детска стоматологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Oct 2021 13:42:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детска стоматологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Донација од Малта апарат за прочистување на воздухот на Клиниката за детска стоматологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-malta-aparat-za-prochistuvanje-na-vozduhot-na-klinikata-za-detska-stomatologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-malta-aparat-za-prochistuvanje-na-vozduhot-na-klinikata-za-detska-stomatologija/#respond Wed, 20 Oct 2021 13:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=582611

Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција Франческо Саверио Џуисти донираше апарат за прочистување и дезинфекција на воздухот на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при Јавната Здравствена Установа Универзитетски Стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје. Оваа донација, како што соопшти Амбасадата на Малта, е по иницијатива на сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, која се погрижи ваквата иницијатива да се финализира  во активна соработка со Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Република Северна Македонија. Церемонијата за донацијата на апаратот се одржа во просториите на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар, во присуство на Елизабета Ѓоргиевска и директорот Д-р спец. Ариан Даци. Донацијата претставува конкретен и значаен гест во добротворни цели и солидарност, со цел поддршка на младите генерации на македонскиот народ кои се иднината на земјата. Според 100-годишната традиција на Редот на Малта, амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Скопје, најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи во иднина, со цел да се помогне на сиромашните и на лицата со посебни потреби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-malta-aparat-za-prochistuvanje-na-vozduhot-na-klinikata-za-detska-stomatologija/feed/ 0