Детски Рацинови средби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 16:37:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Детски Рацинови средби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Организацискиот одбор на 55. Детски Рацинови средби распиша повеќе конкурси за учениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/organizaciskiot-odbor-na-55-detski-racinovi-sredbi-raspisha-povekje-konkursi-za-uchenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/organizaciskiot-odbor-na-55-detski-racinovi-sredbi-raspisha-povekje-konkursi-za-uchenicite/#respond Fri, 14 Oct 2022 16:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=745482

Организацискиот одбор на 55. Детски Рацинови средби распиша конкурс за предметните наставници од основните училишта за изработка на мултимедијален ИКТ проект, инспириран од ликот и делото на безвремениот Коста Солев Рацин на тема: „Рацин – поет на болката и љубовта“. Од Одборот појаснуваат дека креативноста во изработката е на самиот наставник и учениците, а во него ќе се вреднува оригиналноста, иновативноста, интерактивноста, инспиративноста, современите методи и форми на работа. Секој наставник има право на учество со еден ИКТ проект. Снимката од активностите и презентациите да не биде подолга од 10 минути. Најдобрите три проекта ќе бидат избрани од страна на стручна жири-комисија, формирана од организаторот. Распишан е и поетски и ликовен конкурс на истата тема. Право на учество имаат ученици од VI до IX одделение од oсновните училишта и ученици од I до IV година од средните училишта.Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу по пет поетски творби. Најзначајно е детските песни да се оригинални и соодветни на темата. На ликовниот конкурс секој ментор има право да учествува со цртеж од еден ученик. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу по пет ликовни творби. Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата. Организацискиот одбор на 55. Детски Рацинови средби распишува конкурс на тема: „Цветен венец од стихови за Рацин“ – групна работа. Конкурсот подразбира групна литературно–ликовна творба. Секој одделенски наставник–ментор има право да учествува со една изработка. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу по пет изработки. Творбите да се испраќаат на адресата: ул.„Алексо Демниевски“ бр.11, 1400 Велес, со назнака „За 55. Детски Рацинови средби“ најдоцна до 31 октомври 2022 година со следните податоци: име и презиме на наставникот, училиште, место, е-адреса и телефон за контакт. Најдобрите три изработки ќе бидат избрани од страна на стручна комисија, формирана од организаторот. На натпреварот во ораторство за сите ученици од I до IV година од средните училишта во државата на тема:„Рацин – поет на љубовта и болката“, секој ментор има право да пријави еден ученик. Од секое училиште можат да учествуваат вкупно тројца ученици. Говорот да не биде подолг од 5 минути. Пријавувањето да се изврши по електронски пат на следната е-адреса: [email protected] со назнака „За ораторство“, најдоцна до 31 октомври 2022 година. Ораторите ќе бидат известени за времето на одржување на манифестацијата и натпреварот. Тие појаснуваат дека при бодувањето стручната жири-комисија ќе вреднува оригиналност, израз, правоговор, соодветни гестови, почитување на определената временска рамка, интерактивност на публиката и задржување на нејзиното внимание. Ќе има и рецитаторски натпревар за сите ученици од I до IV година од средните училишта во државата. Натпреварот ќе се одвива во три последователни круга. Во првиот круг натпреварувачите потребно е да испратат снимка од песната „Копачите“ на следната е-адреса: [email protected] најдоцна до 31 октомври 2022 година. При рецитирањето на снимката не смее да се употребува фон. Секој ментор има право да учествува со еден ученик. Од секое училиште можат да учествуваат тројца ученици. Жири-комисијата ќе направи избор на десет најдобри рецитатори, кои ќе се натпреваруваат во втор круг, за време на одржувањето на манифестацијата со песна од Рацин по сопствена желба. Тие појаснуваат дека најдобрите од вториот круг ќе влезат во трет круг и ќе рецитираат песна од Рацин по избор на жири-комисијата, информираат од Организацискиот одбор на 55. Детски Рацинови средби. Пријавувањето на сите творби е до 31 октомври 2022 годиан, да се изврши по електронски пат на следната е-адреса: [email protected] со назнака за кој конкурс се пријавуваат, освен ликовните творби кои треба да се пратат по пошта, како и ликовно-литературната „Цветен венец од стихови за Рацин“-групна работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/organizaciskiot-odbor-na-55-detski-racinovi-sredbi-raspisha-povekje-konkursi-za-uchenicite/feed/ 0
Во Велес почнуваат 52. Детски Рацинови средби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-52-detski-racinovi-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-52-detski-racinovi-sredbi/#respond Tue, 05 Nov 2019 08:03:54 +0000 https://kurir.mk/?p=260260

Со поетска работилница и оддавање почит кон Рацин пред двата негови споменика во центарот на Велес и пред гимназијата што го носи неговото име,  денеска во родниот град на поетот и револуционер Коста Солев Рацин ќе почнат 52. Детски Рацинови средби, што ги организира Општина Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Свечено ќе бидат отворени во 13 часот во салата „Бели мугри“ каде што ќе бидат доделени наградите од распишаниот литературен и ликовен конкурс и ќе се одржи културно-уметничка програма. Попладнето во 16 часот е традиционалната поетска средба во „Сокачето на поезијата“ пред родната Спомен-куќа на Рацин во стариот дел на Велес, каде ќе има поетско читање на наградените творби и посета на ликовната колонија во куќата на Рацин. Учесниците на средбите ќе бидат ученици од повеќе градови од земјава. Тие ќе се запознаат и со Грнчарската работилница во која работел  Рацин продолжувајќи ја традицијата на своето грнчарско  семејство,а ќе ги видат  и останатите соби од куќата со семејните  предмети. Детските Рацинови средби ќе продолжат утре со Поетски караван  во градинките, основните и средните училишта и во Училишниот дом. Ќе завршат во Ликовниот салон со промоција на книгата за деца и млади „Приказни од мојот крај“ од Лила Арсова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-52-detski-racinovi-sredbi/feed/ 0