детско одделение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Jan 2023 11:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детско одделение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детското одделение во кочанската болница преполно со пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskoto-oddelenie-vo-kochanskata-bolnica-prepolno-so-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskoto-oddelenie-vo-kochanskata-bolnica-prepolno-so-pacienti/#respond Wed, 04 Jan 2023 11:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=783737

Детското одделение во Општата болница во Кочани регистрира зголемен број пациенти со заболувања на горните и долните дишни патишта, кои се сместени на болничко лекување и целосно го исполнуваат неговиот капацитет. Дневно се прават и по триесетина прегледи кај деца и помлади пациенти кои имаат зголемена телесна температура, респираторни потешкотии и воспалителни процеси, при што потешките случаи се задржуваат на болничко лекување. Најсериозни здравствени проблеми се забележани кај децата под тригодишна возраст чиј имунолошки систем е послаб, односно недоволно развиен. – Во моментот на хоспитален третман во нашето одделение имаме 20 деца и капацитетот ни е пополнет. Се трудиме оние кои се со полесни симптоми да ги пуштиме на дневна болница за да можеме да ги згрижиме новите пациенти кои ни доаѓаат. Децата се со висока телесна температура што тешко се намалува во првите денови по примањето на терапијата, се работи за грип што оваа година ни дојде порано од очекуваното. Откако ќе се забележат првите симптоми, потребна е добра хидрација кај децата, редовно да се внесуваат електролитни раствори. Во првите два дена потребна е домашна нега, а температурата продолжува неопходно е да се направи консултација и преглед кај матичен лекар, истакна Адријана Лазарова, специјалист по болничка педијатрија во Општата болница во Кочани. Со почетокот на училишниот распуст се очекува извесно намалување на бројот на пациенти со вирусни респираторни инфекции, аденовируси и грип меѓу учениците, но и понатаму останува можноста за заболување кај децата, пред сè од најмалите возрасни групи во градинките.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detskoto-oddelenie-vo-kochanskata-bolnica-prepolno-so-pacienti/feed/ 0
НЕМА ПЕДИЈАТРИ: Затворен одделот за детски болести во Охрид, кој ќе лекува деца? https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-pedijatri-zatvoren-oddelot-za-detski-bolesti-vo-ohrid-koj-kje-lekuva-deca/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-pedijatri-zatvoren-oddelot-za-detski-bolesti-vo-ohrid-koj-kje-lekuva-deca/#respond Tue, 02 Nov 2021 14:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=589804

Се затвори одделот за детски болести во охридската болница. Нема специјалисти кои можат да лекуваат пациенти. Сега се вршат само амбулантски прегледи со работни време од 8 до 20 часот-а за викенди и останатото време болните дечиња ќе се упатуваат во струшката општа болница. Хоспитализирање нема. -Останавме само двајца педијатри во цела болница практично неиздржливо е, ние пробавме да работиме еден месец секој втор ден по 24 часа меѓутоа стварно е неиздржливо.Ќе мораме додека се најде некое решение да ја прекинеме работата како одделение со болнички пациенти, изјави Орхан Зекир-педијатар, пренесе Алфа. Иако ние долго време баравме,15  години не е пуштен доктор да специјализира педијатрија-едноставно не наидовме на разбирање вели доктор Зекир,кој како што рече се’ поизвесно е дека од фебруари ќе остане единственот педијатар во болницата. -Премногу, премногу непотизам, премногу партиски определби и сето тоа доведува до можноста за бирање на специјализации.Јас кога одев на специјализација мене ми беше речено или педијатрија или ништо.Овдека треба се да биде планирано потребни ни се толку педијатри,ако не сакате на педијатрија нема да одите нигде.Ние сега на сметка не некои специјалности кои што се во хиперпродукција останавме без многу специјалности кои што се потребни, а ги нема.Ние исто кубуриме со анестезиологија, директорот ја затвори и урологија наскоро тоа ќе се случи со транафизиологија, ние сме останати со еден трансфузиолог, вели Зекир. За ова е известено и Министерството за здравство,се бара начин како да се реши проблемот,можеби со ротација на кадри од други градови-вели директорот на болницата.Но, и тоа ќе биде проблематично бидејќи има недостиг на педијатри и во Струга, Кичево,Битола.Што се однесува на урологија и во овој оддел се вршат само амбулантски прегледи.Поради недостаток на кадар одринира само еден уролог,што е неиздржливо,бидејќи ја опслужува и битолската болница кога има потреба од вршење на операции. Само оваа година извршени се околу 300 операции на урологија,но ова е привремено,наскоро ќе почнат повторно да се изведуваат операции,вели директорот на охридската болицс доктор Горан Балев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nema-pedijatri-zatvoren-oddelot-za-detski-bolesti-vo-ohrid-koj-kje-lekuva-deca/feed/ 0