детство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Feb 2021 15:35:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png детство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Секој ден е нова борба против неправдите: Марко има аутистичен спектар, еве кои се најголемите проблеми на овие деца и нивните родители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-den-e-nova-borba-protiv-nepravdite-marko-ima-autistichen-spektar-eve-koi-se-najgolemite-problemi-na-ovie-deca-i-nivnite-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-den-e-nova-borba-protiv-nepravdite-marko-ima-autistichen-spektar-eve-koi-se-najgolemite-problemi-na-ovie-deca-i-nivnite-roditeli/#respond Tue, 09 Feb 2021 11:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=466178

Неговите сини очи можат да раскажат многу приказни, а искрената детска насмевка може да биде лекција за секој возрасен. Во погледот на ова дете секој наоѓа спокој. Марко има 6 години и е дете со аутистичен спектар. Но, не е дијагнозата таа која му го попречува патот кон детство какво што заслужува, туку околината. Боли неприфаќањето, секој остар поглед сече како нож, а игнорирањето е најголемата неправда со која се соочуваат тој и неговото семејство. Татко му на Марко, Дарко, во изјава за КУРИР ни раскажа со што се соочуваат тој и неговото семејство. Со него зборувавме за дијагнозата на синот, за секојдневието и за тоа кои се нивните проблеми. До возраст од една ипол година, Марко нормално се развивал. Бил дете како и сите останати. Весел, љубопитен да научи нешто ново, расположен за дружба. Без никакво предупредување, се случува голема промена која родителите веднаш ја забележуваат. Марко станува повлечен, се затвора во себеси. Тогаш има само две години и неговиот татко раскажува дека тоа е периодот кога почнале да реагираат. Периодот кога секој ден им станува нова трка со пречки. -Тоа беше голем шок за сите нас, но истовремено и предизвик за тешка борба која што ја водиме сè уште. Најголеми пречки за нас ни се луѓето, односно нивното непознавање на оваа болест. Имаме проблеми на отворено, по маркети, по ресторани и разни установи. Врсниците на Марко, децата како него не знаат како да ги гледаат. За овие дечиња и нивните дијагнози, другите деца многу малку имаат слушнато, вели таткото. Биле сведоци на низа непријатни случки. Марко е дете кое сака дружба, како сите други деца. Но, некои негови чекори, кои аутистичниот спектар си ги носи сам со себе, не се разбрани од околината. -Имаме многу непријатни случки каде што поради различниот режим на исхрана кај Марко се има случено на улица да посегне по сладолед или било што на друго детенце. Тоа е чудно за нас, но тоа е несвесно направено. Не можеш да се налутиш на едно детенце. Детето е лице на родителот, вели нашиот соговорник Дарко. Во оваа негова реченица, всушност, лежи целата вистина. Децата не знаат за поделби, не знаат како да реагираат, не се родени со одбивност во себе. Тоа се стекнува во текот на животот и се учи од родителите. Марко и дечињата како него, не смеат да почувствуваат на своја кожа ниту еден остар поглед, збор, реакција. Тие деца треба да растат со своите врсници, а тие врсници треба да знаат што значат различностите. -Треба многу повеќе на оваа тема да се зборува дома, на училиште, во медиумите, вели Дарко. Го прашавме дали им е обезбедена целосна бесплатна, здравствена и социјална заштита и дали градинките/училиштата топло ги прифаќаат децата со посебни потреби. Информациите кои ги добивме како одговор, искрено, се загрижувачки. -Околу здравствената и социјална заштита можам да кажам само дека премалку се обрнува внимание на овие деца. Само два пати неделно им следуваат бесплатни третмани во Центарот за говор, слух и глас. Сето останато се сведува да се снаоѓаме сами и да ги носиме на приватно по дефектолози и логопеди. Тешко е да се издржи финансиски. Речиси сите суплементи за Марко ги набавуваме од надвор каде што чинат многу, а згора на тоа плаќаме и висока царина за истите. Самата исхрана е редуцирана и доста скапа, истакна таткото на Марко. Ова детенце не посетувало градинка бидејќи, како што ни кажаа родителите, во градинките нема стручен кадар секој ден. Додека родителите сонуваат за полесно утре, а дечињата сонуваат за да бидат подобро прифатени, се чини дека институциите само спијат. Случајот со Марко е само еден од многуте во Република Македонија. Многу семејства ја делат истата судбина и ја водат истата битка. Таа битка е многу тешка и секому му треба сојузник. Државата мора да биде рамо до рамо во оваа битка со помош. Никој не бара повеќе од тоа што му следува. А, не добиваат ни трошка. Институциите мора да превземат нешто! Ако не знаат што, нека ги прашаат родителите на овие деца. КУРИР го праша татко му на Марко за тоа кои се нивните најголеми проблеми, еве што ни одговори: „Сакам да упатам апел до сите институции, да се свестат дека постои и оваа група на луѓе. Сакаме низ државата да се изградат центри каде што би биле згрижени по една смена, како би можеле ние родителите да одиме на работа. Почнаа и со инклузивна настава, а образованието воопшто не ни е подготвено за тоа. Помош ни е потребна, во ниту една од пакет мерките на Владата не сме вметнати“. Апелираме до институциите со голема сериозност да го разгледаат овој случај. КУРИР продолжува да биде раскажувач на вистинските приказни, на секојдневието на обесправените. И нема да застанеме тука.   Ивана Ефремовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-den-e-nova-borba-protiv-nepravdite-marko-ima-autistichen-spektar-eve-koi-se-najgolemite-problemi-na-ovie-deca-i-nivnite-roditeli/feed/ 0
Ова се најлошите работи на кои нè научија кога бевме деца https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-najloshite-raboti-na-koi-ne-nauchija-koga-bevme-deca/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-najloshite-raboti-na-koi-ne-nauchija-koga-bevme-deca/#respond Wed, 14 Oct 2020 08:34:43 +0000 https://kurir.mk/?p=416157

Сите имаме свој систем на вредности според кој го водиме нашиот живот. Тој најчесто се формира уште во детството. Но, тоа што некогаш изгледало како неопходност во најраните години, може да остане во нашите глави и кога сме возрасни и да не ни дозволува да уживаме во животот. Грегори Јанц, психолог и автор на повеќе книги, одамна издвојува три најлоши работи кои ги учиме уште како деца, а подоцна ни го трујат животот кога сме возрасни. 1. Конформизам „Каде сите, таму и ти“, или „зарем ти ќе се двоиш“ се фрази кои често сме ги слушале како деца, и тоа главно од возрасните. Сите сме седеле во прецизно одредени редици во училницата, а некои од нас дури носеле униформи на училиште. Секогаш нè учеле дека проблемите секој треба да ги решава на ист начин, од задачите по математика па сè до проблемите во детскиот живот. Затоа не е чудо што децата воопшто не им се наклонети на врсниците кои се поинакви и често покажуваат со прст на нив. Тоа е моментот кога конформизот е всаден во детскиот ум и почнува од личноста да развива медиокритет. 2. Перфекционизам Сите сме морале да бидеме најдобри во тоа што го правиме. Книшка и свидетелство со сите петки е стандард за успех, а не за исклучителност. Следствено на тоа се наградуваат само „совршените“ деца. Така детето се учи дека треба да биде задоволно само ако биде совршено во нешто и дека така треба да ја мери својата вредност како индивидуа. Проблемот е во тоа што таков стандард е невозможен и што тежнеењето кон него во детето всадува страв од преземање на ризици. Стравот од несовршеност, односно од неуспех потоа создава личност чиј начин на дејствување и живеење прави невозможно животот да се живее со полни гради. 3. Одобрување од другите Додека растеме, бараме одобрување на нашите постапки и резултати од страна на родителите, наставниците, врсниците и постарите браќа и сестри. Нормално и здраво е да се очекува поддршка од авторитетите, но доколку на младата личност не ѝ се објасни дека одобрувањето од другите не е мерило за вредноста на една личност, тогаш ќе се претвори во возрасен човек кој ќе чека околината да му ја одреди неговата вредност. Тоа ќе им даде на другите контрола над тоа како таа личност се чувствува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-se-najloshite-raboti-na-koi-ne-nauchija-koga-bevme-deca/feed/ 0
Осумте критични фази на детството https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osumte-kritichni-fazi-na-detstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osumte-kritichni-fazi-na-detstvoto/#respond Thu, 27 Feb 2020 19:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=309706

Кога семејството ќе почне бројчено да расте, родителите постојано се соочуваат со неочекувани и непредвидени ситуации околу децата. Порталот „Брајт сајд“ ги објави осумте критични периоди во детството, напис што можеби ќе го направи и целото родителство – полесен пат за одење.
  1. Новороденче до три месеци
На оваа возраст, бебето комуницира со родителите со плачење. Тогаш родителот учи како малечкото плаче кога е гладно, уморно или кога се чувствува непријатно… Но, понекогаш тоа ќе плаче и без повод. Важно е секогаш да одговорите на тој плач. Земете го в раце, говорете му, пејте му, нишкајте го. Бебињата така се чувствуваат безбедно и сакано.
  1. Од четвртиот до шестиот месец
Бебето се смее и гуга како одговор на зборовите на родителите или за „да разговара“ со омилената играчка. Овој период децата стануваат свесни за луѓето и околината, почнуваат да распознаваат познати лица и предмети. Сега е време да ги запознаете и со други деца и со што повеќе луѓе.
  1. Од седмиот до дванаесеттиот месец
Тогаш малечкото ја претпочита присутноста на мајката и, најчесто, се плашат од други луѓе. Се приврзува за своите родители и плаче кога тие си заминуваат. За да се избегне тоа, родителот може преку игра на кусо исчезнување и повторно појавување, да му покаже на бебето дека и кога ќе си замине, секогаш ќе се врати, без обѕир колку тоа ќе трае.
  1. Првата и втората година
Децата треба да се социјализираат и стекнат искуства надвор од домот, на пр. – споделувањето. Нападите на бес се вообичаени. Важна е дисциплината на малечкото, што се постигнува без викање и тепање.
  1. Третата година
Сега детето веќе си игра со врсниците и ги споделува играчки со нив. Важно е да го охрабрите да го прави тоа. Нападите на бес, како што се очекува, се случуваат поретко. Детето може да развие страв од одредени нешта, на пример од темнината или од чудовишта под креветот. Во овој дел од животот, детето треба што повеќе работи да ги прави самото, без ваша помош. Кога, на пр., ќе Ви покаже цртеж или што било што самиот го осмислил, пофалете го, речете му дека сте горди на него.
  1. Од четири до пет години
Децата сега можат да се придржуваат кон правилата, но сè уште не разликуваат добро од зло. Сакаат да бидат посамостојни и веруваат дека можат да остварат сè што ќе замислат. И, многу се љубопитни… Кај четиригодишниците може да се јави променливото расположение и агресивност, па дури и закани за „бегство од дома“. Петгодишниците, од друга страна, обично имаат подобри манири, поодговорни се и се трудат другите да ги направат среќни. Тогаш е право време да ги научите како правилно да го искажат својот бес. А, доколку се однесуваат лошо, на пр., забранете им ги игрите на некое време. Треба да се охрабруваат да говорат отворено за своите чувства и пофалете го нивното добро однесување.
  1. Од шестата до дванаесеттата година
Другарчињата им стануваат извонредно важни, а се појавуваат и првите љубови. Се појавува и љубомората, како и желбата да се пронајде себеси во некоја група или клан, или за учество во натпреварувачки игри. Тогаш детето би требало да научи да ги слуша и почитува повозрасните. Родителот треба да се потруди да мине повеќе време со своето дете.
  1. Од тринаесеттата до осумнаесеттата година
Тинејџерите обично се споредуваат со други. Доста им е важно пријателите да ги прифатат. Затоа треба и да научат како да се носат со притисок и стрес. Родителот тука треба да го охрабри отворено да разговара за своите проблеми и грижи. Романтичните врски стануваат поважни отколку претходно… Како и стремежот за поголема независност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osumte-kritichni-fazi-na-detstvoto/feed/ 0
Никогаш нема да ја препознаете оваа пејачка од „Ѕвездите на Гранд“- денеска е секс бомба која драстично го променила личниот опис (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-nema-da-ja-prepoznaete-ovaa-pejachka-od-dzvezdite-na-grand-deneska-e-seks-bomba-koja-drastichno-go-promenila-lichniot-opis-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-nema-da-ja-prepoznaete-ovaa-pejachka-od-dzvezdite-na-grand-deneska-e-seks-bomba-koja-drastichno-go-promenila-lichniot-opis-foto/#respond Tue, 06 Aug 2019 09:48:40 +0000 https://kurir.mk/?p=226860

Српската пејачка денеска е сон на многу мажи, а како девојче ретко кој може да ја препознае. Милица Павловиќ е една од најпознатите пејачки од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ која кариерата ја започна во 2012 година кога учествуваше во финалето на ова шоу.
 
View this post on Instagram
 
? Wearing @atelier_bojana_jovetic ✨ Foto @vucicevici ✨

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica) on

Таа инаку на аудициите на музичкото шоу се пријавувала уште како дете, а првиот пат се појавила во 2003-та година кога била мало девојче, а денеска непрепознатлива.
 
View this post on Instagram
 
? Wearing | @hamelbymelinaharris

Фановите не можеа да си поверуваат на сопствените очи дека станува збор за истата нивна омилена пејачка.
 
View this post on Instagram
 
? Wearing | @ninarajakatelier

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikogash-nema-da-ja-prepoznaete-ovaa-pejachka-od-dzvezdite-na-grand-deneska-e-seks-bomba-koja-drastichno-go-promenila-lichniot-opis-foto/feed/ 0
Исплива нова фотографија од Северина: Кога ќе ја видите како изгледала во детството се ќе ви стане јасно како станала славна пејачка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispliva-nova-fotografija-od-severina-koga-kje-ja-vidite-kako-izgledala-vo-detstvoto-se-kje-vi-stane-jasno-kako-stanala-slavna-pejachka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispliva-nova-fotografija-od-severina-koga-kje-ja-vidite-kako-izgledala-vo-detstvoto-se-kje-vi-stane-jasno-kako-stanala-slavna-pejachka-foto/#respond Thu, 01 Aug 2019 14:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=225508

Една од најпопуларните пејачки во регионот Северина Којиќ после кратката пауза неодамна своите фанови ги воодушеви со нејзиниот изглед промовирајќи го новиот албум. Во меѓувреме пејачката ги израдува фановите објавувајќи фотографија од младоста на која е вистинска убавица и која очигледно според многумина нема направено драстични корекции на своето лице. Фотографијата е од детството на пејачката, а фановите веднаш ја препознаа пејачката и се воодушевија од нејзиниот изглед, погледнете.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ispliva-nova-fotografija-od-severina-koga-kje-ja-vidite-kako-izgledala-vo-detstvoto-se-kje-vi-stane-jasno-kako-stanala-slavna-pejachka-foto/feed/ 0
Што би било да бев момче- Емина Јаховиќ објави фотографија од детството, фановите останаа запрепастени (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shto-bi-bilo-da-bev-momche-emina-jahovikj-objavi-fotografija-od-detstvoto-fanovite-ostanaa-zaprepasteni-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shto-bi-bilo-da-bev-momche-emina-jahovikj-objavi-fotografija-od-detstvoto-fanovite-ostanaa-zaprepasteni-foto/#respond Wed, 19 Sep 2018 10:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=102940

Речиси да не постои човек што не сака да види фотографија од некоја популарна личност како изгледала во детството. Овој пат тоа го сподели со јавноста и познатата српска пејачка Емина Јаховиќ. За жал досега никој немал можност да ја види пејачката како девојче, а откако ја сподели фотографијата фановите останаа запрепастени. „Да бидам момче“, напиша Емина под фотографијата на својот Инстаграм профил, погледнете.
 
View this post on Instagram
 
İf İ was a boy...? very #tb

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shto-bi-bilo-da-bev-momche-emina-jahovikj-objavi-fotografija-od-detstvoto-fanovite-ostanaa-zaprepasteni-foto/feed/ 0
Ме убиваше да ги гледам мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат: Карлеуша прв пат проговори за тешкото детство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/me-ubivashe-da-gi-gledam-majka-mi-tetka-mi-i-baba-mi-kako-se-machat-karleusha-prv-pat-progovori-za-teshkoto-detstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/me-ubivashe-da-gi-gledam-majka-mi-tetka-mi-i-baba-mi-kako-se-machat-karleusha-prv-pat-progovori-za-teshkoto-detstvo/#respond Wed, 08 Aug 2018 15:38:43 +0000 https://kurir.mk/?p=85925

Пејачката Јелена Карлеуша е една од најголемите ѕвезди во регионот, но нејзиниот пат кон славата не бил ниту малку лесен. Мајката на Јелена, Дивна, познат радио водител во Србија, позајмила пари како Карлеуша би го снимила првиот албум. Јелена остварила голем успех, а денеска е пример за облекување кај многу жени, додека нејзините настапи се вистински спектакл. Сепак, пред Јелена да постигне голем успех на музичката сцена, нејзиното семејство се борело со немаштијата, баш како и кај повеќе семејства во овој регион во деведесеттите години. Карлеуша се потсети на тие тешки мигови, пишувајќи го следново на Твитер. -Кога бев мала, најмногу ме нервираше немаштијата. Ме убиваше што ги гледам, мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат. Бев скромно девојче кое не бараше ништо... освен да ми веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. И успеав. За нив, напиша таа на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/me-ubivashe-da-gi-gledam-majka-mi-tetka-mi-i-baba-mi-kako-se-machat-karleusha-prv-pat-progovori-za-teshkoto-detstvo/feed/ 0
Славниот српски актер го раскажа своето тешко детство: Се селевме 13 пати, а еднаш пукаа на мене… https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-srpski-akter-go-raskaza-svoeto-teshko-detstvo-se-selevme-13-pati-a-ednash-pukaa-na-mene/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-srpski-akter-go-raskaza-svoeto-teshko-detstvo-se-selevme-13-pati-a-ednash-pukaa-na-mene/#respond Tue, 05 Jun 2018 19:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=62710

Никола Ѓуричко денес секако е еден од најуспешните, најхаризматични и најдуховити актери во регионот, но неговиот живот не бил ниту малку лесен. Актерот во една прилика пред многу години, ја отвори душата и се присети на своето детство, како и една непријатна ситуација во која паднал кога бил дете. -Долго време бевме потстанари, се селевме 13 пати. Најдолго живеевме на Видиковец, потоа на Петлово брдо, Баново брдо, во Нушиќевата улица и на Зелениот венец. Во еден стан останавме само една недела. Го имавме германскиот овчар Алиса, но затоа што не сакаа да не примат во становите со куче, го подаривме на пријатели кои имаа куќа со двор. Бев многу тажен, кажа во една прилика за магазинот „Хупер“ славниот актер. Ѓуричко тогаш раскажа и дека за малку не настрадал кога еден старец пукал кон него и неговите другари. -Многу сакав а да си играм на улица. Излегував наутро од дома и се враќав дури навечер, извалкан и раскрварен. Не доаѓав дома без потреба, тоа го правев тек кога родителите ќе почнеа да ме бараат. Беше супер додека живеевме на Петловото брдо. Ниските приземни куќи и околните ливади. Обожавав да возам трицикл кој на надолнина можеше да развие брзина до 20 километри на час. Постарите деца не водеа преку магистралата да крадеме пченка. Една еден чичко пукаше на нас. Веројатно во воздух, но јас помислив дека ќе загинеме поради пченката, го раскажуваше тогаш тој своето детство. Во 1989 година тој запишал средно дизајнерско училиште. Завршил три години и паднал во лошо друштво. Кога имал 16 години се отселил од дома и почнал да живее сам. -Во втора година ја добив улогата во серијата „Отворена врата“. Добивав големи хонорари, но одлучив да се осамостојам и да живеам сам. Најдов еден мал стан, на некое поткровје, живеев сам во стан од 17 квадрати, но тоалетот беше голем, со када во која можев да се испружам. Таму живеев повеќе од една година. Серијата ми го поремети училиштето. Беше тешко да ги погодам и снимањата и предавањата. Заработував сериозни пари од кои можев да живеам убаво и да го финансирам своето семејство во таа 1993 година, позната по инфлацијата. Тогаш се поретко одев на предавањата. Некои професори ме разбираа, некои не. Запишав и трета година, по работа имаше се повеќе. Престанав да одам на предавања. Сега ми е жал што не ја завршив академијата, затоа што сметам дека е важно да се има диплома. Тогаш сметав дека поважно да работиш, затоа што сакав да бидам актер, а не студент, откри Никола пред неколку години за овој магазин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavniot-srpski-akter-go-raskaza-svoeto-teshko-detstvo-se-selevme-13-pati-a-ednash-pukaa-na-mene/feed/ 0
Зошто не се сеќаваме на настаните од детството? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-se-sekjavame-na-nastanite-od-detstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-se-sekjavame-na-nastanite-od-detstvoto/#respond Sat, 21 Apr 2018 18:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=44077

Бебиња секогаш забораваат. Сеќавањата на новороденчињата се бришат со развојот на нови мозочни клетки, тврдат научниците, кои ги проучувале глодарите. Овие податоци даваат објаснување за луѓето кои не можат да се сетат на настани од раното детство. – Ова е навистина фасцинантно. Никој пред нас не го проучувал ова, вели д-р Томас Инсел, невролог и психијатар. Пред повеќе од 100 години, Сигмунд Фројд зборуваше за човечка тенденција да се заборават раните години од својот живот, нарекувајќи го тоа инфантилна амнезија. Научниците подоцна мислеле дека сеќавањата се чуваат со помош на јазикот, затоа што децата обично почнуваат да имаат долгорочни спомени од времето кога ќе тргнат на училиште, вели студијата ко-авторот, Шина Жозелин. – Но најчудна работа е дека повеќето животни имаат инфантилна амнезија, и развој на јазикот не може да биде целосно објаснување, вели таа. Инспирирани од набљудувањето на нивното дете, Шина и нејзиниот сопруг Пол, се запрашале зошто малите деца не можат да ги задржат сеќавањата за некоја ситуација или настан. За меморирање важен е хипокампусот, дел од мозокот кој се занимава со производство на нови клетки. Синај и Пол заедно со тимот истражувале глувци, животни кои исто како луѓето имаат дамки во најраните спомени. Како стареат глувците, производството на неврони се забавува. Падот во производството на неврони се совпаѓа со способноста на овие глодари да ги запомнат тешките ситуации, велат истражувачите. Научниците дошле до заклучок дека новите клетки произведени од страна на хипокампусот се виновни за фактот дека мозокот не може да памти во раната младост, затоа што новите клетки ги бришат старите клетки во кои се наоѓаат претходни сеќавања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-se-sekjavame-na-nastanite-od-detstvoto/feed/ 0
Некогаш слатко девојче, денес убавица: Елена сподели спомени со фановите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekogash-slatko-devojche-denes-ubavica-elena-spodeli-spomeni-so-fanovite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekogash-slatko-devojche-denes-ubavica-elena-spodeli-spomeni-so-fanovite-foto/#respond Mon, 02 Apr 2018 11:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=35241

Познатата македонска пејачка Елена Ристеска се врати години наназад. Носталгично се потсетува на нејзиното детство, период од животот кој, како што самата посочува, многу недостасува. Македонскиот вокал објави фотографија од детството на која напиша – „Дете, ми недостасуваат тие времиња, буци…“

#tbt #kid #missthosetimes #buci #me ??‍♀️??

A post shared by E L E N A ♥? (@elenaristeskaofficial) on

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nekogash-slatko-devojche-denes-ubavica-elena-spodeli-spomeni-so-fanovite-foto/feed/ 0