детска болница козле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 17:46:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детска болница козле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се проширува дејноста на детската болница „Козле“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proshiruva-dejnosta-na-detskata-bolnitsa-kozle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proshiruva-dejnosta-na-detskata-bolnitsa-kozle/#respond Tue, 24 Oct 2023 17:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=892680

Владата, на денешната седница донесе Одлука со која Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје. -Со оваа одлука се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност, како и вршење здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изградување и спроведување на стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажување стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветната гранка на медицината. Со оваа одлука, ќе се добие побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите и ќе се намали притисокот кон други установи со што ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите, информираат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-proshiruva-dejnosta-na-detskata-bolnitsa-kozle/feed/ 0
Хоспитализирани 6 деца со туберкулоза, за два месеци дијагностицирани 11 случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-6-detsa-so-tuberkuloza-za-dva-mesetsi-dijagnostitsirani-11-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-6-detsa-so-tuberkuloza-za-dva-mesetsi-dijagnostitsirani-11-sluchai/#respond Fri, 24 Mar 2023 06:50:28 +0000 https://kurir.mk/?p=815786

Бројот на случаи со туберкулоза во нашата земја континуирано опаѓа, но болеста се уште е присутна. Ова го потврдија за МИА од болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“ и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Директорот на болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, д-р Бесник Зеќири, вели дека во Институтот, годишно имаат во просек по 10 до 12 деца. - Заради ковид-пандемијата, овие бројки беа помали во изминатите две години, по пет до осум деца. Годинава, за два месеца имаме дијагностицирано 11 случаи на ТБЦ, и околу 20 со латентна туберкулозна инфекција, изјави за МИА, директорот на болницата Зеќири. Тој појасни дека на нивниот оддел за туберкулоза, моментално болнички се лекуваат шест деца и сите се во стабилна состојба. -За спречување на оваа болест потребна е вакцинација со БЦГ вакцина по раѓање, откривање на болните, најчесто возрасни лица со белодробна тбц кои ја шират заразата, и најважно откривање на контактите и нивно иследување, особено децата кај кои е потребна соодветна заштитна терапија, како не би дошло до развој на болест, посочи Зеќири. Според најновите податоци на Светската здравствена организација, во 2021 година се регистрирани 10.6 милиони случаи на заболени од туберкулоза, што е еквивалент на 134 регистрирани случаи на 100.000 жители за таа година. Република Северна Македонија последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, каде од 2019 година припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, што имаат помалку од 10 случаи на 100.000 жители, нагласи за МИА, директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел. -Иако е излечлива и превентабилна болест, 141 година од откривањето на причинителот на туберкулозата, 75 години од откривањето на ефикасни лекови, туберкулозата се уште претставува глобален здравствен проблем. Присутна е во сите земји и сите возрасни групи. Секој може да заболи од туберкулоза. Но, одредени групи на лица се со зголемен ризик да заболат од истата, а тоа се лица кои биле во непосреден контакт со болен од туберкулоза, членови на семејството, особено децата, потоа лицата кои живеат со ХИВ, исто така лица кои живеат во затворени колективи како прифатилишта за мигранти и бездомни лица, затворите, психијатриски одделенија, лица кои живеат со материјални средства под границата на сиромаштијата, како и хронични болни со намален имунитет, каде не постои можност за спречување на болеста - дијабетичари, болни со долготрајна кортикотерапија, болни од малигни заболувања, истакна Зејнел. Постигнатиот напредок кон целите за елиминација на оваа болест во светски и домашни рамки, како што додаде Зејнел, во значителна мерка е компромитиран од страна на ковид-пандемијата, каде поради рефокусираноста на здравствените системи и популацијата кон истата, само е зголемен јазот помеѓу регистрираните случаи и реалната бројка на заболени од туберкулоза. -Иако е присутна кај сите возрасни групи, за жал, гледано според возрасните групи, туберкулозата најчесто се јавува кај најработоспособната популација, помеѓу 20 до 40 година од животот, а машкиот пол е двојно повеќе опфатен, најверојатно поради бихејвиоралните одлики на машкиот пол. Во основа, еден здрав организам најчесто успешно се бори со туберкулозните бацили, каде и во случај на инфекција, таа останува под контрола, во скриена - латентна форма. Кај пет до 10 отсто од инфицираните лица, болеста може да се јави по неколку години поради состојбата на организмот - имунитетот - и факторите на околината. Ако отпорноста на организмот е слаба, тогаш инфекцијата преминува во активна болест, којашто истовремено е и заразна, појасни Зејнел за МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hospitalizirani-6-detsa-so-tuberkuloza-za-dva-mesetsi-dijagnostitsirani-11-sluchai/feed/ 0
Во „Козле“ хоспитализирани околу 40 деца, стабилна состојбата по стартот на второто училишно полугодие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kozle-hospitalizirani-okolu-40-detsa-stabilna-sostojbata-po-startot-na-vtoroto-uchilishno-polugodie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kozle-hospitalizirani-okolu-40-detsa-stabilna-sostojbata-po-startot-na-vtoroto-uchilishno-polugodie/#respond Fri, 27 Jan 2023 10:33:38 +0000 https://kurir.mk/?p=792739

Од почетокот на второто полугодие од учебната година нема зголемување на бројот на прегледи и хоспитализации во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле“, информиарат за МИА од болницата каде моментно се хоспитализирани околу 40 деца со бронхопневмонија. -Состојбата е мирна и стабилна. Иако е само првата седмица од второто полугодие. До петок идната седмица ќе видиме дали почетокот на вториот дел од учебната година ќе влијае на бројката на пациенти, коишто ќе дојдат во нашата установа, изјави за МИА директорот на болницата „Козле“ Бесник Зеќири. Зеќири потсети дека зголемен број на пациенти, помали и повозрасни деца, имале пред Новата година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kozle-hospitalizirani-okolu-40-detsa-stabilna-sostojbata-po-startot-na-vtoroto-uchilishno-polugodie/feed/ 0
Енормно зголемен бројот на пациенти во детската болница „Козле“, над 100 прегледи за едно дежурство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/enormno-zgolemen-brojot-na-pacienti-vo-detskata-bolnica-kozle-nad-100-pregledi-za-edno-dezurstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/enormno-zgolemen-brojot-na-pacienti-vo-detskata-bolnica-kozle-nad-100-pregledi-za-edno-dezurstvo/#respond Sun, 16 Oct 2022 17:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=746095

Детската болница Козле е речиси со исполнет капацитет, најголем дел од хоспитализирани се до четири годишна возраст. Најчестите симптоми со кои децата доаѓаат се кашлица, покачена температура и секрет од нос. -Приливот на пациенти енормно расте. Над 100 е бројката кои доаѓаат на преглед само на дежурство. Сабота и недела е зголемен бројот. Од понеделник до петок не ги рачунаме. Зголемен е бројот моментално лежат 86 мајки и деца заедно. Едно е само ковид кое денеска го пуштивме, вели педијатарот д-р Драган Дачевски. Доктор Дачевски вели дека во вечерните часови се активираат ларингити, сува кашлица во народот позната како „кучешко лаење.“ -Доминира сега пневмонија кај децата. Кај оние помалите по година, година ипол бронхолитите има опција и на пронхоспаза и воспаленије на самите дишни патишта, вели Дачевски. Ова се причините според д-р Дачевски за здравствената состојба кај децата. -Поголемото дружење на родителите особено кога е вака убаво времето групација има и на деца и на родители. Треба да внимаваат со кого се дружат, да не бидат тоа деца кои поткашлуваат на кои им тече носот, бидејќи родителите тоа некогаш го сфаќаат како нормално. Има промена на температурите штом ќе зајде сонцето е ладно. Наутро за во училште и градинка треба да бидат топло облечени, додава тој. Д-р Дачевски советува витаминотерапија за овој период на промена на температури и топли напитоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/enormno-zgolemen-brojot-na-pacienti-vo-detskata-bolnica-kozle-nad-100-pregledi-za-edno-dezurstvo/feed/ 0
Едномесечни близначиња најмлади пациенти на коронавирус во Козле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ednomesechni-bliznachinja-najmladi-pacienti-na-koronavirus-vo-kozle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ednomesechni-bliznachinja-najmladi-pacienti-na-koronavirus-vo-kozle/#respond Fri, 26 Nov 2021 09:16:10 +0000 https://kurir.mk/?p=600081

Едномесечни близначиња се најмладите пациенти заразени од коронавирус во Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, изјави директорот на клиниката Бесник Зеќири во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. – Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти на корона вирус се две близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје – рече Зеќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ednomesechni-bliznachinja-najmladi-pacienti-na-koronavirus-vo-kozle/feed/ 0
Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19, од кои две се на кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-ima-21-dete-zarazeno-so-kovid-19-od-koi-dve-se-na-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-ima-21-dete-zarazeno-so-kovid-19-od-koi-dve-se-na-kislorodna-poddrshka/#respond Tue, 09 Nov 2021 11:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=593109

Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба. Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири. Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години. – Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, додаде д-р Зеќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-ima-21-dete-zarazeno-so-kovid-19-od-koi-dve-se-na-kislorodna-poddrshka/feed/ 0
Четири деца и четири родители се хоспитализирани во детската болница во Козле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-deca-i-chetiri-roditeli-se-hospitalizirani-vo-detskata-bolnica-vo-kozle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-deca-i-chetiri-roditeli-se-hospitalizirani-vo-detskata-bolnica-vo-kozle/#respond Sun, 11 Oct 2020 08:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=414960

Во последниот извештај на институтот за Јавно здравје се наведува дека во болницата во Козле се хоспитализирани четири деца и четири родители позитивни на Ковид-19. Во извештајот се додава дека нема хоспитализирани кои чекаат резултати од тестирањето за Ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 55 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани се 45 пациенти, од кои на респиратор се шест пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetiri-deca-i-chetiri-roditeli-se-hospitalizirani-vo-detskata-bolnica-vo-kozle/feed/ 0
РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: Бројката на новозаразени деца расте од ден на ден, во болницата во Козле се примаат сѐ повеќе мајки со деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditeli-vnimavajte-brojkata-na-novozarazeni-deca-raste-od-den-na-den-vo-bolnicata-vo-kozle-se-primaat-s-povekje-majki-so-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditeli-vnimavajte-brojkata-na-novozarazeni-deca-raste-od-den-na-den-vo-bolnicata-vo-kozle-se-primaat-s-povekje-majki-so-deca/#respond Mon, 31 Aug 2020 12:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=397307

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5  позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditeli-vnimavajte-brojkata-na-novozarazeni-deca-raste-od-den-na-den-vo-bolnicata-vo-kozle-se-primaat-s-povekje-majki-so-deca/feed/ 0
Детската болница Козле од денеска прима пациенти со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskata-bolnica-kozle-od-deneska-prima-pacienti-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskata-bolnica-kozle-od-deneska-prima-pacienti-so-kovid-19/#respond Sun, 21 Jun 2020 08:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=360360

Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле од денеска прима возрасни пациенти заболени од КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство, информирајќи дека се прават последните подготовки за нејзино ставање во функција за прием на позитивни на вирусот. На располагање се 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика. Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста. – Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од КОВИД-19. Во моментот во Болницата се сместени три дечиња сомнителни на вирусот, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од КОВИД-19, соопшти вчера Министерството за здравство. Покрај на Инфективната клиника, болницата „8 Септември“ која функционира како КОВИД-центар, сомнителни и заболени пациенти со коронавирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, а се подготвува и КОВИД-центар во Кавадарци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskata-bolnica-kozle-od-deneska-prima-pacienti-so-kovid-19/feed/ 0
Детската болница во Козле демантира дека имало пожар, од Бригадата за противпожарна заштита велат дека била опожарена кровната конструкција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskata-bolnica-vo-kozle-demantira-deka-imalo-pozar-od-brigadata-za-protivpozarna-zashtita-velat-deka-bila-opozarena-krovnata-konstrukcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskata-bolnica-vo-kozle-demantira-deka-imalo-pozar-od-brigadata-za-protivpozarna-zashtita-velat-deka-bila-opozarena-krovnata-konstrukcija/#respond Thu, 01 Nov 2018 14:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=122323

Од Детската болница во Козле попладнево преку соопштение ги демантираа информациите дека имало пожар во објектот, иако претходно командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески за КУРИР изјави дека во болницата било интервенирано со 2 противпожарни возила и 5 пожарникари. Според директорот на болницата Ангелчо Андоновски, станува збор само за краткотрајно топење на каблите во еден од тоалетите, поради што превентивно била повикана противпожарна служба, согласно протокол за реагирање во вакви ситуации. Томески пак вели дека опожарен бил аспираторот за вентилација во делот на кровната конструкција. -Не се настанати никакви оштетувања, освен незначителна материјална штета. Директорот апелира да не се шири непотребна паника и напоменува дека децата кои се сместени во тој дел од зградата се безбедни и нема повредени лица, се наведува во соопштението. Томески за КУРИР пак, изјави дека било интервенирано со противпожарни возила и пожарникари во детската клиника во Козле. -Опожарен беше аспираторот за вентилација во делот на кровната конструкција. Беше интервенирано со 2 возила и 5 пожарникари. Нема причинето поголема штета, а нема ниту повредени, истакна Томески за КУРИР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskata-bolnica-vo-kozle-demantira-deka-imalo-pozar-od-brigadata-za-protivpozarna-zashtita-velat-deka-bila-opozarena-krovnata-konstrukcija/feed/ 0