депортација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 06:09:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png депортација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шведска нема да го депортира лицето што го запали Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=893614

Шведската миграциска служба соопшти дека одлучила да депортира Ирачанец кој запали копии од Куранот, муслиманската света книга, но оти наредбата нема да биде спроведена бидејќи човекот може да биде подложен на тортура во неговата татковина. Шведска го подигна нивото на закана од тероризам на второто највисоко ниво во август и предупреди на зголемување на заканите за Швеѓаните дома и во странство, откако палењето на Куранот ги налути муслиманите и предизвика закани од џихадистите. Неколку демонстрации беа предводени од Салван Момика, ирачки бегалец кој тврди дека сака да протестира против целата институција на исламот и да ја забрани нејзината света книга. - Службата за миграција одлучи да му го одземе статусот и дозволата за престој и одлучи дека треба да биде депортиран, изјави портпаролот на службата. Според него, причината е тоа што мажот дал лажни податоци во пријавата за престој. Сепак, портпаролот рече дека Шведска не може да ја спроведе наредбата за депортација бидејќи мажот би ризикувал мачење и нехумано постапување доколку биде испратен во Ирак. Доколку ситуацијата се промени, човекот ќе биде депортиран, додаде тој. Службата за миграција во јули соопшти дека спроведува ревизија на дозволите за престој на Ирачаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/feed/ 0
Двајца мигранти се уапсени во прифатниот центар Блажуј, кај Сараево, 17 ќе бидат депортирани од БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-migranti-se-uapseni-vo-prifatniot-tsentar-blazhuj-kaj-saraevo-17-ke-bidat-deportirani-od-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-migranti-se-uapseni-vo-prifatniot-tsentar-blazhuj-kaj-saraevo-17-ke-bidat-deportirani-od-bih/#respond Mon, 23 Oct 2023 14:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=892240

Припадници на повеќе полициски агенции во Босна и Херцеговина денеска спроведоа операција „Рација“ во прифатниот центар за мигранти Блажуј кај Сараево, при што уапсија две лица од Либија и Мароко за поседување наркотична дрога. Во акцијата пронајдено е ладно оружје, како и наркотична дрога марихуана и хероин. Во акцијата е констатирано и дека 17 лица сместени во прифатниот центар илегално престојуваат на територијата на Босна и Херцеговина, поради што може да се поврзат со шверц на луѓе и други незаконски активности. Како што беше најавено, тие ќе бидат протерани од БиХ. Триста припадници на неколку полициски агенции во БиХ денеска извршија претрес во центарот за мигранти во Блажуј кај Сараево со цел да пронајдат лица кои нелегално престојуваат таму, како и да откријат нелегално оружје и наркотици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dvajtsa-migranti-se-uapseni-vo-prifatniot-tsentar-blazhuj-kaj-saraevo-17-ke-bidat-deportirani-od-bih/feed/ 0
Осумдесет години од погромот и прогонот на битолските Евреи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdeset-godini-od-pogromot-i-progonot-na-bitolskite-evrei/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdeset-godini-od-pogromot-i-progonot-na-bitolskite-evrei/#respond Sat, 11 Mar 2023 10:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=810724

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот. Според сочувани списоци депортирани беа 973 семејства, или едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со 10 членови, четиринаесет семејства со 9 членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со 3 или 2 членови во семејството кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола и каде со последниот претрес им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит. Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, и сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола. Како што е познато масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumdeset-godini-od-pogromot-i-progonot-na-bitolskite-evrei/feed/ 0
По повод Денот на депортацијата на македонските Евреи, собраниска делегација ќе положи цвеќе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/#respond Thu, 09 Mar 2023 07:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=809752

По повод одбележувањето на 11 март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, 80 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта-Треблинка, Собраниски делегации, ќе положат цвеќе на повеќе спомен обележја. Како што најавија од Собранието, денеска во Битола ќе положи цвеќе собраниска делегација во состав на Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска. Цвеќето ќе биде положено во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ - пред споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ - пред споменикот на Естреја Овадија-Мара. Во петок во Штип собраниска делегација во состав на Емилија Рамбабова и Никола Мицевски ќе положи цвеќе пред споменик на депортираните Евреи, а во недела собраниска делегација во состав на Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе положи цвеќе во Тутунски комбинат-Монопол, пред Споменикот на 7144 македонски Евреи и на Еврејски гробишта - Градски гробишта Бутел, пред Споменикот на депортираните Евреи и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/feed/ 0
Почнува одбележувањето 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezhuvaneto-80-godini-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-vo-logorot-treblinka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezhuvaneto-80-godini-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-vo-logorot-treblinka/#respond Thu, 09 Mar 2023 06:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=809737

Во Битола, Штип и Скопје од денеска до недела ќе се одбележуваат 80 години од 11 Март - Денот на депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот ан смртта Треблинка. Собранието информираше дека негови делегации ќе положат цвеќе на спомен-обележја во овие три града од кои биле најбројни депортираните македонски Евреи во 1943 година. Собраниска делегација, во состав: Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска, денеска ќе положи цвеќе во Битола пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара. Утре, 10 март, собраниска делегација во состав: Емилија Рамбабова и Никола Мицевски цвеќе ќе положи пред Споменикот на депортираните Евреи во Штип. В недела, 12 март, собраниска делегација во состав Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе оддадат почит на жртвите Евреи од Скопје. Цвеќе ќе биде положено и пред Споменикот на 7144 македонски Евреи во Тутунски комбинат-Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејски гробишта - Градски гробишта Бутел.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-odbelezhuvaneto-80-godini-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-vo-logorot-treblinka/feed/ 0
Бекер излезе од затвор, се очекува негова депортација https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/beker-izleze-od-zatvor-se-ochekuva-negova-deportacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/beker-izleze-od-zatvor-se-ochekuva-negova-deportacija/#respond Thu, 15 Dec 2022 13:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=776124

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер (55) е пуштен денеска од британскиот затвор и се очекува наскоро да биде депортиран од земјата. Повеќекратниот тениски шампион претходно е осуден на затворска казна од две години и шест месеци поради криење на над стотина илјади фунти пред да објави банкрот, пренесува Ројтерс. Во соопштението од Министерството за надворешни работи конкретно не се споменува неговото име, но е наведено дека се разгледува депортацијата „на секој странски државјанин осуден поради кривично дело на затворска казна“. Поранешниот тенисер е најмладиот освојувач во историјата на Вимблдон со 17 години.

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/beker-izleze-od-zatvor-se-ochekuva-negova-deportacija/feed/ 0
Македонците рекордери во депортации од Германија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/makedoncite-rekorderi-vo-deportacii-od-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/makedoncite-rekorderi-vo-deportacii-od-germanija/#respond Fri, 26 Aug 2022 09:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=724276

Во првата половина од 2022 година, германските власти депортирале вкупно 6.198 странски државјани од земјата. Најбројни меѓу нив биле државјаните на Македонија и Албанија. Mакедонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада. Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Северна Македонија- 454, јавува Дојче веле. Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг. Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција. Коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, предвидува „офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за напуштање на земјата“, соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми. – Во случаи на престапници и лица кои се опасни, постојат прописи за олеснување на протерувањето и наредбите за притвор во очекување на нивна депортација, велат од полицијата. Партијата Левица остро ја критикуваше практиката на таканаречените „мини-чартер летови“ во врска со депортацијата на странците кои се обврзани да ја напуштат земјата. – Остава без зборови податокот за тоа колку ресурси се спремни да потрошат сојузните и покраинските влади за да ги протераат луѓето од земјата, изјави портпаролката на Левица, Клара Бунгер, за германските медиуми. Според одговорот на сојузната влада на барањето на партијата Левица, властите депортирале вкупно 35 лица од Германија во единаесет „мини чартер летови“ во првата половина на 2022 година. Вкупно 167 полицајци дежурале за обезбедување на депортациите. Трошоците за овие летови ја чинеле државата вкупно 580.000 евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/makedoncite-rekorderi-vo-deportacii-od-germanija/feed/ 0
Британија ќе ги депортира Албанците кои немаат право да останат во државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanija-kje-gi-deportira-albancite-koi-nemaat-pravo-da-ostanat-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanija-kje-gi-deportira-albancite-koi-nemaat-pravo-da-ostanat-vo-drzavata/#respond Thu, 25 Aug 2022 08:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=723651

Британската влада соопшти дека ќе соработува со Албанија за брзо процесирање на документите и враќање на големиот број Албанци кои со бродови го преминале Ла Манш. Бројот на луѓе кои пристигнаа во Британија со брод достигна еднодневен рекорд во понеделникот. Речиси 40 отсто од оние што пристигнале на овој начин во период од шест недели меѓу јуни и јули биле од Албанија, пренесоа албански медиуми. Новите официјални податоци треба да бидат објавени денеска. Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател нагласува дека репатријацијата на Албанците ќе започне од следната недела. - Благодарение на одличното ниво на соработка што го имаме со Албанија, ќе ја искористиме секоја можност да ја забрзаме депортацијата на Албанците кои немаат право да останат во Велика Британија, рече Пател]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanija-kje-gi-deportira-albancite-koi-nemaat-pravo-da-ostanat-vo-drzavata/feed/ 0
Ѓоковиќ проговори за психолошките проблеми по депортацијата од Австралија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-progovori-za-psiholoshkite-problemi-po-deportacijata-od-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-progovori-za-psiholoshkite-problemi-po-deportacijata-od-avstralija/#respond Sat, 07 May 2022 13:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=673369

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ проговори за тоа што му се случило откако бил депортиран од Австралија поради тоа што не бил вакциниран против коронавирус. – Да бидам искрен, на почетокот ја потценив мојата емоционална состојба. Мислев дека по напуштањето на Австралија, ќе продолжам нормално. Но, потоа, уште неколку месеци, ги чувствував емоционалните и психолошките одгласи на она што се случи. Во последно време почнав да се опоравувам, сето тоа го оставив во минатото и го претворам во гориво и позитивна енергија, изјави Србинот за „Tennis Majors“. Ѓоковиќ го пропушти Грен слемот Австралија опен. Тој Србинот беше депортиран од Австралија на 16 јануари. Исто така доби забрана да ја посетуваат земјата три години. Австралиските власти на 14 јануари му ја укинаа визата на српскиот спортист и одлучија да го депортираат. Попладнево Ѓоковиќ на АТП турнирот во Мадрид ќе го игра првиот полуфинален меч. Негов противник ќе биде домашниот тенисер Карлос Алкараз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-progovori-za-psiholoshkite-problemi-po-deportacijata-od-avstralija/feed/ 0
Ѓоковиќ: Не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-ne-bev-deportiran-od-avstralija-zatoa-shto-ne-bev-vakciniran/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-ne-bev-deportiran-od-avstralija-zatoa-shto-ne-bev-vakciniran/#respond Tue, 15 Feb 2022 10:08:05 +0000 https://kurir.mk/?p=631574

Луѓето веројатно не го знаат – не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран, или затоа што прекршив некои правила или затоа што имав грешка во моето барање за виза. Сето тоа, всушност, беше одобрено, а потоа потврдено од Федералниот суд и министерот за имиграција, вели најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. -Причината поради која бев депортиран од Австралија беше тоа што министерот за имиграција (Алекс Хок) ја искористи својата дискреција да ми ја укине визата врз основа на ставот дека можам да создадам некое антиваксерско чувство во земјата или градот, а јас воопшто не се согласувам со тоа, открива Ѓоковиќ во интервјуто за „Би-Би-Си“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-ne-bev-deportiran-od-avstralija-zatoa-shto-ne-bev-vakciniran/feed/ 0