Десет години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Mar 2022 13:14:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Десет години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Десет дена нема трага во Мариово од 10-годишното дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deset-dena-nema-traga-vo-mariovo-od-10-godishnoto-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deset-dena-nema-traga-vo-mariovo-od-10-godishnoto-dete/#respond Mon, 07 Mar 2022 13:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=642663

Десетти ден нема никаква трага од 10-годишен Петар кој исчезна од селото Врпско, Мариово. На Петар му се губи секаква трага попладнето, по 16 часот, на 25 феруари, од дворот на селската куќа. Екипи на полицијата, на граничната служба, повремено хеликоптер, од војската, Центарот за управување со кризи и од прилепоската спасителна служба деновиве трагаа безуспешно. Дарко Неданоски, спелеолог и претседател на прилепската спасувачка служба вели дека се пребарани стари окна и Црна Река. – Се спуштивме 70-тина метри во старото окно на рудникот „Партизанка“, со заштитна опрема, но немаше никакви траги. Во саботата ја пребаравме Црна Река која, поради временските услвои, беше надојдена, но пак без резултат. Потрагата продолжува, ама нема никакви траги, вели Неданоски. Од СВР Битола велат дека потрагата продолжува по малиот Петар, но засега нема резултати. Прилепското основно обвинителство пред една недела отвори предмет за исчезнатото дете. Сослушани се родителите и постариот брат, Димитар. Десетгодишниот Петар Џобоски со родителите и двете братчиња околу 22 февруари од Прилеп стигнале во куќата во селото Врбско, Мариово. Ги проверувале пчелите, ама попладнето околу 16 часот,  Петар, дете со посебни потреби и некомуникативно, откако татко му го пратил на блискиот кладенец по вода, исчезнал без трага. Останува загриженоста за судбината на 10-годишниот Петар, како и потрагата по него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deset-dena-nema-traga-vo-mariovo-od-10-godishnoto-dete/feed/ 0
Десет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-godini-od-helikopterskata-nesrekja-kaj-blace/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-godini-od-helikopterskata-nesrekja-kaj-blace/#respond Fri, 12 Jan 2018 07:32:02 +0000 http://kurir.mk/?p=9700

Со полагање цвеќе на спомен - обележјето кај катлановско Блаце, денеска ќе се одбележат десет години од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ. Цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана (МО), Генералштабот (ГШ) на АРМ, Кабинетот на претседателот на Република Македонија, здружената оперативна команда, вбр, 1. механизирана пешадиска бригада и членови на семејствата на загинатите припадници. Делегацијата на МО ќе биде предводена од министерката Радмила Шекеринска, додека делегацијата на ГШ од заменикот на НГШ на АРМ, генерал мајор Мухамет Рацај. Делегација на МО и АРМ предводена од заменик-министерот Беким Максути ќе положи цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите припадници на АРМ во касарната „Бутмир“ во командата на мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Претходно, делегации од МО и АРМ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата на вбр во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-godini-od-helikopterskata-nesrekja-kaj-blace/feed/ 0