаа дека е човечки фактор. Случаите се пријавени и во полицијата. Сега надлежните сметаат дека силниот ветер е причина за зачадувањето на депонијата. Ветерот турна и големо дрво во стариот градски парк, искршени се неколку гранки од повеќе локации. Екипите на „Чистота и Зеленило“ ги отстрануваат дрвјата и гранките. Од претпријатието велат дека работат на кастрење на гранки, отстранување на стари дрвја по насоки на стручна комисија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chadi-kumanovskata-deponija-krasta/feed/ 0