депонија русино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Sep 2020 17:17:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png депонија русино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Гостиварчани на протест против депонијата Русино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gostivarchani-na-protest-protiv-deponijata-rusino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gostivarchani-na-protest-protiv-deponijata-rusino/#respond Tue, 22 Sep 2020 17:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=406927

Со барање за целосно затворање на депонијата Русино и дислокација од Гостивар, граѓанската иницијатива Стоп Русино, денес протестираше пред општина Гостивар. Организаторите на протестите велат дека ја имаат поддршката од општинскиот совет и претставниците на политичките партии, додека бараат ваква поддршка да им даде и Министерството за екологија. Според демонстрантите, депонијата Русино е еколошка бомба и затоа тие бараат нејзино итно затворање. „Целта на протестот е да се покаже дека гостиварци се обединети и сакаат да стават крај на долгогодишниот канцер кој го труе Гостивар. Рампата нема да се отвори за другите општини, додека не се донесе временскиот рок кој ние го очекуваме и очекувам дека на 21 март следната година, на денот на пролетта, ќе излеземе заедно на излет во Русино“, рече Фадби Иљази од Советот на протестот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gostivarchani-na-protest-protiv-deponijata-rusino/feed/ 0
Гостиварци излегуваат на протест: „За чист воздух, за живот, за стоп Русино“ во вторник од 17 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gostivarci-izleguvaat-na-protest-za-chist-vozduh-za-zivot-za-stop-rusino-vo-vtornik-od-17-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gostivarci-izleguvaat-na-protest-za-chist-vozduh-za-zivot-za-stop-rusino-vo-vtornik-od-17-chasot/#respond Sun, 20 Sep 2020 08:19:03 +0000 https://kurir.mk/?p=405710

Гостиварци уште посилно го креваат гласот по изјавата на министерот за животна средина Насер Нуредини дека Русино ќе биде депонија уште максимум 10 години. Тие се организираат преку социјални мрежи и закажаа протест во вторник (22.09.2020) кој ќе започне во 17 часот пред објектот на Општина Гостивар. Под мотото „Протест за чист воздух, за живот, за стоп Русино“, гостиварци сакаат да бидат гласни и слушнати за своите барања од надлежните, а кои се однесуваат на итна постапка за нова локација и рок за затворање и санација на депонијата. Во обајавата која кружи на социјалните мрежи во врска со најавениот протест пишува дека истиот ќе се одржува мирно, без национални, верски и партиски обележја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gostivarci-izleguvaat-na-protest-za-chist-vozduh-za-zivot-za-stop-rusino-vo-vtornik-od-17-chasot/feed/ 0
Лимени мртовечки ковчези се фрлаат во депонијата кај Гостивар- двајца жители се решија да отворат еден од нив (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/limeni-mrtovechki-kovchezi-se-frlaat-vo-deponijata-kaj-gostivar-dvajca-ziteli-se-reshija-da-otvorat-eden-od-niv-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/limeni-mrtovechki-kovchezi-se-frlaat-vo-deponijata-kaj-gostivar-dvajca-ziteli-se-reshija-da-otvorat-eden-od-niv-video/#respond Mon, 31 Aug 2020 13:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=397345

„Мизерно, па по мизерно не може да биде!“, „ Морбидно и недостоинствено“, „Без почит најпрво кон лугето кои се живи а потоа и кон оние кои починале“, се дел од коментарите на Фејсбук, каде се постирани слики од депонијата Русино, во која се фрлени и мртовечки сандуци, објавува ММС. Во групата „Чист Гостивар! Стоп за депонија Русино! Чист воздух за Гостивар“ постојано се споделуваат слики од она што им се случува на гостиварци, каков воздух дишат и за негрижата на институциите. Но,се чини дека денешниот ден го допреа дното. Во видеото што двајца гостиварци го снимиле се гледа мртовечкиот сандук, кој го отворија а внатре беше сместен уште еден лимен, кој се користи за заразените од Ковид-19, но и за авионски трнаспорт на починат. Сандукот е празен и не се знае дали е заразен или не. -Институциите спијат, локалните власти спијат, јавниот обвинител спие, вели член на групата. Засега не се знае дали ковчезите се од починати транспортирани од странство, или пак од Ковид-19.
  Posted by Deso Mateski on Monday, August 31, 2020
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/limeni-mrtovechki-kovchezi-se-frlaat-vo-deponijata-kaj-gostivar-dvajca-ziteli-se-reshija-da-otvorat-eden-od-niv-video/feed/ 0
Уште нови десет дена ќе трае блокадата на депонијата Русино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-novi-deset-dena-kje-trae-blokadata-na-deponijata-rusino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-novi-deset-dena-kje-trae-blokadata-na-deponijata-rusino/#respond Fri, 21 Aug 2020 13:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=393538

Еко активистите го спречуваат носењето ан сметот од останатите осум општини во полошко. За вечер закажан е состанок на преставниците на засегнатите страни. Рампата на локалниот пат што води од Гостивар до регионалната депонија Русино ќе биде спуштена уште десет денови. Од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар” потврдија дека деновиве оствариле средби на повеќе нивоа. Засега нема решение кое би ги задоволило засегнатите страни. Па така по дваесетте денови блокада ќе следуваат уште десет нови. Изминативе денови додека трае блокадата на патот постигнат е привремен договор за пропуштање на камиони со отпад од Гостиварската општина за да се спречи трупање на комунален смет во градот и околните населби. За вечерва е закажан информативен состанок на кој ќе се изнесат аргументи за продолжување на проектот на полошкиот плански регион што го финансира швајцарската агенција за развој. Со него е предвидено да се формира заедничко претпријатие за девет општини. Дали аргументите дека проектот кој предвидува набавка на контејнери за сите девет општини, подобрување на условите во депонијата Русино, спречување на загадувањето на почвата и подземните води, ќе бидат доволни за да се прекинат протестите ќе се знае по исходот на средбата. Еко активистите стојат цврсто на ставот дека Русино треба да се затвори и депонијата да се дислоцира. Блокадата на патот до Русино започна на втори август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-novi-deset-dena-kje-trae-blokadata-na-deponijata-rusino/feed/ 0
На депонијата Русино од синоќа се пропуштаат само камиони на гостиварски Комуналец- блокадите ќе продолжат до 12 август https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-deponijata-rusino-od-sinokja-se-propushtaat-samo-kamioni-na-gostivarski-komunalec-blokadite-kje-prodolzat-do-12-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-deponijata-rusino-od-sinokja-se-propushtaat-samo-kamioni-na-gostivarski-komunalec-blokadite-kje-prodolzat-do-12-avgust/#respond Wed, 05 Aug 2020 07:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=386356

Комуналниот смет од гостиварската општина повторно се носи на депонијата Русино по речиси тридневната блокада. Локалната власт и граѓаните кои протестираа постигнаа привремен договор со што се спречи наталожување на отпадот во градот и околните населби. Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека ќе ги пропуштаат само возилата на гостиварски Комуналец, додека забраната за другите комунални претпријатиа ќе важи и понатаму. До договор дојде откако Општина Гостивар исполни едно од барањата односно да се испрати документ со барање до Владата и Министерството за екологија за решавање на проблемот со депонијата Русино. Прекинот на блокадата, која започна од недела напладне, синоќа околу 22 часот ја потврди и директорот на ЈП Комуналец, Исак Љазами. Од иницијативата нагласуваат дека на блокадата ќе останат до 12 август, бидејќи така најавиле и да го контролираат носењето на отпадот. Очекуваат да бидат исполнети сите нивни барања. Нивната крајна цел е депонијата Русино да се затвори и да изгради нова според ЕУ стандарди. Гостиварското комуналното претпријатие се соочи со проблем, откако три дена не можеше да транспортира смет на депонијата. Ѓубрето од контејнерите го складираше во една од халите кои ги користи како магацин. Во меѓувреме, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари обвини дека околу протестите за „Русино“ има нечесни игри во кои е вмешана политиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-deponijata-rusino-od-sinokja-se-propushtaat-samo-kamioni-na-gostivarski-komunalec-blokadite-kje-prodolzat-do-12-avgust/feed/ 0
Гостиварските активисти изреволтирани, најавија десетдневна блокада на депонијата Русино https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivarskite-aktivisti-izrevoltirani-najavija-desetdnevna-blokada-na-deponijata-rusino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivarskite-aktivisti-izrevoltirani-najavija-desetdnevna-blokada-na-deponijata-rusino/#respond Fri, 31 Jul 2020 10:52:48 +0000 https://kurir.mk/?p=384269

Десетдневна блокада, која ќе започне од 2 август напладне и ќе трае до 12 август на патот пред Микро гранулат Гостивар кон Русино, најавија од граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“. Целта на блокада, како што најавуваат, е затворање и дислоцирање на ѓубриштето, за кое велат дека гори веќе два месеци, а на кое се носи ѓубрето од девет општини. -Ѓубриштето Русино го загадува воздухот, почвата и водата во Гостивар и околината и со тоа е нарушено нашето здравје и нашето основно уставно право на чиста и здрава животна средина, велат од иницијативата. Учесниците на протестот, најавија блокада со автомобили и трактори. Велат дека нема да дозволат само камионите со смет да се упатуваат кон ѓубриштето Русино, додека за сите други возила движењето ќе е дозволено. Како што појаснува активист од граѓанската иницијатива за Радио МОФ, отпад на депонијата ќе биде дозволено да носи само Општина Гостивар, во периодот со конечно затворање на депонијата. Но, и за ова имаат неколку барања. Прво, бараат да се изгаснат и санираат сите пожари во и околу Русино во најкус можен рок, да се постават камери и депонијата да се контролира 24 часа за да се идентификуваат и спречат подметнувачите на тие пожари. Потоа, бараат да се поднесе итно барање од страна на Општина Гостивар до надлежните за санација и затворање на дивото ѓубриште, но и да се поднесе итно барање од општината до Министерството за животна средина за одредување нова локација за Регионална депонија и нејзина изградба согласно ЕУ стандардите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gostivarskite-aktivisti-izrevoltirani-najavija-desetdnevna-blokada-na-deponijata-rusino/feed/ 0
Стојаноска: По 15 јули новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за решавање на проблемот со депонијата Русино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-po-15-juli-novata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-se-zalaga-za-reshavanje-na-problemot-so-deponijata-rusino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-po-15-juli-novata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-se-zalaga-za-reshavanje-na-problemot-so-deponijata-rusino/#respond Sun, 12 Jul 2020 12:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=374539

 Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 денеска беше пред депонијата  Русино каде рече дека како носителката на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во чија што програма од 6те стратегиски определби е заштита и унапредување на животната средина изјави дека итно ќе се зафатат на прашањето на нерегулираните депонии каква што е Русино. -Во првите 100 дена од формирањето на Владата ќе следи и безусловна забрана на увоз за опасен материјал. Владата ќе изработи и методологија за поддршка на регионалните центри за управување со отпад што предвидува поставување преработувачки центри за секундарна селекција и добивање енергија и био гориво. Сето ова во соработка со планските региони и единиците на локалните самоуправи. Клучниот збор лежи во соработката или поточно во немањето соработка во изминативе години или децении, истакна таа. Стојаноска потсети дека СДСМ освен протестите и ветувањата дека аерозагадувањето ќе се реши кога ВМРО-ДПМНЕ нема да биде власт, ништо друго не стори изминативе три години. Таа посочи дека за разлика од СДСМ во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ се обезбедуваа средства за ова и за останати теми од животната средина, но некаде истите се реализираа од страна на локалните власти, а некаде за жал и сеуште не и овде  ги наведи реализираната пречистителна станица за питка вода во Гостивар, милион и двеста илјади евра за водоводот во Тетово, 100 милиони денари за регулација на коритото на Вардар во Јегуновце, пречистителна станица во Теарце  итн. -Конечно единствен начин да се реши проблемот со Русино е да се изгради посебен канал за испуштање и третирање на отпадните води од отпадот. Во меѓувреме да се најде и соодветна локација за да се инвестира во постројки за рециклажа на отпадот од Русино. Како што кажав претходно за да се спроведе ова потребно е поголемо залагање на централната власт односно министерството за животна средина, но и соработка со локалната власт, потенцираше Стојаноска. Стојаноска порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го избегне овој акутен и сериозно опасен проблем за Гостивар и цела изборна единица 6, туку активно и итно ќе се завземе за изнаоѓање решение на истиот. Обнова мора да има и за ова прашање. Таа обнова доаѓа од 15 јули. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-po-15-juli-novata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-se-zalaga-za-reshavanje-na-problemot-so-deponijata-rusino/feed/ 0