детска клиника козле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 09:25:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детска клиника козле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стефковски предаде донација од Општина Гази Баба за Детската клиника Козле https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-predade-donatsija-od-opshtina-gazi-baba-za-detskata-klinika-kozle/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-predade-donatsija-od-opshtina-gazi-baba-za-detskata-klinika-kozle/#respond Fri, 07 Apr 2023 09:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=821401

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска беше во посета на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата-Козле, каде што предаде донација составена од опрема. - Денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето. Во таа чест утрово бев во посета на Јавната здравствена установа – Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле каде што општина Гази Баба донира опрема составена од PH метри за потребите на институтот. Среќен сум што токму денес кога го одбележуваме Светскиот ден на здравјето имавме можност да ја предадеме нашата донација и со тоа имавме можност да дадеме наш придонес во подобрувањето на условите за добивање на поквалитетна здравствена заштита за нашите дечиња, изјави Стефковски. Тој посочи дека донацијата е резултат на реализираната манифестација „Пивтијата“, која имала хуманитарен карактер. - Општина Гази Баба и во следниот период ќе продолжи со реализација на хуманитарни активности. За нашата хуманост, само небото може да ни биде граница, истакна Стефковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-predade-donatsija-od-opshtina-gazi-baba-za-detskata-klinika-kozle/feed/ 0
Најголемиот број од децата хоспитализирани во болницата во Козле се на возраст до 3 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolemiot-broj-od-decata-hospitalizirani-vo-bolnicata-vo-kozle-se-na-vozrast-do-3-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolemiot-broj-od-decata-hospitalizirani-vo-bolnicata-vo-kozle-se-na-vozrast-do-3-godini/#respond Wed, 16 Feb 2022 15:56:57 +0000 https://kurir.mk/?p=632279

Иако е зголемен бројот на новозаразени деца на училишна возраст во детската болница Козле најголемиот дел од хоспитализираните се до 3 години. Во моментот во Институтот на болничко лекување имаат 31 малолетен пациент, пренесе телевизија Сител. -Сите се во општа добра состојба, имаме само едно дете  кое е на кислородна подршка. Во принцип од сите деца што ги имаме 60-65 проценти се од 0 до 3 години, значи помали деца, школските деца се во помал број и не е во пораст деновиве. Значи родителите повеќе да внимаваат затоа што на помалите деца вирусот им е пренесен од родителите, изјави д-р Бесник Зеќири, директор на детската болница Козле. Директорот на детската болница посочува дека периодов намален е и бројот на деца со Ковид кои доаѓаат на преглед во амбулантите. Повеќето мали пациенти имале други вирусни инфекции или алергии. -Имаме намалување на бројот на амбулантски прегледи кои се движат од 60 до 80 за едно денонокие, вели д-р Зеќири, пренесе Сител. Од друга страна во Ковид центрите во кои се третираат возрасни пациенти хоспитализирани се 560 граѓани со компликации од вирусот, половината се на скопските клиники и во ГОБ 8-ми септември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najgolemiot-broj-od-decata-hospitalizirani-vo-bolnicata-vo-kozle-se-na-vozrast-do-3-godini/feed/ 0
Д-р Зекири: Во Козле нема ниту едно празно место! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-zekiri-vo-kozle-nema-nitu-edno-prazno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-zekiri-vo-kozle-nema-nitu-edno-prazno-mesto/#respond Mon, 05 Apr 2021 09:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=492477

Капацитетот на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле кој неодамна беше пренаменет во Ковид центар е пополнет. Нема ниту едно слободно место за прием на нови пациенти. Од 45 пациенти, 8 се со ниска сатурација и се на кислородна поддршка, рече денеска во Утрински брифинг директорот на болницата, Бесник Зекири. -Здравствената состојба на околу триесетина пациенти се подобрува и очекуваме во наредните денови нивно испишување од болница, со што би се обезбедиле дополнителни капацитети за нови пациенти, вели Зекири. Пред две недели детката болница Козле беше пренаменета во Ковид центар, а сите деца кои тогаш биле затекнати во болницата, биле препратени во Клиниката за детски болести. -Сите деца кои се позитивни на Ковид, но и децата со други болести директно одат на Детската клиника. Моментално во болницата Козле не се вршат прегледи на деца. Кога пред два месеца бев назначен за директор на болницата, имав други планови за третман на децата, посебно затоа што во ек е сезоната на алергиите, ние сме установа која ги третира белодробните заболувања кај децата, но зголемениот број заразени ни ги промени плановите. Очекуваме до крајот на април да се нормализира ситуацијата и веќе од мај да продолжиме да работиме со прием и прегледи на деца во болницата. За тоа да се случи прво ќе треба да ги испишеме сите пациенти болни од коронавирус и да се направи комплетна дезинфекција за што ќе биде потребно околу две недели, вели директорот на болницата, Зекири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-zekiri-vo-kozle-nema-nitu-edno-prazno-mesto/feed/ 0
Коронавирусот не ги поштедува ниту децата – двомесечно бебе е најмалиот заразен пациент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-ne-gi-poshteduva-nitu-decata-dvomesechno-bebe-e-najmaliot-zarazen-pacient/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-ne-gi-poshteduva-nitu-decata-dvomesechno-bebe-e-najmaliot-zarazen-pacient/#respond Wed, 28 Oct 2020 17:31:49 +0000 https://kurir.mk/?p=421805

Коронавирусот не ги поштедува ниту децата. Осум деца се позитивни на Ковид-19 и се хоспитализирани во детската болница Козле. Две од нив се на кислородна поддршка. Пред три дена е хоспитализирано новороденче, а најголемото дете заразено со Ковид-19 има 15 години, објавува ТВ21. „Во болницата во Козле која се користи како Ковид центар за деца, хоспитализирани се 12 деца заразени со коронавирус. Во моментов 8 од нив се позитивни, две од нив се на кислородна поддршка. Најмалиот пациент е стар само 2 месеца, а најголемото дете 15 години. Нивната здравствена состојба е стабилна“, посочи репортерката на ТВ21. Од Министерството за здравство информираат дека состојбата на заразените деца со корона вирус е стабилна и се третираат со потребната терапија. Целата вест прочитајте ја ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-ne-gi-poshteduva-nitu-decata-dvomesechno-bebe-e-najmaliot-zarazen-pacient/feed/ 0
АЛАРМАНТНО: Шест деца позитивни на коронавирусот денеска хоспитализирани во Козле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-shest-deca-pozitivni-na-koronavirusot-deneska-hospitalizirani-vo-kozle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-shest-deca-pozitivni-na-koronavirusot-deneska-hospitalizirani-vo-kozle/#respond Wed, 26 Aug 2020 20:40:00 +0000 https://kurir.mk/?p=395848

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-shest-deca-pozitivni-na-koronavirusot-deneska-hospitalizirani-vo-kozle/feed/ 0
Во болницата во Козле хоспитализирани 22 пациенти со коронавирус, двајца на кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-hospitalizirani-22-pacienti-so-koronavirus-dvajca-na-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-hospitalizirani-22-pacienti-so-koronavirus-dvajca-na-kislorodna-poddrshka/#respond Mon, 29 Jun 2020 10:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=364844

Дваесеттина пациенти се хоспитализирани во болницата на Козле, а вкупниот капацитет на болницата е 60-тина кревети со централен довод на кислорот, што е многу битно за третманот на овие пациенти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на таа јавна здравствена установа. Посочи дека болницата од пред неколку дена функционира како Центар во кој се лекуваат пациенти со Ковид-19. – Ова е педијатриска установа, но со огромна експертиза на лекарите, медицинските сестри во третманот на пациенти со белодробни заболувања. Дополнет е кадарот со експетри, специјалисти по интерна медицина пред се од Клиничкиот центар во рамките на системот на ротација, потенцира Филипче. Нагласи дека ќе продолжи секојдневното, но и долгорочното планирање на капацитетите за третман на овие пациенти и во следниот период, а предвидени се и други капацитети. Според Филипче, засега нема зголемување на притисокот кон јавно здравствените установи, во однос на тоа што било пред минатата недела. – Модуларната болница кај Инфективната клиника е целосно испразнета. Таму во овој момент се поставува централен довод на кислорот. Капацитетот на Инфективната клиника не е целосно пополнет, има неколку слободни кревети. Во болниците ширум државата освен во Битола каде има неколку четири пет слободни места во другите инфективни одделенија капацитетите се полупразни, додаде Филипче. Директорот на болницата во Козле, Ангелчо Андоновски рече дека дваесеттината пациенти хоспитализирани во таа здравствена установа се на возраст од 41 до 85 години. Посочи дека двајца од нив на кислородна поддршка. – Имаме и две деца позитивни на Ковид-19, кои се во добра општа состојба, додаде д-р Андоновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-hospitalizirani-22-pacienti-so-koronavirus-dvajca-na-kislorodna-poddrshka/feed/ 0
Детска клиника: Децата со температура од утре да се носат во болницата „Козле“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detska-klinika-decata-so-temperatura-od-utre-da-se-nosat-vo-bolnicata-kozle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detska-klinika-decata-so-temperatura-od-utre-da-se-nosat-vo-bolnicata-kozle/#respond Sun, 15 Mar 2020 21:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=316979

Клиниката за детски болести ги известува сите родители и матични лекари кои од утре ќе имаат итна потреба децата со температура да ги донесат во болница, тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“. Исто така, ако има деца кои живеат во регионот кој сега е ставен под режим за движење (Дебарско), за преглед да се упатуваат кон Институтот, со предходна најава. Ова е одлука на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се заштитат децата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести. Институтот Козле има капацитет да ги згрижи децата со температура, суспектни на коронавирус и децата кои доаѓаат дебарскиот регион. Хоспитализираните пациенти кои сега се во Козле во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detska-klinika-decata-so-temperatura-od-utre-da-se-nosat-vo-bolnicata-kozle/feed/ 0
Катастрофални услови на Институт за белодробни заболувања „Козле“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastrofalni-uslovi-na-institut-za-belodrobni-zaboluvanja-kozle-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastrofalni-uslovi-na-institut-za-belodrobni-zaboluvanja-kozle-foto/#respond Fri, 14 Dec 2018 12:09:04 +0000 https://kurir.mk/?p=140177

По низа скандали што ја потресоа јавноста, а се случија во Институтот за белодробни заболувања „Козле“ по социјалните мрежи пред неколку дена протекоа и слики во какви услови се лекуваат малите дечиња. Уловите се катастрофални, кревет на кој треба да лежи мајката со своето дете е во должина од 130 центиметри додека ширина е само 65 центиметри. Креветот е обложен одвај со 2 центиметри сунѓер. Додека пак перниците се полнети со партали, а постелнината е со разно разни флеки. Родителите реагираат на сето ова посочувајќи дека се фрлаат милиони и милиони на неважни работи, додека за основни и пристојни услови по болниците се нема пари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katastrofalni-uslovi-na-institut-za-belodrobni-zaboluvanja-kozle-foto/feed/ 0
Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле одбележа 65 години од основањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-po-belodrobni-zaboluvanja-kaj-decata-kozle-odbeleza-65-godini-od-osnovanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-po-belodrobni-zaboluvanja-kaj-decata-kozle-odbeleza-65-godini-od-osnovanjeto/#respond Mon, 23 Apr 2018 12:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=44851

Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле бележи постојан напредок во рехабилитацијата и лекувањето на децата со белодробни заболувања, секогаш следејќи ги најновите трендови во областа, беше истакнато на денешното одбележување 65 години од основањето на оваа јавна здравствена установа. Директорот на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле, Ангелчо Андоновски во обраќањето изрази надеж дека ќе оваа јавна здравствена устаноца ќе функционира уште многу години со ист дух и желби. Посочи дека се залагаат болницата да стане регионална детска државна болница. Ангелчо Андоновски Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски истакна дека соработуваат со Институтот со цел унапредување на условите за работа на неговиот медицински персонал и унапредување на условите за третман на децата на кои им е неопходна здравствена услуга. Посочи дека во оваа јавна здравствена установа персоналот несебично се вложува за здравјето на дечињата. Институтот и натаму и со уште посилно темпо и во континуитет, нагласи, продолжува да работи за унапредување на здравствениот систем во насока на обезбедување квалитетни услуги за децата. Гоце Чакаровски - Ќе дадеме придонес оваа установа да стане гордост и пример на ниво на државата и во регионот како установа која прави се за унапредување на здравствената заштита и третманот на дечињата. Ќе иницираме активности и проекти чија цел ќе биде модернизирање, едуцирање и квалитетно работење на оваа установа, додаде Чакаровски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-po-belodrobni-zaboluvanja-kaj-decata-kozle-odbeleza-65-godini-od-osnovanjeto/feed/ 0