детоксикација на телото – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Sep 2018 10:16:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детоксикација на телото – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Природни начини за детоксикација https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/prirodni-nachini-za-detoksikacija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/prirodni-nachini-za-detoksikacija/#respond Fri, 21 Sep 2018 10:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=104106

Ако постојано се чувствувате уморно и тешко, без оглед на тоа дали работите напорно или не, тогаш време е за промени во вашите навики. На вашето тело му е потребна детоксикација за да се чувствува свежо и одморено, а и вие да бидете подобро расположени. Но, што треба да направите? Помалку кафе Иако е одличен напиток за почеток на денот, сепак прекумерното конзумирање на кафето има негативен ефект на нашето здравје, расположение и начин на спиење. Доколку сакаме да направиме детоксификација на нашето тело, треба да почнеме од кафето. Прекумерното конзумирање на кафе има негативно влијание на сонот, што на долг рок предизвикува замор и лошо расположение. Затоа, најдобро е да пиете кафе кога навистина имате потреба за тоа, а не многупати во текот на денот. Повеќе зелен чај Зелениот чај е богат со антиоксиданти кои можат да го исчистат црниот дроб од токсичните состојки но и да ве заштитат од многу болести и да го подобрат имунитетот. Истовремено, тој го подобрува варењето и ја поттикнува хидратацијата во телото. Здрава исхрана Наместо преработена храна и состојки богати со адитиви, потребно е да се конзумира повеќе овошје и зеленчук, како и домашно подготвени сокови. Исто така, важно е да се намали внесот на јаглехидрати. Пијте вода со лимон наутро Млака вода со лимон како прво нешто по будењето е едно од најдобрите нешта кои можете да ги направите за своето тело. Земете 1 чаша млака вода со ¼ исцеден лимон. Тоа ја помага детоксикацијата, ги балансира хормоните и го подобрува имунитетот. Јадете зелка Зелката има двојна детокс улога. Нејзините диуретски состојки овозможуваат телото да се ослободи од вишокот течности и токсините. Таа го зголемува производството на антиоксиданти и детоксикациски ензими, и го стимулира создавањето на глутатион кој го чисти црниот дроб. Конзумирајте ѓумбир Можете да направите чај, да го додадете во салатите и супите или пак да додадете неколку парчиња во водата. Ѓумбирот му помага на телото да се ослободи од токсините и го подобрува нашиот имунолошки систем. Вежбајте Аеорбичните активности со низок интензитет се одлични за деоксикација. Тоа му помага на нашето тело да се раздвижи, а и ги активира и нашето срце и бели дробови. Се препорачува пешачење, трчање, танцување, пливање и возење велосипед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/prirodni-nachini-za-detoksikacija/feed/ 0
Целосна детоксикација на телото за само 72 часа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/celosna-detoksikacija-na-teloto-za-samo-72-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/celosna-detoksikacija-na-teloto-za-samo-72-chasa/#respond Wed, 29 Aug 2018 11:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=93594

Шеќерот е штетен за организмот, и тоа го знаеме. Она што не знаеме е дека повеќето намирници, кои ги јадеме во текот на денот, содржат шеќер. Нашето тело го трансформира шеќерот во енергија, а неискористените делови ги претвора во масти, што предизвикува зголемување на телесната тежина. Иако е речиси невозможно да се заобиколи шеќерот во секојдневната исхрана, обидете се да издржите тридневна детоксикација, со која ќе го елиминирате вишокот шеќер од телото. Покрај тоа, овој тип на исхрана е здрав и ги содржи сите потребни хранливи материи за квалитетен живот, така што можете да го повторувате често (или пак воопшто да не прекинувате)! Тридневната детоксикација за исфрлање на шеќер од телото се состои од внимателен избор на храна. За време на детоксикација, вклучете овесни снегулки, риби, ореви, пилешко, зеленчук, јогурт или кефир во храната. Не постои јасно пропишан план за исхрана за овие 3 дена. Потребно е само да се избегне шеќерот (дури и овошјето)! За појадок, јадете овесна каша со јогурт. За ручек, пилешко на скара и салата по ваш избор. Подгответе ја својата омилена риба со блитва. Пијте вода и незасладени чаеви во текот на денот. Пожелно е да се исфрли дури и кафето, но можете да си дозволите едно незасладено кафе дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/celosna-detoksikacija-na-teloto-za-samo-72-chasa/feed/ 0
Со овој напиток ќе ги исфрлите токсините, а ги топи и маснотиите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-ovoj-napitok-kje-gi-isfrlite-toksinite-a-gi-topi-i-masnotiite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-ovoj-napitok-kje-gi-isfrlite-toksinite-a-gi-topi-i-masnotiite/#respond Fri, 06 Jul 2018 06:29:45 +0000 https://kurir.mk/?p=73498

Во лето најпотребно ни е освежувањето, а наместо газирани сокови полни со шеќери направите природен сок од грејпфрут, боровинки и друго овошје. Не само што се поздрави, туку можат да помогнат и во слабеењето. Таканаречените детокс води се решение за топлите денови, зашто не само што го разладуваат телото, туку го чистат и од разни отрови. На обичната вода додадете неколку парчиња лимон, листови од мента и малку ѓумбир и вашиот струк ќе се затекне, а ќе се зајакне и производството на хормонот за среќа. Експертите советуваат дека секој ден треба да се јаде околу 60 отсто протеини, а остатокот треба да бидат јаглехидрати. Секако, со тоа треба да внесувате доволно вода зашто таа најефикасно ги исфрла отровите од организмот. Тие советуваат во текот на денот да се испие најмалку два литра вода. Со неколку вистински состојки, водата можете да ја направите повкусна, а намирниците кои се додаваат можат да влијаат на губењето килограми.

Грејпфрутот на пример, е одличен зашто содржи нарингин кој постигнува топење на масните наслаги, но содржи и ликопен и витамин А и Ц, кои го зајакнуваат имунитетот. Ваквата вода можете да ја пиете секојдневно, без ограничувања и без страв од какви било нуспојави. За да ја добиете т.н. „Sassy вода“ во бокал додадете сок од лимон или неколку парчиња лимон, изрендан ѓумбир, неколку листови мента и парчиња свежа краставица. Патот до витката линија би требало да биде поплочен со боровинки, зашто овие бобинки имаат голема корист за здравјето. Боровинките се суперхрана која е преполна со антиоксиданси и ги разбиваат масните наслаги во организмот, спречуваат и настанување на нови, а сето тоа е поради полифенолот кој овие бобинки го содржат. За помал апетит и убав облик на струкот добра е комбинацијата вода, мед и сирење, која се пие наутро и навечер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-ovoj-napitok-kje-gi-isfrlite-toksinite-a-gi-topi-i-masnotiite/feed/ 0