девиденди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Jul 2020 08:47:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png девиденди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕЦБ побара од банките да не исплаќаат дивиденди до 1 јануари следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-pobara-od-bankite-da-ne-isplakjaat-dividendi-do-1-januari-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-pobara-od-bankite-da-ne-isplakjaat-dividendi-do-1-januari-slednata-godina/#respond Tue, 28 Jul 2020 08:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=382463

Банките во еврозоната треба да ја одложат исплатата на дивиденди и за откуп на акции до 1 јануари следната година, советува Европската централна банка (ЕЦБ), јави ДПА. Европската Централна банка, чие седиште е во Франкфурт, се надева дека ова ќе ја зајакне способноста на кредиторите да ги „преземат“ загубите за време на пандемијата на коронавирусот, а со зголемување на капиталот да може заеми да им даваат на приватни потрошувачи и бизниси. -Создавањето силен капитал и ликвидост од последната финансиска криза им овозможи на банките за време на оваа криза да продолжат со кредитирање на домаќинствата и бизнисите и со тоа да помогнат во стабилизирање на реалната економија, изјави денеска Андреа Енрија, претседател на надзорниот одбор на ЕЦБ. „Затоа сега е уште поважно банките да се охрабрат да го користат својот капитал и ликвидност и да продолжат да се фокусираат на оваа сеопфатна задача: заеми“, додаде тој. ДПА појаснува дека ЕЦБ досега од банките бараше да се воздржат од плаќање на дивиденда на акционерите до 1 октомври. Многу банки одговорија со откажување на планираната распределба на добивката за финансиската 2019 година или барем ја намалија. ЕЦБ од ноември 2014 година директно ги надгледува најголемите банки и банкарски групи во еврозоната, а во моментов тоа се 115 институции во 19-члената валутна заедница, што претставува речиси 82 отсто од пазарот, појаснува ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-pobara-od-bankite-da-ne-isplakjaat-dividendi-do-1-januari-slednata-godina/feed/ 0