депопулација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jan 2020 13:22:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png депопулација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неисполнетите ветувања за подобар живот ја празнат Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neispolnetite-vetuvanja-za-podobar-zivot-ja-praznat-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neispolnetite-vetuvanja-za-podobar-zivot-ja-praznat-makedonija/#respond Wed, 15 Jan 2020 12:35:18 +0000 https://kurir.mk/?p=289890

Се поголем е бројот на граѓани кои се иселуваат од Македонија. Бројките се поразителни, а градовите празни. Додека политичарите се занимаваат со дневно-политички препукувања, власта ветуваше, но не ги исполни дадените ветувања за живот во Македонија, граѓаните чекаат ред за билет во еден правец. Шокантни бројки објави Светската банка во октомври минатата година, според која од земјава се иселени дури половина милион граѓани или една четвртина од населението. Како што беше објавено од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Предупредување е дека Македонија мора под итно да превземе чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд. Имено веќе неколку години наназад Македонците започнаа да се иселуваат во европските држави, од нив најмногу се млади кои заминуваат во Малта, Германија, Швајцарија,Словенија, Италија, Шведска заради работа. Причините поради кои најчесто граѓаните ја напуштаат земјава е тоа што половина од младите се невработени, а вработените најчесто се платени со минимални плати од 12.000 денари, без разлика дали се продавачи или инженери. На седницата за пратенички прашања одржана во ноември лани, пратеникот Влатко Ѓорчев алармираше на оваа тема. -Податоците од ДЗС кои излегоа вчера во делот на иселувањето, велат дека бројот на родени во третиот квартал за 2019-та е намален за 7,4 % , значи имаме историски најлош трет квартал во историјата на Македонија за родени деца, затоа што луѓето си заминуваат од Македонија, истакна Ѓорчев. Загриженост за опасноста од депопулацијата изразува и албанскиот претседател Илир Мета. – Алармот е вклучен! Стоп на депопулацијата на Албанија! Сега е време! Не може да постои Албанија без Албанци, напиша Мета на фејсбук. Неодамна Мета изјави дека депопулацијата е негова најголема грижа и побара политиката да се одрази, а граѓаните да се „повикаат на разумот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neispolnetite-vetuvanja-za-podobar-zivot-ja-praznat-makedonija/feed/ 0