десетката – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 31 Dec 2022 10:49:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png десетката – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сантос планира да ја повлече „десетката“ на Пеле https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/#respond Sat, 31 Dec 2022 10:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=782705

Бразилскиот фудбалски клуб Сантос од Сао Паоло откри планови за трајно повлекување на дресот со бројот 10, кој во текот на својата кариера носеше легендарниот Пеле. Повеќе бразилски медиуми објавија дека ќерките на Пеле, по неговата смрт во четвртокот, побарале од клубот повеќе никој во Сантос да не ја носи легендарната „десетка“. „Tоа ќе му гo предложиме на Управниот одбор. За такво нешто постои процедура, потребно е да се состанат членовите на Одборот и тоа да го одобрат. Во меѓувреме, со административен акт во текот на идниот месец привремено ќе го укинеме користењето на бројот 10, надевајќи се дека нашиот oдбор ќе ја претвори таа одлука во трајно решение“, изјави претседателот на Сантос, Андре Руеда. Дресот со бројот 10. во моментов во Сантос го носи венецуелскиот напаѓач Џеферсон Сотелдо, кој од Пеле се збогува со објава на социјалните мрежи: „Носењето на твојот дрес и грижата за него со љубов и почитување е мојата мисија. Ти нè напушти, но твоето наследство и спомените остануваат. Ти благодарам на сè, кралу Пеле“. Пеле почина во четвртокот на 82-годишна возраст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/santos-planira-da-ja-povleche-desetkata-na-pele/feed/ 0