десница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Sep 2022 06:01:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png десница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Десницата победи на изборите во Италија, покажуваат излезните анкети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desnicata-pobedi-na-izborite-vo-italija-pokazuvaat-izleznite-anketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desnicata-pobedi-na-izborite-vo-italija-pokazuvaat-izleznite-anketi/#respond Mon, 26 Sep 2022 06:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=737386

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“. Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна. Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе освои меѓу 22 и 26 отсто од гласовите, пред нејзиниот најблизок ривал Енрико Лета од левиот центар. Неколку останати изборни анкети и даваат предност на десничарската коалиција од 41 до 45 проценти од гласовите. Партиите од коалицијата на левиот центар ќе заостанат далеку зад десницата, со некаде меѓу 25,5 до 29,5 проценти. Излезноста на вчерашните избори беше мала, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Особено мал интерес за изборите е забележан во јужните региони, вклучително и Сицилија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desnicata-pobedi-na-izborite-vo-italija-pokazuvaat-izleznite-anketi/feed/ 0
Драстичен пад на рејтингот на германската популистичка десница АфД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drastichen-pad-na-rejtingot-na-germanskata-populistichka-desnica-afd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drastichen-pad-na-rejtingot-na-germanskata-populistichka-desnica-afd/#respond Sun, 19 Apr 2020 13:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=334355

Поддршката за популистичко- десничарска Алтернатива за Германија (АфД) е на пат да се преполови, покажуваат последните анкети на јавното мнение што денеска се објавени во земјата. Според истражувањето на Институтот Кантар, нарачано од весникот „Билд ам Сонтаг“, АфД во моментов ќе освои само девет проценти од гласовите, што е значаен пад од периодот пред избувнувањето на кризата кога оваа парламентарна партија уживаше стабилна поддршка од 15 до 16 проценти, јави Хина. Ова е, исто така, најлошиот резултат во анкетите за АфД во последните две години. Според истите резултати, владејачката Демохристијанска унија  ЦДУ/ЦСУ значително го подобри рејтингот и сега е стабилизирана на 38 проценти. Партнерот на демохристијаните во владеачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), може да се надева на поддршка од 18 проценти. Партијата на Зелените, која до неодамна беше над 20 проценти, во моментов ужива поддршка од 16 проценти од гласачите, што е поврзано со сегашниот пад на интересот на граѓаните за теми како што е заштитата на животната средина. Аналитичарите оценуваат дека се очекува раст на владеачките партии со завршувањето на кризата со коронавирусот. Според истражувањето на јавниот сервис  Дојчлехландфунк, објавите на АфД на социјалните мрежи, што досега беа најсилниот пропаганден инструмент на оваа партија, сега бележат значително послаби реакции отколку пред избувнувањето на кризата. -Најсилната комуникациска алатка на АфД го губи ефектот. Ова лежи пред се’ во фактот дека за време на криза повеќе владее расположение на поддршка отколку на критика кон естаблишментот, изјави комуникологот Јоханес Хилије. Тој додаде дека сегашната поддршка за извршната власт, што е типично за време на криза, како и фактот дека владините мерки се перцепираат позитивно, дијаметрално се спротивни со идеите од кои АфД ја црпи својата популарност, а тоа е дека естаблишментот и елитите сакаат да му наштетат на народот. АфД, која почна како движење против еврото, својата популарност ја стекна со критиката на либералната бегалска политика на канцеларката Ангела Меркел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drastichen-pad-na-rejtingot-na-germanskata-populistichka-desnica-afd/feed/ 0