детска амбасада меѓаши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Apr 2022 06:01:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детска амбасада меѓаши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Донаторска аукција по повод 30 години од формирањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donatorska-aukcija-po-povod-30-godini-od-formiranjeto-na-prvata-detska-ambasada-vo-svetot-megjashi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donatorska-aukcija-po-povod-30-godini-od-formiranjeto-na-prvata-detska-ambasada-vo-svetot-megjashi/#respond Thu, 28 Apr 2022 06:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=668917

По повод 30 години од формирањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, вечер ќе се одржи гала донаторска аукција, насловена „Да ги вратиме детските насмевки во мода“. Аукцијата ќе се одржи во ресторанот Рагуза 360. Пред почетокот на аукцијата ќе биде прикажан краток филм за Детската амбасада Меѓаши низ годините, потоа ќе се обрати Драги Змијанац основач и претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Предвидена е и презентација на Монографијата детската амбасада од 1992-2022 година. – Сите собрани средства ќе бидат насочени за поддршка на работата на Ало Бушавко, линијата преку која веќе 29 години децата и нивните блиски можат да побараат совет, помош или поддршка од секој вид. Оваа линија е единствена СОС линија од таков вид во државата и е специјализирана да овозможи 24 часовна поддршка на која само минатата година се регистрирани 329 јавувања, 30 проценти повеќе од 2020 година, информираат од Меѓаши. Оттаму посочуваат дека овие бројки ја одразуваат реалноста на проблемите што ги предизвика пандемијата на коронавирусот и ја изразуваат зголемената потреба на корисниците, што за да опстои потребно е да има дополнителен професионален и обучен тим. – Наша желба е преку обезбедените донации да овозможиме непречена работа на Ало Бушавко во текот на целата година. Токму затоа, во рамки на нашиот проект, наша мисија да обезбедиме што повеќе донации со што би им помогнале на што повеќе деца и семејства, додаваат од Меѓаши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donatorska-aukcija-po-povod-30-godini-od-formiranjeto-na-prvata-detska-ambasada-vo-svetot-megjashi/feed/ 0
Меѓаши ќе ги промовира наодите од онлајн истражувањето за искуството на учениците од далечинското учење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-kje-gi-promovira-naodite-od-onlajn-istrazuvanjeto-za-iskustvoto-na-uchenicite-od-dalechinskoto-uchenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-kje-gi-promovira-naodite-od-onlajn-istrazuvanjeto-za-iskustvoto-na-uchenicite-od-dalechinskoto-uchenje/#respond Tue, 17 Aug 2021 05:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=551441

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска ќе ги промовира наодите од онлајн истражувањето чијашто цел беше да испита какво е искуството на учениците од далечинското учење во учебната 2020/21, со посебен фокус на зачестеноста на врсничкото насилство и видовите, во тие наставни услови. Истражувањето беше спроведено во текот на јуни преку онлајн платформа на репрезентативен примерок од над 1200 ученици од основни и средни училишта од цела земја од проф. Софија Георгиевска од Институтот за социјална работа, при УКИМ. Беше спроведено во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на децата во превенција од насилството“ поддржан од Фондацијата ОАК, во партнерство со САПИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-kje-gi-promovira-naodite-od-onlajn-istrazuvanjeto-za-iskustvoto-na-uchenicite-od-dalechinskoto-uchenje/feed/ 0
Меѓаши бара итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-itni-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-itni-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/#respond Thu, 10 Dec 2020 14:12:38 +0000 https://kurir.mk/?p=441533

Меѓународен ден на човекови права – Правото на живот. Бараме итни мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на децата и нивниот живот. Загадувањето на воздухот во урбаните средини е континуирано над европските стандарди и претставува алармантен проблем. Во 2019 година Македонија имаше највисока годишна концентрација на ПМ 2.5 честички во Европа (1) и 3 400 прерани смртни случаи како директна последица од загадувањето.(2) Енормното аерозагадување во зимскиот период е проблем за 2/3 од децата во државата. (3) Децата се особено ранливи на штетните ефекти од загадувањето на воздухот. Децата вдишуваат поголема количина на воздух а со тоа поголема количина и на штетни супстанции. Тие се подложни на негативните ефекти од загадувањето на воздухот, особено за време на феталниот развој и во најраните години. Респираторните заболувања со години се на првото место во структурата на поединечните групи на болести кај децата,(4) а медицинскиот кадар постојано апелира за негативните ефекти од загадувањето врз здравјето на децата. Децата истакнуваат дека покрај на нивното физичко здравје, аерозагадувањето се одразува и на ментално здравје, им го ограничува секојдневното функционирање и ги принудува да останат во своите домови. (5) Тие се исто така загрижени за негативниот ефект на загадениот воздух врз нивните блиски и другите луѓе во државата кои имаат здравствени проблеми, како и за дополнителните здравствени трошоци како резултат на проблемите предизвикани од аерозагадувањето. Како се чувствуваат децата кога воздухот е загаден и како тоа влијае на нивниот секојдневен живот? (6) „Се чувствувам изнемоштено и омалаксано, ме боли стомакот.“ „Имам некои здравствени проблеми и загадениот воздух уште повеќе ми го попречува дишењето.“ „Порано немав проблем, но оваа зима имав проблем со дишењето. На моменти не можев да земам воздух и бев приморана да носам маска и цело време да одам на инхалација кај матичната докторка,чија амбуланта не е во близина на моето место на живеење. Со што моите родители тој период имаа многу повеќе дополнителни трошоци за мене и моето здравје.“ „Се чувстувам лошо. Мојот родител има хроничен бронхитис, и многу лошо му влијае целата ситуација со воздухот и му наштетува на здравјето. Тоа исто така дополнително ме загрижува. Ми влијае и мене, постојано сум затнат и не можам да се издишам.“ „Депресивно.“ „Не се чувствувам среќно и понекогаш се вонемирувам.“ „Се осекам напнато и влијае негативно на мене.“ „Се чувствувам нездраво и немам желба за излегување на прошетки и слично.“ „Се чуствувам како да живеам во ѕвоно поради тоа што ретко изглегувам надвор и морам да носам маска.“ Покрај здравствените, аерозагадувањето има и сериозни економски последици.(7) Така, анализите на Светска банка укажуваат дека аерозагадувањето ја чини државата од 500–900 милиони долари годишно.(8) Во изминатите години беа донесени повеќе национални (9 10 11) и локални (12) стратешки документи за подобрување на квалитетот на воздухот. Најголем дел од предвидените активности во нив се насочени кон минимални рестриктивни мерки во делот на сообраќај и кон субвенции за промена на начинот на загревање на домаќинствата.(13) Најголем дел од овие мерки не се спроведени, а само мал дел се во фаза на изработка/подготовка.(14) Македонија, како потписник на бројни меѓународни документи за заштита на човековите права, вклучително и Конвенцијата за заштита на правата на децата има обврска да ги почитува, заштитува и унапредува условите за реализација на човековите права на децата. Оваа обврска бара државата да преземе соодветни законски, административни, буџетски, судски и други мерки во правец на целосна реализација на правата на децата. Во таа насока, ја повикуваме државата да ги исполни обврските во однос на почитување на основното право, ПРАВОТО на ЖИВОТ воведувајќи ИТНИ мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на децата и нивниот живот. Прва детска амбасада во светот Меѓаши]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-itni-merki-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-na-vozduhot/feed/ 0
Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-apel-do-vladata-da-ja-preispita-odlukata-za-vrakjanje-na-rabota-i-od-porodilno-na-roditelite-na-deca-do-10-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-apel-do-vladata-da-ja-preispita-odlukata-za-vrakjanje-na-rabota-i-od-porodilno-na-roditelite-na-deca-do-10-godini/#respond Wed, 16 Sep 2020 10:35:24 +0000 https://kurir.mk/?p=403984

Првата детска амбасада во светот Меѓаши апелира до Владата по повод одлуките поврзани со враќањето на работа на родителите на деца до 10 годишна возраст, донесени на четвртата седница и враќањето на работа, односно на редовно извршување на работните задачи за вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23 септември 2020 година, среда, имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи. – Во услови кога сè уште не се јасни начините како ќе се продолжи образовниот процес, бројките на заразени случаи сè уште немаат тренд на опаѓање, изменети услови на учење без разлика на изборот – со физичко присуство или онлајн, сметаме дека одлуката е неконзистентна со претходните одлуки и премногу е краток рокот за да им се овозможи на родителите соодветно да се организираат, се вели во апелот на Меѓаши. На децата на училишна возраст, особено на првачињата, наведуваат оттаму, им е неопходно присуство на еден родител и во случај на онлајн настава, и во случај на посета на наставата со физичко присуство. Со оглед на најавеното скратено времетраење на часовите, велат од Меѓаши, децата ќе поминуваат значително помалку време на училиште и поради работниот ангажман на своите родители може да се најдат во ситуација сами да поминуваат повеќе саати во своите домови, се до враќањето на нивните родители. – Имајќи ги предвид малиот капацитет на предучилишните установи, како и протоколите со кои дополнително се ограничува бројот на деца по група, неизвесно е дали сите деца чии родители се работно ангажирани ќе можат да бидат навремено примени во градинка. Прашањето на континуирана и квалитетна грижа за децата, безбедноста, менталното здравје и нивната благосостојба е оставено неодговорено, нема понудено решение од страна на Владата за надминување на оваа состојба, се наведува во соопштението. Од Меѓаши посочуваат дека стресот предизвикан кај родителите со оваа нагла одлука со рок на спроведување од една седмица ќе има последици врз севкупниот семеен живот што пак ќе се одрази повторно на децата. – Веруваме дека Владата и сите надлежни институции при носењето на одлуките водат грижа за најдобриот интерес на децата и во таа насока апелираме да се преиспита оваа одлука, додаваат во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-apel-do-vladata-da-ja-preispita-odlukata-za-vrakjanje-na-rabota-i-od-porodilno-na-roditelite-na-deca-do-10-godini/feed/ 0
ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА МЕЃАШИ: Шекеринска ги политизира и децата со конкурсот за НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-detska-ambasada-megjashi-shekerinska-gi-politizira-i-decata-so-konkursot-za-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-detska-ambasada-megjashi-shekerinska-gi-politizira-i-decata-so-konkursot-za-nato/#respond Tue, 02 Apr 2019 11:16:07 +0000 https://kurir.mk/?p=181475

Загрижени сме по повод објавениот конкурс за творби за светското одбележување на 70 годишнината од формирањето на НАТО пактот, се вели во реакцијата по повод конкурсот за НАТО за деца на возраст од 4 до 17 години, што го промовира министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. – Темите на конкурсот кои „би ги доближиле претставите, поимот и значењето на НАТО“ сметаме дека се промоција на воени теми и идеи, а спорна е и возраста на децата, особено најмалите бидејќи конкурсот е наменет за деца на возраст од 4 до 17 години. Обид за манипулација и индоктринација на деца од основните и средните училишта во Македонија. Првата детска амбасада во светот Меѓаши остро реагира на ова, се вели во денешната реакција од Меѓаши. Првата детска амбасада цврсто верува и се залага за промоција на мирот и ненасилната трансформација на конфликти, воедно верувајќи дека свет без алијанси кои промовираат моќ, демонстрираат сила и сеат страв, би бил подостоен за живеење. – Идејата за заштита и промовирањето на заштитата како основа за формирање на вакви алијанси не ги исклучуваат можностите за агресија и напад преку што се нанесуваат неизмерни штети со бројни жртви. Поради страотните информации и слики како и видео прилози од ефектите на делувањето на овие алијанси децата во училиштата ги учат причините за формирање, но не толку и последиците од формирањето и со право е тоа така. Сакаме да ги заштитме децата од трауми. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги повикува учениците да се вклучат во пишувањето на есеи преку својот Фејсбук профил притоа непотенцирајќи дали да пишуваат за последиците или за причините за формирање, за позитивните ефекти или негативните или пак за статистиките на загинати деца во конфликтите во кои учествувала алијансата, се вели во реакцијата. Натаму во долгата реакција се додава: – Можеби се работи за тема која ќе ја разбуди емпатијата кај средношколците и би пишувале за децата чии родители загинале во воените конфликти и животот по загубата на родител, или пак за животот на родители по загубата на дете во еден таков воен конфликт од кој НАТО било дел. Во период на значааен технолошки развој и изолација на децата преку користење на напредна технологија и земја во која се загрозени многу основни човекови права, каде владее сиромаштија и има потреба од изнаоѓање на форми за решавање на сите овие основни прашања, зарем награди треба да се добиваат за глорификување на воена алијанса од која сеуште не сме ни дел, ја прашуваат Шеќеринска од Меѓаши. Првата детска амбасада ги повикува и поттикнува учениците кои решиле да конкурираат на овој конкурс добро да се запознаат со НАТО алијансaта, со сите негативни импликации, да ги согледаат поготово последиците и да се обидат да ја почуствуваат болката и тагата од војната и да ги пресликаат тие чувства на есеите со кои ќе аплицираат. – Со вклучувањето на децата во политички цели се повредени повеќе права од членовите од Уставот и Законот за заштита на децата и од Конвенција за правата на детето, се вели меѓу другото во реакцијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prva-detska-ambasada-megjashi-shekerinska-gi-politizira-i-decata-so-konkursot-za-nato/feed/ 0