детски бес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 12:52:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детски бес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најчести пет вида детски бес https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-pet-vida-detski-bes/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-pet-vida-detski-bes/#respond Thu, 12 Jan 2023 12:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=786467

Според психолозите, детскиот бес се дефинира како емоционални изливи на гнев кај деца под пет години. Тоа се јавува во облик на ненадејни, неконтролирани епизоди на гнев и плачење, во повеќето случаи – без очигледна причина. Според познавачите, има пет различни видови бес. Следи објаснување за тоа како да се реагира на секој од нив. Привлекување внимание или изразување конкретно барање Овој излив на гнев децата најчесто го користат за да се обидат да стекнат „контрола“ над своите родители, а тоа обично го прават кога сакаат повеќе внимание, при детска љубомора кон брат или сестра или кога едноставно сакаат да минуваат повеќе време со родителот. Тоа е поводот, но не и вистинската причина за бесот. Психолозите сметаат дека детето во тој случај се чувствува изолирано и запоставено и најдобро е да му се дозволи да се смири само од себе. Откако ќе се смири, родителите треба да се обидат да разговараат со малечкото и да се дознае скриената причина за тој бес. Фрустрација или замор Овој вид бес е многу чест, а всушност е само знак дека детето е сè уште многу мало и нема контрола над своите чувства и емоции. Поради ова, тоа плаче и станува раздразливо кога е фрустрирано или уморно. Честопати, фрустрацијата е резултат на неразбирање на она што му се говори… Ако е така, важно е да поминете повеќе време со малечкото објаснувајќи му ги работите и зборувајте меѓу себе за тоа како тој или таа се чувствува. Од друга страна, детето може да има бес и само затоа што е уморно и му треба сон. Во овие случаи, треба просто да го однесете в кревет. Одбивање покорност Психолозите објаснуваат дека овој бес обично се случува кога децата одбиваат да одат в кревет, да појдат на училиште или да направат одредена задача. Пред сѐ, важно возрасниот да не дозволи детето да „манипулира“ со него преку тагата или гневот. Наместо тоа, обидете се да му дадете однапред на знаење што очекувате од него. Деструктивни бесови Овој вид бес е многу агресивен и може да биде крајно непријатен за родителот, како и за детето. Во овие случаи, детето може да ја изгуби контролата и, освен што вреска и плаче, почнува да удира други лица и да фрла предмети. Психолозите советуваат – доколку се појави ваков бес, однесете го детето на мирно место и оставете го само да се смири. По 10 минути, обидете се со разговор во којшто ќе му објасните зошто не треба да удира други луѓе и да уништува свои и туѓи нешта. Самоповредувачки бес Тука се говори за потешки емоционални испади при кои детето целосно ја губи контролата и сѐ тоа преоѓа кон повредување на другите луѓе, или дури и себеси. За да се избегнат сериозни повреди, држете го детето цврсто в раце, но разговарајќи со него со мирен и присебен тон. По неколку минути ќе се смири, велат психолозите. Иако е добро да му дозволите на детето да се смири, кога постои ризик од повреда, важно е родителот веднаш да реагира. Исто така, психолозите велат дека родителот никогаш не смее да се откаже од разговорот и објаснувањето на негативните последици од ваквото однесување. Имено, детето мора да научи поинаков начин на покажување на негативни емоции и несогласувања, коешто никако не дозволува агресивно однесување. Важно е да се нагласи дека детето ретко се однесува бесно, онака – пресметано и намерно. До петгодишна возраст нема целосна контрола врз своите емоции и постапки, бидејќи неговиот мозок сѐ уште се развива и тоа сѐ уште нема научено реално да се гледа себе и своето однесување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-pet-vida-detski-bes/feed/ 0