деривати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 17:14:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png деривати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Раст на цените на дериватите и на јавниот превоз во Германија по истекувањето на субвенциите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-cenite-na-derivatite-i-na-javniot-prevoz-vo-germanija-po-istekuvanjeto-na-subvenciite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-cenite-na-derivatite-i-na-javniot-prevoz-vo-germanija-po-istekuvanjeto-na-subvenciite/#respond Thu, 01 Sep 2022 17:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=727399

Цените на бензините и на јавниот превоз во Германија денеска пораснаа со истекувањето на владините субвенции, што уште повеќе ги оптеретува потрошувачите кои веќе се борат со високите трошоци за енергија. Според најголемиот германски автомобилски клуб „ADAC“, просечната цена на литар бензин утрово е повисока за околу 0,25 евра споредбено со претходниот ден, додека дизел-горивото поскапело за околу десет центи. Во Германија денеска заврши привременото намалување на данокот на бензин и специјалните месечни билети за јавен превоз по цена од девет евра што Владата ги воведе во мај за да ги намали несаканите ефекти од инфлацијата. Намалената церна на билетот за јавен превоз беше поздравена како посебен успех бидејќи им овозможи на милиони луѓе да патуваат евтино низ земјата, намалувајќи ја емисијата јаглероден диоксид во атмосферата за околу 1,8 милиони метрички тони. Екологистите повикаа на изнајдување начин да се продолжи попустот на билетите за јавен превоз, на што министерот за транспорт одговори дека идејата е во фаза на разгледување. Владата се обидува да ги охрабри потрошувачите и компаниите да штедат енергија на кој било начин за да го спречат недостигот во зимските месеци, откако Русија драстично ја намали испораката природен гас за Германија. Неодамна беше најавено дека зимава ќе се намалува загревањето на јавните објекти, како и оти ќе се исклучуваат рекламните паноа и осветлувањето во текот на ноќта. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rast-na-cenite-na-derivatite-i-na-javniot-prevoz-vo-germanija-po-istekuvanjeto-na-subvenciite/feed/ 0
РКЕ ОДЛУЧИ: Дизелот поскапува од полноќ, ова е цената на бензините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-odluchi-dizelot-poskapuva-od-polnokj-ova-e-cenata-na-benzinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-odluchi-dizelot-poskapuva-od-polnokj-ova-e-cenata-na-benzinite/#respond Mon, 01 Aug 2022 10:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=712532

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 27.07.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,344%, кај дизелот зголемување за 1,336%, кај екстра лесното масло намалување за 0,95% и кај мазутот зголемување за 1,137%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 53,343 ден/кг. Од 2.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 95,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 98,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм) Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,484%. -Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информира од РКЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-odluchi-dizelot-poskapuva-od-polnokj-ova-e-cenata-na-benzinite/feed/ 0
Шифт Проџект: Европа би можела да има проблеми со снабдувањето со нафта и деривати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shift-prodzekt-evropa-bi-mozela-da-ima-problemi-so-snabduvanjeto-so-nafta-i-derivati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shift-prodzekt-evropa-bi-mozela-da-ima-problemi-so-snabduvanjeto-so-nafta-i-derivati/#respond Wed, 24 Jun 2020 13:07:04 +0000 https://kurir.mk/?p=362103

До крајот на оваа деценија, Европа би можела да има проблеми со снабдувањето со нафта и деривати, се наведува во студијата објавена од француската непрофитна организација „Шифт Проџект“ (Shift Project). Како што пренесува „Јуроп Тудеј“, студијата предвидува дека производството на нафта би можело да падне побрзо отколку најголемите европски економии да се префрлат на „чиста енергија“, што според списанието е уште една причина земјите на ЕУ што поскоро да се фокусираат на „свет без нафта“. Студијата се однесува на проценките дека вадењето нафта во Русија и земјите од поранешниот Советски сојуз веќе го достигна својот врв и е во опаѓање, а токму од тие извори доаѓа околу 40 отсто од нафтата што ја користи европскиот пазар. Драстично намалување е предвидено и во блиска иднина за нафтата со потекло од Африка, која опфаќа 10 проценти од европскиот пазар, што дополнително ги загрижува медитеранските земји. Пандемијата на Ковид -19 влијаеше и на нафтениот пазар, пишува весникот. За да се намали ризикот од големи последици од пандемијата, најголемите нафтени компании се принудени да ги намалат планираните инвестиции за 25 проценти или изразено во пари – повеќе од 35 милијарди евра. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shift-prodzekt-evropa-bi-mozela-da-ima-problemi-so-snabduvanjeto-so-nafta-i-derivati/feed/ 0