детска болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Apr 2023 13:01:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детска болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ХОРОР: За четири години пријавени над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба во детска болница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-za-chetiri-godini-prijaveni-nad-1-600-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-detska-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-za-chetiri-godini-prijaveni-nad-1-600-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-detska-bolnitsa/#respond Tue, 11 Apr 2023 13:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=822880

Британската приватна детска болница за ментално здравје Хантеркомб во Мејденхед, која има само 59 кревети, во изминатите четири години пријави над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба. Тоа е повеќе од половина сексуални истраги пријавени во 209 одделенија за ментално здравје на децата ширум Велика Британија. Од 2019 година британската Национална здравствена служба (НХС) испраќала повеќе од едно предупредување дневно, не е преземено ништо да се спречи ранливите пациенти да се испраќаат во одделението кое има 1.643 пријави за сексуални инциденти. Пријавените инциденти се од сексуално непримерно обраќање до сериозни сексуални напади и силувања. Откако Индипендент минатата година објави за вербално и физичко малтретирање во приватната здравствена институција, пациентите беа прераспределени во други клиники. Но, групацијата Хантеркомб најави дека планира повторно да отвори како одделение за возрасни. Минатиот месец беше пријавен сексуален напад во одделението во Стафорд на групацијата Хантеркомб. Веста уследи откако беше затворено одделението во Девон, каде медицинска сестра е осудена за сексуална злоупотреба на двајца пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-za-chetiri-godini-prijaveni-nad-1-600-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-detska-bolnitsa/feed/ 0
Поради пожарот во близина на Атина превентивно евакуирана детска болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozarot-vo-blizina-na-atina-preventivno-evakuirana-detska-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozarot-vo-blizina-na-atina-preventivno-evakuirana-detska-bolnica/#respond Tue, 19 Jul 2022 18:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=707578

Освен четири населби и Националната опсерваторија за кои претходно беше дадена наредба за евакуација, вечерва превентивно беше евакуирана и детска болница што се наоѓа во близина на пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Од болницата, 36 деца и 19 вработени беа префрлени во друга детска болница исто така во Атина. Шумскиот пожар започна од планината Пендели и поради силниот ветер брзо се спушти и се прошири кон населените места, ситуацијата вечерва е особено тешка, а пожарот предизвика материјална штета на домови. Со заоѓањето на сонцето запре и гаснењето од воздух, а авионите и хеликоптерите ќе продолжат да интервенираат утре наутро, штом се раздени. Во гаснење на пожарот интервенираат 350 пожарникари,13 пешадиски тима, 60 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, мобилизирани се противпожарни сили од северна и централна Грција и од Епир, а ангажирани се и 150 полицајци со 58 возила за превентивна евакуација на населби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-pozarot-vo-blizina-na-atina-preventivno-evakuirana-detska-bolnica/feed/ 0
Во руски напад е погодена детска болница во Мариупол, тврдат украинските власти (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ruski-napad-e-pogodena-detska-bolnica-vo-mariupol-tvrdat-ukrainskite-vlasti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ruski-napad-e-pogodena-detska-bolnica-vo-mariupol-tvrdat-ukrainskite-vlasti-video/#respond Wed, 09 Mar 2022 16:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=644244

Русија уништи детска болница во опколениот пристаништен град Мариупол во југоисточниот дел на Украина, соопшти градскиот совет. Во соопштението објавено на Фејсбук, властите велат дека „руските окупаторски сили фрлија неколку бомби врз детската болница. Уништувањето е огромно“. Претставниците на Советот додадоа дека сѐ уште не го знаат точниот број на жртвите. - Породилното одделение во центарот на градот, детското одделение и терапевтското одделение во болницата – сите се уништени во руски воздушен напад врз Мариупол, рече во фејсбук-видео началникот на регионалната воена администрација, Павло Кириленко. Тој додаде дека ранетите во нападот се евакуирани во најблиската болница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ruski-napad-e-pogodena-detska-bolnica-vo-mariupol-tvrdat-ukrainskite-vlasti-video/feed/ 0
Маја Иванова ја посети Детската болница на Мичиген во Детроит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-ja-poseti-detskata-bolnica-na-michigen-vo-detroit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-ja-poseti-detskata-bolnica-na-michigen-vo-detroit/#respond Sat, 22 Sep 2018 12:15:09 +0000 https://kurir.mk/?p=104518

Во рамки на работната посета на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на САД, сопругата на претседателот Маја Иванова, во Детроит ја посети Детската болница на Мичиген. Сопругата на македонскиот претседател од менаџментот беше запозната со севкупната работа на оваа детска болница, идните планови во нејзината работа, а беше разговарано и за можностите за соработка на болницата со здравствени институции во Македонија. Иванова ги претстави нејзините активности поврзани со детското здравје, со посебен акцент на децата со аутизам, соопшти прес-службата на Кабинетот на претседателот. - Често велам дека аутизмот не познава големи и мали држави, богати и сиромашни држави, туку тоа е проблем за којшто треба да се обединиме и да работиме сите. Активноста што ја започнав за аутизмот во Македонија, потекнуваше токму од овде, од Соединетите Американски Држави, кадешто присуствував на конференциите што се организираат од организацијата Autism Speaks и веднаш по враќањето ги продолжив моите активности во Македонија. Почнав да ја подигам јавната свест, да бидам гласноговорникот во Македонија за подигање на јавната свест дека аутизмот во Македонија постои, и треба да се обединат сите, да се соочат со тој проблем и едноставно да почнат со негово решавање. Меѓутоа не застанувам тука, затоа што аутизмот не познава само активности, туку познава обединување на сите оние што треба да работат на овој проблем, почнувајќи од образовниот систем, од здравствениот систем, од невладините организации. Посетата на оваа болница ми е големо искуство, затоа што видов дека овде здравствената заштита на децата е на највисоко можно ниво, со најсовремена опрема, со најмодерна опрема. Се надевам дека мојата посета овде ќе биде една иницијатива да се продолжи натаму со соработката помеѓу оваа болница и Детската болница во Скопје. Се надевам дека оваа посета ќе вроди со плод, изјави Иванова. Луан Евалд, главен извршен директор на Детската болница на Мичиген пПосочи дека разговарале за начините како може да разменат информации, како американските лекари можат да соработуваат со македонските, за подобро здравје на децата. Иванова е носител на повеќе иницијативи за подобрување на здравјето и унапредување на здравствената заштита на децата. Нејзините напори и активности се првенствено насочени кон борбата против аутизмот и подигнувањето на јавната свест за постоењето на оваа болест. Меѓу бројните реализирани активности, под нејзино покровителство, во 2016 година во Скопје беше отворен Центарот за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушувања, а во 2013 година беше отворен првиот Детски ургентен центар во Република Македонија. За време на работната посета на претседателот Иванов на САД, предвидено е Иванова во Њујорк да присуствува на настанот со првите дами учеснички на 73. Генерално Собрание на ОН во организација на Првата дама на САД, Меланија Трамп, како и на настан на високо ниво кој го приредува првата дама на Република Турција, Емине Ердоган, додаваат од Кабинетот на Иванов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maja-ivanova-ja-poseti-detskata-bolnica-na-michigen-vo-detroit/feed/ 0
Ќе се изненадите од цената: Еве колку чини фустанот на Меланија Трамп кој изгледа како од „милион долари“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-se-iznenadite-od-cenata-eve-kolku-chini-fustanot-na-melanija-tramp-koj-izgleda-kako-od-milion-dolari-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-se-iznenadite-od-cenata-eve-kolku-chini-fustanot-na-melanija-tramp-koj-izgleda-kako-od-milion-dolari-foto/#respond Mon, 02 Apr 2018 19:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=35370

Првата дама на Америка, Меланија Трамп пред празниците посети детска болница во Флорида, а во текот на посетата на малите пациенти им подели подароци. Популарната Словенка беше многу расположена, а нејзината модна комбинација потврди дека е исконска модна икона. Носеше црно-бел фустан во линии со асиметричен крој кој го нагласуваше струкот, а тој изгледаше одлично во комбинација со чевлите од Кристијан Лабутен. Нејзината комбинација која чинела нешто помалку од 1.000 евра ја осмислил американскиот дизајнер Адам Липес. Адам Липес е дизајнер кој често го бира Амал Клуни, а во својата гардероба има неколку парчиња од него. Во текот на зимата познатата адвокатка го носеше неговиот капут со крзно. Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана на шега изјави дека таа е неговата прва сопруга и додаде: „Значи, јас сум прва дама. добро?“. На тоа стигна одговор од таборот на Меланија: „Првата дама својата титула има намера да ја користи да би им помогнала на децата, а не да продава книги“. Оваа посета во болницата и дружењето со децата потврда дека таа не го изгубила својот фокус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-se-iznenadite-od-cenata-eve-kolku-chini-fustanot-na-melanija-tramp-koj-izgleda-kako-od-milion-dolari-foto/feed/ 0