Детектор анкета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Mar 2023 15:50:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Детектор анкета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детектор анкета: Граѓаните му дадоа „двојка“ на македонското јавно здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-graganite-mu-dadoa-dvojka-na-makedonskoto-javno-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-graganite-mu-dadoa-dvojka-na-makedonskoto-javno-zdravstvo/#respond Sun, 12 Mar 2023 15:50:13 +0000 https://kurir.mk/?p=810983

Силна двојка или 2,36 е средната оценка коа на скала од 1 до 5 граѓаните му ја дадоа на квалитетот на јавното здравство, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 29,9% од анкетираните на јавното здравство му дале единица, оценувајќи го квалитетот како многу лош. Дополнително двојка дале уште 24,8% од анкетираните а тројка, 26,3%. Јавното здравство четвртока добило од 8,9% од анкетираните додека 3,3% го оцениле квалитетот на јавното здравство со одличен пет. Интересно што е како многу лош квалитетот на здравството во најголем процент го оцениле граѓаните од скопскиот регион и покрај тоа што во главниот град се наоѓаат и најголемите здравствени установи. Граѓаните генерално се незадоволни од сѐ во јавното здравство. Ваков став делат 26,2%. На 21,1% најмногу им пречи процесот на закажување и времето за чекање на преглед. 14,9 не се задоволни од лекарите а 8,2% од инфраструктурата. Најмало незадоволство, граѓаните искажале за медицинските сестри. Во споредба со анкетата која ИПИС ја спроведе за Детектор во 2019 година, граѓаните рефлектираат уште поголемо незадоволство имајќи предвид дека општото незадоволство одјавното здравство пред 4 години било 19,5% а сега е26,2%. Речиси половина од граѓаните сметаат дека јавното здравство било подобро пред 5 години. 49,7% велат дека квалитетот на јавното здравство споредено со пред 5 години денеска е на пониско ниво. 31,8% сметаат дека нема некакви промени додека 12,4% се на ставот дека денешното здравство е подобро од она што го имавме пред 5 години. И тука споредбата со анкетата која Детектор ја објави во 2019 покажува дека граѓаните денеска се значително понезадоволни од пред 4 години. Во услови на силно незадоволство од квалитетот кој го нуди јавното здравство, 22,7% од граѓаните велат дека на лекар почесто одат во приватни здравствени установи. Над две третини од граѓаните или 69,8% се лечат исклучиво во јавното здравство. Близу две третини од анкетираните или 62,3% велат дека со лековите немаат проблем односно дека аптеките се добро снабдени во текот на целиот месец и дека не е проблем да се набават лекови на рецепт. Во спротивното се уверени 30,5% од граѓаните. Близу три четвртини од сите анкетирани граѓани или точно 73,9% велат дека во моментов Македонија не ги исполнува стандардите и препораките на Европската Унија во однос на квалитетот на здравството. Дека имаме здравство во согласност со европските стандарди сметаат 17,3% од граѓаните. И ова е прашање за кое имаме податоци од истражувањето во 2019 година и тие покажуваат дека денеска граѓаните се значително понегативно расположени околу почитувањето на европските стандарди во македонското здравство. Ако во 33,2% во 2019 година сметале дека имаме здравство во согласност со стандардите на Европската Унија денеска таа бројка речи си и да се преполовила на 17,3%. Бројот на граѓани кои сметаат дека здравството ни е далеку од Европската Унија од 57,6% во 2019 скокнал на 73,9% во најновото истражување. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена во периодот од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-graganite-mu-dadoa-dvojka-na-makedonskoto-javno-zdravstvo/feed/ 0
Детектор анкета: Корона кризата влијае на економската состојба на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-korona-krizata-vlijae-na-ekonomskata-sostojba-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-korona-krizata-vlijae-na-ekonomskata-sostojba-na-gragjanite/#respond Sun, 10 May 2020 17:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=344251 Речиси една четвртина (25,8%) од граѓаните велат дека тие или некој од нивното семејство привремено или трајно останале без работа поради корона кризата, додека 67,8% од
анкетираните велат дека го немале тој проблем, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 14,4% од анктираните одговориле дека поради кризата приходите во нивното семејство се намалиле, 47,4% немаат намалување на семејните приходи, додека 32,4% дека донекаде имаат намалување на приходите.

Сепак, анкетата не покажува значителен раст на задолжувањето. Само 4,7% од анкетираните
граѓани велат дека во овој период аплицирале или планираат да аплицираат за кредит во банка,
додека 80.7% велат дека не го сториле тоа.

Од мерките и понудите на банките за време на кризата задоволни се 53,3% од граѓаните, наспроти 24% кои не се.

Околу 60 отсто од граѓаните кажале дека дека цените на храната и лековите се зголемени, 28,4% дека останале исти, додека 4,9% сметаат дека имало поевтинување. Граѓаните се на ставот дека во продавниците ги има потребните производи – 86,1% од анкетираните велат дека кога пазаруваат успеваат да ги најдат сите производи во продавниците, додека 12,6% одговриле дека не можат секогаш се да купат.
За 24,1% во продавниците најтешко се наоѓа брашно, за 21,3% средства за дезинфекција и
чистење, додеа по 12,1% велат дека кога пазаруваат најчесто им недостасува тоалетна хартија и
овошје и зеленчук.

Најголем дел од граѓаните или 38,1% велат дека пазаруваат неколку пати неделно, 28,3% во
продавница одат еднаш во неделата, 20,7% во супермаркетите по храна и други основни
потреби одат секој ден, 7,7% рекле дека пазаруваат неколку пати месечно, 2,8% само еднаш
месечно, а 1,6% и поретко од еднаш во месецот. Купувањето главно се прави со директно одење во продавниците бидејќи 72,5% од анкетираните велат дека во овој период на коронавирусот не ја користеле можноста за онлајн купување, додека онлајн шопинг правеле 21,4%.

Повеќе од половина од анкетираните или 56,5% не очекуваат недостаток на храна и лекови поради коронавирусот, а 20,6% стравуваат дека тоа може да се случи.

Во однос на анкетата од март, може да се забележи намалување на бројот на граѓани кои очекуваат недостаток на храна и лекови поради корона кризата и тоа од 32,6% во март на 20,6% во април и раст на бројот на граѓани кои не очекуваат недостаток на храна и лекови од 50,4% во март на 56,5% во април.

Од анкетиранире, 58,5% кажале дека се информирани оти поради корона вирусот, во Македонија има
пристигнато помош или донација од странство, додека 41,5% велат дека немаат такви
информации. Анкетата покажува дека 18,6% од граѓаните најголема помош очекуваат од Европската Унија, по 3,7% од НАТО и Турција, 2,7% од Словенија, 2,2% од Кина и по 2% од САД и Русија, а 31,2% помош не очекуваат од никого.

Граѓаните сметаат дека на Македонија во моментов најмногу и треба финансиска помош. Ваков
став имаат 39,7% од анкетираните, 24,8% сметаат дека најнеопходна во моментов е медицинската
помош, 14,3% помош во стручен медицински персонал, 10,6% во лекови и 2,6% во храна.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за
политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот
од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-korona-krizata-vlijae-na-ekonomskata-sostojba-na-gragjanite/feed/ 0
Јавноста со жестока критика за работата на Манчевски и СДСМ, дури 35,6 проценти од граѓаните сметаат дека администрацијата е повеќе партизирана денес отколку пред 5 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-so-zestoka-kritika-za-rabotata-na-manchevski-i-sdsm-duri-35-6-procenti-od-gragjanite-smetaat-deka-administracijata-e-povekje-partizirana-denes-otkolku-pred-5-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-so-zestoka-kritika-za-rabotata-na-manchevski-i-sdsm-duri-35-6-procenti-od-gragjanite-smetaat-deka-administracijata-e-povekje-partizirana-denes-otkolku-pred-5-godini/#respond Sun, 26 Apr 2020 15:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=337593

Јавноста критички е настроена кон Владата на СДСМ и работата на минситерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски кога станува збор за партизираноста на јавната администрација. Огромен дел од граѓаните сметаат дека е партизиран јавниот сектор во Република Македонија. Најновата анкета на емисијата „Детектор“ укажува дека дури 80 проценти од македонските граѓани сметаат дека е партизирана јавната администрација во Република Македонија, додека само 8,2 имаат спротивно мислење. Она што уште повеќе треба да ја загрижи власта е тоа што дури 55,1 процент од граѓаните сметаадтдека вработените во јавната администрација пред се се посветени на спроведување на партиски активности, додека само 22,3 проценти од граѓаните сметаат дека вработените во јавниот сектор се постветени на професионално извршување на работните задачи. Во најновата анкета на „Детектор“ дури 66,5 проценти од граѓаните одговориле дека по изборите власта била фокусирана за остварување на своите лични и партиски интереси, додека само 16,4 проценти од граѓаните сметаат дека Владата работела во интерес на државата. Јавноста е критички настроена кон политиките за вработување во јавната администрација и на актуелната Владата на СДСМ па така дури 35,6 проценти од граѓаните сметаат дека денес партизираноста во администрацијата е поголема од пред 5 години. 41,5 проценти од граѓаните сметаат дека никогаш не би можеле да се вработат во некоја од државните институции без партиска книшка, додека високи 21,8 сметаат дека е тоа маклу веројатно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-so-zestoka-kritika-za-rabotata-na-manchevski-i-sdsm-duri-35-6-procenti-od-gragjanite-smetaat-deka-administracijata-e-povekje-partizirana-denes-otkolku-pred-5-godini/feed/ 0
Детектор анкета: Над 20% од вработените граѓани останале без своето работно место поради корона кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-nad-20-od-vrabotenite-gragjani-ostanale-bez-svoeto-rabotno-mesto-poradi-korona-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-nad-20-od-vrabotenite-gragjani-ostanale-bez-svoeto-rabotno-mesto-poradi-korona-krizata/#respond Sun, 05 Apr 2020 16:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=327714

Секој петти вработен граѓанин во Македонија останал без своето работно место како последица на економската криза предизвикана од епидемијата на корона, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 12,1% од вкупниот број на граѓани велат дека го загубиле работното место или пак добиле привремен отказ или суспензија поради кризата со корона вирусот. 33,4% велат дека одат на работа исто како и пред кризата. 10,7% од граѓаните поради корона вирусот работат од дома, додека 2,5% немаат некои промени во статусот бидејќи и претходно работеле од дома. Останатите нешто над 40% се невработени и пензионери. Кога тие ќе се исклучат од истражувањето, анкетата покажува дека 20,6% од анкетираните вработени граѓани останале без работното место, додека 56,9% се уште одат на работа како и претходно. 18,2% од вработените анкетирани граѓани работат од дома, а за 4,3% вработени граѓани нема никакви промени бидејќи тие и пред кризата си работеле од дома. Две третини од граѓаните или 66% сметаат дека државата треба да покрие дел од загубите на домашните приватни компании предизвикани од кризата, додека 12,3% сметаат дека државата не треба од буџетски средства да ги покрива загубите. 79,1% од анкетираните сметаат дека државата треба да покрие дел од загубите на најпогодените компании, додека само 5,6% не се согласуваат со тоа. Кога станува збор за помош и на домашните и на странските компании, поддршка даваат 54,5% од анкетираните а 21,7% се против. 70,6% од граѓаните или нешто над две третини се на ставот дека државата треба да ги компензира и оние кои биле привремено или вработени како хонорарци а останале без работа како резултат на корона кризата, додека 8,9% се против. Најголем дел од граѓаните велат дека покрај за своето здравје, економската криза е тоа за што најмногу се грижат во овој период. Ваков став имаат 38,8% од анкетираните. 15,3% стравуваат од колапс на здравствениот систем а 10,7% од недостаток на храна, лекови и други стоки, додека 5,6% стравуваат од губењето на работното место. Анализирано според возрасната структура, за економската криза најголема е загриженоста кај анкетираните кои имаат меѓу 40 и 49 години. Дури 48,6% од нив велат дека покрај можноста да се заразат, најмногу се плашат од економската криза. Граѓаните кои се помлади но и постари од оваа група велат дека се нешто помалку загрижени за економијата. Најмалку за економијата се грижат најстарите. Само 27,1% од анкетираните над 60 години велат дека економската криза е најголемиот проблем ако се исклучи можноста да се заразите со вирусот. 39,1% од младите до 29 години велат дека најмногу ги загрижува економската криза покрај здравствената. Ваков став имаат 44,8% од граѓаните меѓу 30 и 39 години и 36,6% од оние кои се на возраст од 50 до 59 години. Анализирано според местото на живеење, најголема загриженост за економската криза има во источниот регион каде 48,2% од граѓаните велат дека покрај можноста да се заразат најмногу се плашат од економската криза. Овој процент паѓа на 45,6% во скопскиот и 43,2% во полошкиот регион. Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-anketa-nad-20-od-vrabotenite-gragjani-ostanale-bez-svoeto-rabotno-mesto-poradi-korona-krizata/feed/ 0