дерматолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 18:47:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дерматолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Псоријазата кај децата не е ретка појава – обрнете внимание на симптомите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psorijazata-kaj-detsata-ne-e-retka-pojava-obrnete-vnimanie-na-simptomite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psorijazata-kaj-detsata-ne-e-retka-pojava-obrnete-vnimanie-na-simptomite/#respond Wed, 25 Oct 2023 18:47:56 +0000 https://kurir.mk/?p=892673

Псоријазата е хронична болест чии симптоми може да се појават насекаде по телото. Најчестите промени се јавуваат на скалпот, колената, лактите и трупот. Иако многумина мислат дека псоријазата е болест на возрасните, не е невообичаено да се појави во детството, пишува „Кидс хелт“. Иако симптомите на оваа болест се разликуваат од дете до дете, најчести се лушпите и црвените дамки на кожата, кои обично се придружени со силно чешање. Покрај гореспоменатите промени на кожата, псоријазата се појавува и на ноктите на детето, предупредуваат дерматолозите. Најчести се промените на плочката на ноктите во вид на мали вдлабнати точки, бели бои на ноктот или негово распаѓање. Ако се работи за псоријаза, зафатени се сите нокти, па затоа е прилично лесно да се забележи веднаш штом ќе се појави. Како што нагласуваат експертите, иако се уште не постои вистински лек за псоријаза, постојат одредени третмани и препарати кои ги ублажуваат непријатните симптоми и барем делумно им го олеснуваат секојдневието на заболените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psorijazata-kaj-detsata-ne-e-retka-pojava-obrnete-vnimanie-na-simptomite/feed/ 0
Миењето на лицето со солена вода е во тренд, но дали е тоа добра идеја? Еве што велат дерматолозите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mienjeto-na-liceto-so-solena-voda-e-vo-trend-no-dali-e-toa-dobra-ideja-eve-shto-velat-dermatolozite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mienjeto-na-liceto-so-solena-voda-e-vo-trend-no-dali-e-toa-dobra-ideja-eve-shto-velat-dermatolozite/#respond Fri, 09 Dec 2022 08:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=772947

Кога ќе помислите на солена вода, вашата прва асоцијација е веројатно лежењето на плажа и веселењето во морето. Но, благодарение на социјалната мрежа „ТикТок“, солената вода стана популарна заради нега и убавина. Имено, на оваа мрежа корисниците наведуваат дека миењето со солена вода е добро за отстранување на акните и намалување на црвенилото на кожата. Во повеќето случаи, мешаат обична топла вода од чешма, која ја истураат во шише со распрскувач и додаваат обична кујнска или морска сол. Потоа ја нанесуваат смесата на лицето и ја оставаат да се исуши, а потоа го мијат лицето со обична вода. Дерматолозите, се разбира, го дадоа својот збор за овој тренд. Од една страна, предупредуваат дека солта може да ја исуши кожата и да ја загрози нејзината бариера, а од друга, не оспоруваат дека солената вода би можела да биде корисна за отстранување на вишокот маснотии или за ублажување на промените предизвикани од псоријаза. Д-р Мариса Гарсик, дерматолог од Њујорк, за „Byride“ вели дека миењето со солена вода може да помогне да се намали вишокот маснотии и дека тоа би било корисно за луѓето со мрсна кожа. – Солената вода може да делува како механички пилинг и да придонесе кожата да биде посветла и помазна – вели д-р Гаршик. Но, таа предупредува дека користењето солена вода може да предизвика иритација кај луѓето со почувствителна или сува кожа. Д-р Горана Исаиловиќ, специјалист по дерматовенерологија вели дека никогаш не би го пробала ефектот од комбинацијата на топла вода од чешма и сол на себе. – Кој сака да проба нека го направи, но јас никогаш не би го направила и не би го ни препорачала – категорична е д-р Исаиловиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mienjeto-na-liceto-so-solena-voda-e-vo-trend-no-dali-e-toa-dobra-ideja-eve-shto-velat-dermatolozite/feed/ 0
Лекарите препорачуваат: Само три делови од телото треба да ги миете секој ден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lekarite-preporachuvaat-samo-tri-delovi-od-teloto-treba-da-gi-miete-sekoj-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lekarite-preporachuvaat-samo-tri-delovi-od-teloto-treba-da-gi-miete-sekoj-den/#respond Sun, 27 Nov 2022 12:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=767165

Докторот и дерматолог Сенди Скотнички предупредува дека пречестото миење на телото од глава до пети со сапун и вода може да доведе до разни кожни проблеми, како што се егзема, сувост и други кожни болести. Наместо тоа, таа вели дека е доволно да се фокусирате само на одредени делови од телото - пазувите, препоните и стапалата. Со неа се согласува и докторката Робин Чуткан, која објаснува дека ако го измиете целото тело со сапун, можете да ги уништите корисните бактерии. -Факт е дека на нашето тело му требаат одредени бактерии, а доколку ги отстраниме со постојано чистење на кожата, ја губиме заштитата и сме поподложни на надворешни влијанија кои можат да бидат многу штетни. Она што е важно секојдневно да се мие се пазувите, препоните и стапалата. Доволно е да го исплакнете остатокот од телото со вода, дури и ако сте го одработиле тренингот пред туширање, објаснува Чуткан. Една студија од 2018 година, чии резултати беа објавени во списанието Science Advances, покажа дека одредени видови бактерии кои живееле на кожата на испитаниците се поврзани со помал ризик од рак на кожата во споредба со луѓето кај кои бактериите не биле пронајдени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lekarite-preporachuvaat-samo-tri-delovi-od-teloto-treba-da-gi-miete-sekoj-den/feed/ 0
Оваа голема грешка ја правите додека се туширате, дерматолозите имаат совет за вас https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-golema-greshka-ja-pravite-dodeka-se-tushirate-dermatolozite-imaat-sovet-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-golema-greshka-ja-pravite-dodeka-se-tushirate-dermatolozite-imaat-sovet-za-vas/#respond Tue, 30 Nov 2021 09:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=601828

Многу луѓе при туширањето користат многу топла па дури и врела вода, а експертите велат дека тоа е штетно за кожата. Дерматолозите велат дека лицето е најдобро да го миете со ладна или млака вода, а туширањето под врела вода треба да го избегнувате целосно. Врелата вода ја суши кожата и ја лишува од нејзините природни и корисни масла. Тогаш таа станува сува и е поподложна на црвенило, дамки, осипи и слични проблеми. Ладната вода е одлична за кожата. Ладната вода ја поттикнува циркулацијата и прави кожата да изгледа поздрава. Не практикувајте врела вода доколку имате проблем со притисокот, бидејќи може да дојде до несвестица, особено доколку имате многу низок притисок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-golema-greshka-ja-pravite-dodeka-se-tushirate-dermatolozite-imaat-sovet-za-vas/feed/ 0
Дерматолозите алармираат: Ова се новите симптоми на кожата од коронавирус https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dermatolozite-alarmiraat-ova-se-novite-simptomi-na-kozata-od-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dermatolozite-alarmiraat-ova-se-novite-simptomi-na-kozata-od-koronavirus/#respond Tue, 07 Apr 2020 17:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=328807

По респираторните симптоми, по губење на вкусот и мирисот, сега се појавуваат и кожните манифестации на Ковид-19. Во соопштението за печатот, Националниот синдикат на дерматолози-венеролози на Франција, предупредува за симптомите кои можат потенцијално да се појават на кожата во случај на заболување како резултат на коронавирусот. Односно, ненадеен почеток на понекогаш болно црвенило и привремени лезии на копривњача, јави дописникот на МИА. „Група ВатСап со повеќе од 400 дерматолози (независни и болнички), организирани во нивниот синдикат, јавуваат за лезии на кожата, поврзани со знаци на Ковид-19 “,се наведува во нивното соопштението. Синдикатот притоа  ги наведува симптомите за кои станува збор. -Станува збор за акросиндроми (појава на псевдо-смрзнатини на екстремитетите), ненадејно појавување на понекогаш болно црвенило и повремени лезии на копривњача“. Синдикатот на дерматолози притоа предлага доколку се појават овие симптоми на кожата, веднаш да се консултираат со лекар. „Анализите на многу случаи пријавени во синдикатот покажуваат дека овие манифестации можат  да бидат поврзани со Ковид-19, се наведува во соопштението. -Ние ја предупредуваме јавноста и медицинската професија со цел што побрзо да ги откриеме овие потенцијално заразни пациенти (без нужно да покажат знаци на потешкотии во дишењето)“, се додава во соопштението на синдикатот на дерматолозите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dermatolozite-alarmiraat-ova-se-novite-simptomi-na-kozata-od-koronavirus/feed/ 0