детска ужина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Sep 2021 08:44:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детска ужина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Совети за здрава детска ужина https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/soveti-za-zdrava-detska-uzina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/soveti-za-zdrava-detska-uzina/#respond Thu, 02 Sep 2021 08:44:56 +0000 https://kurir.mk/?p=558251

Враќањето на училиште со физичко присуство претставува предизвик за некои родители. Меѓу новите грижи е и прашањето – што ќе јаде детето на училиште? Стручњаците велат дека ужинките треба да бидат здрави, полни со сите хранливи материи, но и прилагодени на децата. Нутриционистката Шарлот Стирлинг-Рид открива што може да се спакува во кутијата со ужинка за на училиште. – Пред сѐ, рамнотежата е важна. Треба да има доволно храна за децата да не бидат гладни дента. А, и тоа треба да биде нешто што тие сакаат да го јадат, но сепак да биде здраво, вели таа. За да има доволно јаглехидрати, се препорачува леб од цели зрна, тортиљи, крекери, тестенини, компир или ориз. – Комбинирајте храна од бело и ’ржано брашно. Но, менувајте во текот на седмицата, за да не јадат иста работа секој ден. Исто така, важно е да јадат и овошје или зеленчук. Излупете го овошјето и исечете го на помали парчиња, а зеленчукот комбинирајте го во јадењето – додајте домати во сендвичот или тиквички и моркови, рече д-р Рид. Протеинот е исто така важен и тој не се наоѓа само во месото и рибата. – Подгответе им на децата и јајца во училишната ужина. Додадете малку јогурт, сирење или мал тетрапак млеко, советува докторката. И на крај, не заборавајте ги течностите. Децата брзо дехидрираат, особено ако е топло, затоа шише вода или чај секогаш треба да има во ранецот. Шарлот советува да се избегнуваат бисквити, колачи, грицки, чипс, смоки и газирани сокови полни шеќер. Тоа нека биде во поумерени количини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/soveti-za-zdrava-detska-uzina/feed/ 0