Дерик Роуз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 Jul 2023 06:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дерик Роуз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дерик Роуз нов член на Мемфис Гризлис https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-rouz-nov-chlen-na-memfis-grizlis/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-rouz-nov-chlen-na-memfis-grizlis/#respond Sun, 02 Jul 2023 06:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=851675

Легендарниот кошаркар и поранешен МВП на НБА-лигата, Дерик Роуз е нов играч на Мемфис Гризлис. Играчот кој имаше лимитирана минутажа во Њујорк Никс и одигра само 27 натпревари минатата сезона, пристигнува кај Гризлис и ќе заработи сума од 6.5 милиони долари. Роуз беше слободен агент и можеше да бира каде сака да игра, а изборот падна токму на Мемфис. Ова за плејмејкерот ќе биде шеснаесетта сезона во најсилното кошаркарско натпреварување на светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-rouz-nov-chlen-na-memfis-grizlis/feed/ 0
Дерик Роуз повторно мета на Лејкерси https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-rouz-povtorno-meta-na-lejkersi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-rouz-povtorno-meta-na-lejkersi/#respond Sun, 18 Oct 2020 13:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=417796

Л.А. Лејкерс не успеаја да се договорат за услугите на бекот на Детроит Пистонс, Дерик Роуз на почетокот на годината, но според извор на НБА, во моментов има отворена врата за можен договор меѓу двата тима. Генералниот директор на тим од Источна конференција, кој сакаше да остане анонимен, ја сподели ситуацијата со можното преминување на Роуз во Лос Анџелес. – Двете страни не сакаа да склучат зделка во јануари. Не мислам дека Лејкерси сакаа да направат сериозен потег затоа што сметаа дека ќе најдат подобра понуда преку пазарот на слободни агенти. Од друга страна, Пистонс не сакаше да се раздели со Дерик бидејќи таму беше среќен. За Лејкерс, Роуз беше споредна опција – тие би биле вклучени во потенцијален договор само доколку Клиперс, Бакс или Нагетс исто така направат чекор кон него. Имаше интерес, но тој не беше сериозен. Сега сè е поинаку – обете страни се во можност да склучат зделка, рече генералниот директор за „Heavy.com“. Роуз, кој наполни 32 години на 4 октомври, навистина нема што повеќе да даде на организација како Детроит, која треба да влезе во режим на обновување. Минатата сезона, најмладиот освојувач на наградата МВП ја потврди својата добра игра и беше еден од лидерите на Пистонс со просек од 18,1 поен, 2,4 скока и 5,6 асистенции. Сепак, неговиот тим разочара и освои само 20 победи од 66 натпревари, а во средината на сезоната се раздели со двајцата свои најважни играчи – Реџи Џексон и Андре Драмонд. Актуелниот договор на Роуз завршува на крајот на следната сезона, а бекот доби 7,6 милиони долари за кампањата, која започнува на почетокот на новата година. Доколку Ражон Рондо реши да не ја продолжи кариерата под водство на Френк Вогел, најверојатно повторно ќе ги видиме Дерик Роуз и Леброн Џејмс во ист тим. Двајцата играа заедно кратко во Кливленд во текот на сезоната 2017/18, но за време на трансфер пазарот во февруари, Роуз беше испратен во Џез. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/derik-rouz-povtorno-meta-na-lejkersi/feed/ 0
Роуз казнет со 25.000 долари поради фрлање пенкало кон публиката https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rouz-kaznet-so-25-000-dolari-poradi-frlanje-penkalo-kon-publikata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rouz-kaznet-so-25-000-dolari-poradi-frlanje-penkalo-kon-publikata/#respond Wed, 15 Jan 2020 08:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=289842

Кошаркарот на Детроит пистонс, Дерик Роуз е казнет заради фрлање пенкало на трибините за време на натпревар со Њу Орлеанс. При еден тајм-аут, Роуз зема од записничката маса едно пенкало и го фрли на трибините на спротивната страна. Инцидентот не остана незабележан од службените лица, а НБА парично го казни 31-годишниот Американец со 25 илјади долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rouz-kaznet-so-25-000-dolari-poradi-frlanje-penkalo-kon-publikata/feed/ 0