дестинација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Jun 2020 10:09:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дестинација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицотакис: Ме интересира Грција да биде најбезбедна, а не број еден дестинација во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-me-interesira-grcija-da-bide-najbezbedna-a-ne-broj-eden-destinacija-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-me-interesira-grcija-da-bide-najbezbedna-a-ne-broj-eden-destinacija-vo-evropa/#respond Sun, 14 Jun 2020 10:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=357683

Не ме интерсира Грција да биде број еден дестинација во Европа, ме интересира Грција да биде најбезбедна дестинација во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини. Во пресрет на утрешниот официјален и постепен почеток на туристичата сезона во Грција, Мицотакис одржа пре- конференцијата на грчкиот остров, наменета за акредитираните странски новинари во земјата, а одговарајќи на прашањата на дописниците, акцентот го стави на гарантирањето на безбедноста и здравјето на сите туристи. – Ние многу се фокусиравме, на здравствените и безбедносните процедури во рамките на секторот на хотели. И, ќе бидеме многу строги кога станува збор за основните параметри и упатства што ги поставивме, бидејќи треба самите да се заштитиме, да ги заштитиме нашите гости и да ги заштитиме луѓето, кои всушност работат во овој сектор. Можам да гарантирам дека ќе продолжиме да работиме исклучително напорно, секогаш да ги слушаме експертите, секогаш да следиме советите засновани врз податоци и мислам дека докажавме дека државата всушност може да работи на многу високо ниво, рече грчкиот премиер. Мицотакис објасни дека постојат строги протоколи за хотелите, постојат конкретни правила и мерки за туристите да можат да уживаат во Грција, но ќе мора да избегнуваат собирања и гужви, како на пример во баровите на плажите, објаснувајќи дека земјата е подготвена за сите сценарија, во случај да се појави појави Ковид-19 кај некој од посетителите, но потенцираше дека нема да биде потребно во Грција да се воведе целосна карантина и целосна забрана за движење. Тој повтори дека од 1 јули земјата ќе биде отворен за сите посетители, без дополнителни рестрикции и само со тестови по случаен избор. Со позадина, популарното меѓу туристите, зајдисонце на Санторини, во присуство на околу 80 странски дописници и грчки новинари од околу 50 медиуми од Грција и странство, меѓу кои и МИА, Мицотакис одржа прес-конференција на грчиот остров , упатувајќи ја пораката „Дојдете во Грција” и повторувајќи дека безбедноста е најголемиот приоритет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-me-interesira-grcija-da-bide-najbezbedna-a-ne-broj-eden-destinacija-vo-evropa/feed/ 0
Од 1 јуни директна авиолинија Варшава – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-juni-direktna-aviolinija-varshava-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-juni-direktna-aviolinija-varshava-skopje/#respond Fri, 09 Feb 2018 11:25:00 +0000 http://kurir.mk/?p=19928

Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти. Ембраерите на LOT секој понеделник, среда и петок ќе полетуваат од Аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот за да пристигнат во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан да полета во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот. Директорот на корпоративни комуникации и портпарол на LOT, Адриан Кубицки, изјави дека Скопје е комплетно нова дестинација во понудата на авиокомпанијата. - Македонија е секоја година сé повеќе популарна кај туристите, воодушевувајќи ги со својата историја, регионалната кујна и културната разновидност. Нашите патници штотуку добија можност да се запознаат со различните туристички вредности на таа неверојатна земја. Сигурен сум дека многумина ќе ја искористат оваа можност уште ова лето, вели Кубицки. Распоредот на летови е креиран така што патниците кои патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за конекции од аеродромот „Шопен“ во Варшава до дестинации во САД, Канада и Западна Европа. Од ТАВ Македонија очекуваме оваа авионска линија да се покаже како многу успешна. - Со ова полските туристи ќе имаат можност да ја посетат и да ја откријат Македонија, а во исто време и граѓаните на Македонија и на соседните земји ќе имаат можност да патуваат со директна линија до Варшава и да ја доживеат Полска. Оваа авиолинија, исто така, ќе послужи за двете земји да ги зајакнат бизнис-врските, да се овозможи подобра комуникација со Источна Европа, како и трансатлантски летови до многу дестинации во светот кои се понудени од Варшава, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-1-juni-direktna-aviolinija-varshava-skopje/feed/ 0