депортации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 07:33:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png депортации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски повика да се реши проблемот со депортациите во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povika-da-se-reshi-problemot-so-deportatsiite-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povika-da-se-reshi-problemot-so-deportatsiite-vo-rusija/#respond Thu, 26 Jan 2023 07:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=792058

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика висок функционер на Обединетите нации (ОН) да помогне да се најде начин да се реши, како што велат украинските власти, сериозна последица од 11-месечната војна – депортацијата на илјадници возрасни и деца во Русија. Украина со месеци ги осудува извештаите за масовни депортации во Русија, често во региони на илјадници километри од Украина. Русија негира какви било сугестии за малтретирање или криминални намери, опишувајќи ги масовните движења како евакуација. „Дискусијата пред сè се фокусираше на нашите луѓе кои беа депортирани во Русија од окупаторите“, рече Зеленски во видео-обраќањето во текот на ноќта, осврнувајќи се на разговорите со високиот комесаријат на ОН за бегалци Филип Гранди претходно во средата. „Потребен е механизам за да се заштитат и да се вратат луѓето и да се изведат пред лицето на правдата сите оние кои се виновни за депортации. Сигурен сум дека институциите на ОН можат да покажат лидерство во решавањето на овој проблем“, додаде тој. Зеленски ја опиша руската политика на затворање и принудување бегалци да земат руско државјанство како геноцид. Украинскиот министер за надворешни работи го осуди „државно организираното одземање деца“. Гранди, кој ја заврши турнејата во шест градови низ Украина, рече дека е особено трогнат од последиците од ракетниот напад во кој загинаа 46 луѓе во централниот град Дњепар минатата недела. „Сум бил сведок на војна на многу места. Но, кога ќе ги видам тие станови кои се поделени на два дела… Кога ќе дознаам дека во еден удар загинале луѓе, меѓу кои и шест деца под урнатините, имам малку што да кажам“, рече тој во видеото објавено на Твитер профилот на УНХЦР. Зеленски ги критикуваше како неефикасни напорите на другите меѓународни организации за решавање на проблемот со депортациите, вклучително и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и 57-члената Организација за безбедност и соработка во Европа. Официјалниот украински портал „Деца на војната“ (Children of War) наведува дека досега во конфликтот од 26 јануари се убиени 459 деца, а  916 се ранети. Исто така се наведува дека 14.711 деца биле депортирани, а 126 се вратени. Украинските застапници за човекови права зборуваат за можна депортација на стотици илјади граѓани. Стејт департментот на САД наведе бројка меѓу 900.000 и 1,6 милиони депортирани Украинци, вклучувајќи 260.000 деца. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povika-da-se-reshi-problemot-so-deportatsiite-vo-rusija/feed/ 0
Германскиот МВР сака повторно да се дозволат депортации во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-mvr-saka-povtorno-da-se-dozvolat-deportacii-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-mvr-saka-povtorno-da-se-dozvolat-deportacii-vo-sirija/#respond Fri, 27 Nov 2020 09:47:28 +0000 https://kurir.mk/?p=435198

Генералниот застој на сите депортации од Германија во Сирија не треба да биде продолжен после крајот на оваа година, смета германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер. На претстојната конференција со неговите колеги од 16-те државни администрации на Германија, Зехофер ќе каже дека „во иднина треба уште еднаш да се испита секој поединечен случај дали се можни депортации во Сирија, барем за криминалците и оние што се сметаат за закана“, информира министерот за агенцијата ДПА. Генералната забрана за депортации во Сирија во Германија беше усвоена во 2012 година и од тогаш постојано се продолжува. Денес, граѓанската војна, во која учествуваат и странски сили, заврши во повеќето делови на Сирија. Сепак, групите за заштита на човековите права предупредуваат дека противниците на сирискиот претседател Башар ал-Асад, чие семејство управува со земјата 50 години, се соочуваат со тортура, па дури и смрт, ако бидат вратени назад. Приврзаниците на Ал-Асад исто така се соочуваат со прогон во неколкуте области кои сè уште се под контрола на исламистички или други бунтовнички сили. Неколку членови на конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел повикаа на продолжат депортации на некои лица во Сирија по смртоносниот напад со нож во источниот град Дрезден на почетокот на октомври. Осомничениот, кој е обвинет за убиство на еден 55-годишен Германец и тешко ранување на неговиот 53-годишен партнер, бил Сириец со претходни кривични пресуди. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-mvr-saka-povtorno-da-se-dozvolat-deportacii-vo-sirija/feed/ 0