дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 18:30:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дете – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинителство поведе постапка против возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-povede-postapka-protiv-vozachot-koj-usmrti-dete-na-plasticharska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-povede-postapka-protiv-vozachot-koj-usmrti-dete-na-plasticharska/#respond Fri, 13 Oct 2023 18:30:08 +0000 https://kurir.mk/?p=888661

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишен скопјанец кој вчера попладне удри десетгодишно дете на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ и побегна од местото на несреќата. Како што информираат од Обвинителството, возачот е осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Според Обвинителството, осомничениот, на 12 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, движејќи по булеварот „Никола Карев“ во насока од исток кон запад, управувал автомобил Мерцедес Е 320 и брзината на движење не ја приспособил спрема својствата и состојбите на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре пред секоја пречка што под дадените услови да може да ја предвиди. - Со предниот дел од возилото удрил во телото на пешак – дете родено 2013 година кое како пешак попречно го поминувало коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од повредите здобиени при сообраќајната несреќа детето починало на Ургентниот центар, а осомничениот, без да укаже помош на повреденото лице го напуштил местото, стои во соопштението од ЈО. Оттаму дополнуваат дека, ценејќи ги сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложил на судот да определи мерка куќен притвор за осомниченото лице, а дополнително и мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачка дозвола односно забрана за нејзино издавање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-povede-postapka-protiv-vozachot-koj-usmrti-dete-na-plasticharska/feed/ 0
МОЌТА НА МАЈКАТА: Таа навистина чувствува кога нејзиното дете е болно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mokta-na-majkata-taa-navistina-chuvstvuva-koga-nejzinoto-dete-e-bolno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mokta-na-majkata-taa-navistina-chuvstvuva-koga-nejzinoto-dete-e-bolno/#respond Tue, 10 Oct 2023 11:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=887437

Кога мајката се сомнева дека нејзиното дете е болно, таа обично е во право, покажува студија на Универзитетот во Тексас - затоа лекарите им кажуваат на мајките да им веруваат на своите инстинкти. -Причината за ова е големата поврзаност помеѓу родителите и децата. Родителите лесно можат да препознаат промена во однесувањето на нивните деца, објасни Метју Томпсон, раководител на студијата. Воспалението на дишните патишта е една од најчестите болести за кои родителите бараат лекарска помош, а дури и првите знаци Доколку детето е бледо или кожата има сивкав тон, најдобро е да посетите лекар, а помага и мерење на пулсот на рачниот зглоб. Просечниот број на отчукувања во минута во предучилишна возраст е од 80 до 100 отчукувања. Забрзувањето на овој ритам може да укаже на променета здравствена состојба. Не треба да ја отстранувате малку покачената температура, бидејќи тоа е само знак дека телото се бори со инфекција. Најчести причини за треска се вирусни или бактериски инфекции и никнување на забите. Малите деца често ставаат играчки во устата и на тој начин внесуваат бактерии. Меѓутоа, ако дете под три месеци има температура над 38 степени, треба да се однесе на лекар. Постојано плачење, силно будење, болки во стомакот се исто така алармантни знаци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mokta-na-majkata-taa-navistina-chuvstvuva-koga-nejzinoto-dete-e-bolno/feed/ 0
Предложен притвор за 81-годишен скопјанец за полови дејствија спрема дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-81-godishen-skopjanets-za-polovi-dejstvija-sprema-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-81-godishen-skopjanets-za-polovi-dejstvija-sprema-dete/#respond Sat, 07 Oct 2023 09:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=886318

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години. Осомничениот, искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozhen-pritvor-za-81-godishen-skopjanets-za-polovi-dejstvija-sprema-dete/feed/ 0
Родителите може да го отежнат развојот на говорот кај детето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditelite-mozhe-da-go-otezhnat-razvojot-na-govorot-kaj-deteto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditelite-mozhe-da-go-otezhnat-razvojot-na-govorot-kaj-deteto/#respond Fri, 29 Sep 2023 07:31:45 +0000 https://kurir.mk/?p=883097

Родителите преку одредени постапки можат да го унапредат, но и значително да го попречат развојот на говорот на детето. За тоа говори хрватскиот логопед Ана Челиќ. - Намалената комуникација со најблиското опкружување, најчесто со родителите, заедно со прекумерната изложеност на медиумски содржини со што детето е изолирано од искуствата од околината, го попречува развојот на јазичното разбирање, а со тоа и јазичната продукција, т.е. говорот. Таквиот неприроден сооднос ги прави децата подложни на јазични и говорни тешкотии, објаснува д-р Челиќ. Родителите, според неа, особено во раното детство, можат многу да го отежнат развојот на говорот на малечкото, ако на пр. немаат доволно време, но и трпение за разговор со детето... Или пак, ако пречесто го коригираат говорењето наместо да слушнат што се обидува да им каже. Барајќи од детето точно да повтори, родителот може да предизвика повлекување на детето и поретка комуникација. - Правилниот начин на охрабрување би бил да му се покаже на детето подобар изговор, т.е. побавно а со поголема јасност да го повтори погрешно изговорениот збор, за детето полесно да го сфати правилниот изговор, советува логопедот. Децата често се потпираат на движења со рацете. - И возрасните користат гестови кога зборуваат. Кај децата, гестикулациите може само да помогнат во зајакнувањето на развојот на јазикот и говорот. Основните гестови како „дај“, „уште“, „јади“, „пиј“, „готово“ заедно со класичните „чао“, „бакнеж“ и покажувањето во голема мера ја олеснуваат комуникацијата. Улогата на гестовите не е да го прекинат говорот, туку да ја олеснат комуникацијата додека детето не биде подготвено да изговори одредени зборови, додава Челиќ. Гестикулациите всушност го тераат детето да повторува одредено дејствие и го мотивираат да комуницира со луѓето околу него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditelite-mozhe-da-go-otezhnat-razvojot-na-govorot-kaj-deteto/feed/ 0
Баба и тетка терале малолетно дете да питачи на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/baba-i-tetka-terale-maloletno-dete-da-pitachi-na-ulitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/baba-i-tetka-terale-maloletno-dete-da-pitachi-na-ulitsa/#respond Thu, 28 Sep 2023 15:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=882883

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривични пријава против А.Џ.(58) и Б.К.(35), двете од Штип, поради постоење основи на сомнение извршено на кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавените, баба и тетка на малолетно дете, го подведувале на питачење на 12.08.2023 на ул.„Братство Единство“ и ул.„8 Септември“ во Дебар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/baba-i-tetka-terale-maloletno-dete-da-pitachi-na-ulitsa/feed/ 0
За родителите да не платат казна, лажно пријавиле дека детето им е вакцинирано – ќе одговара вработена во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-roditelite-da-ne-platat-kazna-lazhno-prijavile-deka-deteto-im-e-vaktsinirano-ke-odgovara-vrabotena-vo-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-roditelite-da-ne-platat-kazna-lazhno-prijavile-deka-deteto-im-e-vaktsinirano-ke-odgovara-vrabotena-vo-bolnitsa/#respond Wed, 27 Sep 2023 15:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=882372

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, раководител на служба  во Јавна здравствена установа во Куманово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување изготвила потврда на име на дете, каде во вакцинален статус навела дека детето има прележано варичела. Од друга страна, лекарите немале податоци за здравствената состојба на детето, врз чија основа би можеле да издадат потврда, со цел да се избегне казна за родителот чие дете не било вакцинирано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-roditelite-da-ne-platat-kazna-lazhno-prijavile-deka-deteto-im-e-vaktsinirano-ke-odgovara-vrabotena-vo-bolnitsa/feed/ 0
Скандал: Наставничка вербално и физички нападнала малолетник во училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-nastavnichka-verbalno-i-fizichki-napadnala-maloletnik-vo-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-nastavnichka-verbalno-i-fizichki-napadnala-maloletnik-vo-uchilishte/#respond Wed, 27 Sep 2023 14:19:43 +0000 https://kurir.mk/?p=882342

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“. На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-nastavnichka-verbalno-i-fizichki-napadnala-maloletnik-vo-uchilishte/feed/ 0
Важни совети за родителите од познат педијатар: Не правете ги ОВИЕ 5 грешки кога вашето дете е болно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazhni-soveti-za-roditelite-od-poznat-pedijatar-ne-pravete-gi-ovie-5-greshki-koga-vasheto-dete-e-bolno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazhni-soveti-za-roditelite-od-poznat-pedijatar-ne-pravete-gi-ovie-5-greshki-koga-vasheto-dete-e-bolno/#respond Wed, 06 Sep 2023 11:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=875193

„Како и секој родител, знам колку е тешко да се грижиш за дете кое се разболело. Тоа вклучува жестока мешавина на емоции: страв, љубов, збунетост и тага. А кога вашето дете е болно, последното нешто треба да бидете преплавени со конфликтни емоции, информации или несакани совети. Само сакате тие да се чувствуваат подобро“, пишува педијатарот Кели Фрејдин, мајка на две деца и автор на прирачник за родителство. Во напис за порталот CNBC, Фрејдин, која е педијатар со диплома од Харвард, но и мајка на две деца, на родителите им дал пет практични упатства за моментите кога нивните деца ќе се заразат со еден од вообичаените вируси. Таа рече дека никогаш не ги прави овие пет работи кога нејзините деца се болни: 1. Ако имаат температура, но спијат, никогаш не ги будам за да им дадам лекови Спиењето е важно за заздравување, закрепнување и раст, а може да биде тешко да го натерате детето да заспие ако кашла или носот е затнат и тоа го држи будно. Иако можеби сте исплашени затоа што вашето дете има температура, ако му е удобно и се одмара, тоа не е итен случај што бара итно лекување. И ако ги оставите да се одморат, можно е нивниот имунолошки систем подобро да ја заврши својата работа и да помогне во борбата против вирусот. 2. Никогаш не се двоумам да им дадам антипиретици ако изгледаат лошо Ако вашето дете има треска и дише побрзо и потешко од вообичаеното, пие помалку течности или има проблеми со спиењето, не би се двоумела да дадам широко користени, безбедни и ефективни лекови за ублажување на симптомите како што е ибупрофен. Но, ако откриете дека ги земате овие лекови три или четири пати на ден, повеќе од три дена, време е да посетите лекар. 3. Никогаш не правам проценка на состојбата врз основа на температурата на термометарот Термометарот не е секогаш најточниот инструмент. Добив многу панични повици од родители кои видоа голем број како 40! Но, добро погледнете го вашето дете пред да почнете да паничите. Ако тие дејствуваат и се чувствуваат нормално, дишат нормално и се добро хидрирани, веројатно не е итен случај. Меѓутоа, ако изгледаат многу болни и вашиот термометар не покажува температура, можеби сепак ќе им треба лекарска помош, пишува Фројдин за CNBC. 4. Никогаш не користам ништо за ублажување на кашлицата освен мед Лековите за кашлица можат да направат повеќе штета отколку корист, а Американската академија за педијатрија препорачува да не се користат. Сирупите за кашлица со многу лекови во еден производ може да го зголемат ризикот од грешки при лекувањето. За деца постари од една година користам само мед или сируп против кашлица со мед како главна состојка. Се покажа дека делува исто како и другите лекови, но со помалку ризици. 5. Никогаш не дозирам лек на лажички Речиси 700.000 деца одат на лекар секоја година поради лекарски грешки. Малите деца се изложени на најголем ризик затоа што често се грижат за нив неколку луѓе кои можеби не се сеќаваат секогаш да проверат кој каков лек им дал и кога, иако се обидуваат. Исто така, употребата на течни лекови понекогаш е сложена. Дозите за деца се разликуваат според возраста и тежината. Лажиците се со различни големини, а чајните лажици често се мешаат со лажици за супа. Од безбедносни причини, секогаш давам информации за дозирањето во милилитри за да бидам попрецизна и да спречам потенцијални грешки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vazhni-soveti-za-roditelite-od-poznat-pedijatar-ne-pravete-gi-ovie-5-greshki-koga-vasheto-dete-e-bolno/feed/ 0
Поучна лекција пред почетокот на учебната година: Седнете со вашето дете… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-lektsija-pred-pochetokot-na-uchebnata-godina-sednete-so-vasheto-dete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-lektsija-pred-pochetokot-na-uchebnata-godina-sednete-so-vasheto-dete/#respond Fri, 25 Aug 2023 20:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=870961

На социјалните мрежи се споделува статус со поучна лекција пред почетокот на учебната година Наскоро започнува новата учебна година. Седнете со вашето дете и објаснете му дека да се биде многу висок, низок, дебел, слаб не е причина за смеење... Или ако ученикот носи очила или исти чевли секој ден. Објаснете му на вашето дете дека стариот ранец ги носи истите соништа како и новиот. Ве молиме научете го вашето дете да не исклучува никого затоа што е сиромашно или „различно“. Објаснете му на вашето дете дека малтретирањето боли и дека оди на училиште за да УЧИ, да се едуцира. Образованието започнува од дома! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-lektsija-pred-pochetokot-na-uchebnata-godina-sednete-so-vasheto-dete/feed/ 0
Детали за ужасот во Куманово: Детето на жртвата и убиецот било сведок, заклучено во соба врескало за помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-uzhasot-vo-kumanovo-deteto-na-zhrtvata-i-ubietsot-bilo-svedok-zaklucheno-vo-soba-vreskalo-za-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-uzhasot-vo-kumanovo-deteto-na-zhrtvata-i-ubietsot-bilo-svedok-zaklucheno-vo-soba-vreskalo-za-pomosh/#respond Fri, 25 Aug 2023 16:34:37 +0000 https://kurir.mk/?p=870971

Двојно убиство и самоубиство попладнево се случи во Куманово. Од полицијата за Курир потврдуваат дека усмртени се две жени, мајка и ќерка, а убиецот самиот си пресудил. -Околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот. Д.Ј. бил пренесен во болницата во Куманово, каде починал, информираат од МВР. Во истиот стан каде се случила трагедија бил и 8-годишниот син на таткото-убиец и мајката-жртва. -Детето, според сознанија на истрагата, било заклучено во една соба, додека таткото се расправал и и викал на сопругата и на нејзината мајка (баба на детето). 8-годишното дете викало на помош, а соседите кога слушнале повикале полиција за семејно насилство. 46-годишниот сопруг со нож ја избодел сопругата, а потоа и нејзината мајка која била во станот на улица Лесковачка во Куманово, пренесува ТВ Телма. Според една верзија која на полицајците им ја кажале соседите, злосторот се случил ноќеска околу 2 часот, а таткото-убиец претходно го заклучил детето во соба. Денеска пак се фрлил од прозорец по што реагирала полицијата која била повикана поради криковите на 8-годишното дете. -Според друга верзија пак, кога полицајците стигнале и кога убиецот ги видел во станот, се приближил до прозорецот и се фрлил од 6-тиот кат на зградата во која се случило двојното убиство. Осомничениот е префрлен во кумановската болница, но не преживеал. Полицајците при интервенција го згрижила 8-годишното дете кое за миг остана без родителите и бабата. Тоа не е повредено, пренесе Телма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-uzhasot-vo-kumanovo-deteto-na-zhrtvata-i-ubietsot-bilo-svedok-zaklucheno-vo-soba-vreskalo-za-pomosh/feed/ 0