девојче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Jul 2023 08:33:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png девојче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се огласи мајката на девојчето кое од брод беше фрлено во морето, а мускулите за пливање и испаднаа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-majkata-na-devojcheto-koe-od-brod-beshe-frleno-vo-moreto-a-muskulite-za-plivane-i-ispadnaa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-majkata-na-devojcheto-koe-od-brod-beshe-frleno-vo-moreto-a-muskulite-za-plivane-i-ispadnaa/#respond Thu, 27 Jul 2023 08:33:28 +0000 https://kurir.mk/?p=860568

На социјалните мрежи се појави драматично видео од Турција, на кое се гледа моментот кога девојче исчезнува под вода откако мускулите за пливање испаѓаат од нејзините раце. Катја Илери, мајката на девојчето од Турција, била на брод со семејството кога девојчето сакало да оди на пливање. На видеото се гледа како детето има мускули на рацете, додека маж, најверојатно член на семејството, ја држи во раце. Ја крева преку работ на бродот, ја фрла во морето и гледа како таа исчезнува под површината. Мускулите и паднале од рацете, поради што исчезнува под водата. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а сите се прашуваа што се случило со малото девојче, по што се огласи нејзината мајка и објави дека таа е добро. Рекла дека девојчето испливало на површината, како и дека знаело да плива. Додала дека мускулите и испаднале бидејќи претходно била намачкана со крема за сончање. Нејзиниот татко веќе бил во морето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-oglasi-majkata-na-devojcheto-koe-od-brod-beshe-frleno-vo-moreto-a-muskulite-za-plivane-i-ispadnaa/feed/ 0
Нов инцидент во Грција: 4-годишно дете проголтало две оси https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-intsident-vo-grtsija-4-godishno-dete-progoltalo-dve-osi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-intsident-vo-grtsija-4-godishno-dete-progoltalo-dve-osi/#respond Tue, 18 Jul 2023 07:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=857572

Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“. На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница. Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен, кој се смета за еден од најчестите видови оси, има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза интервенција. Луѓето кои имаат утврден ризик да добијат алергиски реакции од секаков вид на оси мора секогаш да имаат препишан лек со себе, а најчесто тоа е еден од антихистаминиците, велат лекарите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-intsident-vo-grtsija-4-godishno-dete-progoltalo-dve-osi/feed/ 0
Нов ужас во Грција: 10-годишно девојче се удавило во базен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-uzhas-vo-grtsija-10-godishno-devojche-se-udavilo-vo-bazen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-uzhas-vo-grtsija-10-godishno-devojche-se-udavilo-vo-bazen/#respond Mon, 17 Jul 2023 09:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=857344

Десетгодишно девојче кое било на одмор со нејзините родители во Грција вчера се удавило во базен, јавуваат грчките медиуми. Инцидентот се случил околу 18 часот по локално време, кога девојчето било во дворот на комплексот во Неа Макри, каде што си играло со својата другарка. Нејзините родители, кои живеат во Атина, се подготвувале да си заминат, а во моментот на несреќата тие ги префрлале куферите во својот автомобил. Во еден момент 10-годишното девојче останало само во базенот. Играјќи си игра со другарите, девојчето нурнало во базенот по маската која децата ја фрлиле во водата, како дел од играта. Десетгодишното девојче потонало на дното на базенот, каде што било најмалку 3 минути. Менаџерот на комплексот истрчал да ја спаси. Кога пристигнал, детето имало модринки и тешко дишело. Двајца лекари, кои биле во близина, се обиделе да ја спасат. Како што пишува „Прототема“, девојчето исфрлало храна од устата додека добивало прва помош најмалку 20 минути. „Детето го најдов свесно. Не можеше лесно да дише и правевме рунди реанимација јас и татко ми заедно, кој исто така е лекар, и еден господин, кој знаеше прва помош и работеше во соседната продавница. Наизменично си помагавме и се обидувавме да извадиме стомачна содржина од девојчето, од цревниот систем на детето. Се обидувавме барем 15-20 минути додека не дојде брзата помош. Но, за жал, не успеавме“, вели младиот доктор. Според информациите, девојчето не се соочувало со никаков здравствен проблем и било страстен пливач. Сепак, останува непознато зошто се удавило во базенот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-uzhas-vo-grtsija-10-godishno-devojche-se-udavilo-vo-bazen/feed/ 0
Куче гризнало девојче за стомак, па ја влечело низ двор – вознемирувачки детали за нападот во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kuche-griznalo-devojche-za-stomak-pa-ja-vlechelo-niz-dvor-voznemiruvachki-detali-za-napadot-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kuche-griznalo-devojche-za-stomak-pa-ja-vlechelo-niz-dvor-voznemiruvachki-detali-za-napadot-vo-srbija/#respond Sun, 09 Jul 2023 12:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=854594

Припадници на полицијата извршиле разговор со М.Т, дедо на четиригодишното девојче кое синоќа во Сремчица било нападнато од куче и и го изел стомакот. Таа се здобила со тешки физички повреди и се наоѓа во детската болница во Тиршова каде и била извршена итна операција која траела неколку часа. Детето сега е стабилно. Според последните информации до кои дојде „Блиц“, девојката во моментот на страотниот напад ја чувал нејзиниот дедо. Дедото со внукот влегол во дворот, каде имало куче од расата белгиски Малиноа, кое е вид на белгиски овчар. Првата вест е дека детето било нападнато од германски овчар или волк куче, но според новите информации се работи за Малиноа. Касна, па се влечеше низ дворот. „Кучето го каснало детето за стомакот, па го влечело низ дворот. Дедото успеал да го оттргне детето од кучето и да се врати дома со детето“, дознава Блиц од неофицијален извор. Како што дознаваме, таткото на девојчето со своето возило ја пренел во Детската болница во Тиршова. Дежурниот обвинител на Второто основно јавно обвинителство во Белград нареди да се спроведе истрага и да се извести „Зоохигиена“. Екипата на „Ветерина Београд“ од дворот потоа го однела кучето во карантин. Полицијата спроведе истрага и поднесе пријава до Обвинителството. Д-р Стијачиќ: „Неговите заби го изгризаа абдоминалниот ѕид“ Да потсетиме, на детето на Тирш во Детската болница му биле констатирани тешки стомачни повреди, итно е оперирана и моментално е стабилно. Д-р Александар Стијачиќ од Итна помош за РТС утрово изјави дека нападот се случил вчера околу 19 часот и дека родителите итно го пренеле детето на Универзитетската детска клиника во Тиршова. -Имаше многу брутален напад на четиригодишно дете, со забите му го откорна стомачниот ѕид и од телото му беше изваден дел од дуоденумот – изјави д-р Стијачиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kuche-griznalo-devojche-za-stomak-pa-ja-vlechelo-niz-dvor-voznemiruvachki-detali-za-napadot-vo-srbija/feed/ 0
Истрага за 11 лица: На 14 годишно девојче и се заканувале со помалите брат и сестра, сексуално ја експлоатирале и наплаќале до 200 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-za-11-litsa-na-14-godishno-devojche-i-se-zakanuvale-so-pomalite-brat-i-sestra-seksualno-ja-eksploatirale-i-naplakale-do-200-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-za-11-litsa-na-14-godishno-devojche-i-se-zakanuvale-so-pomalite-brat-i-sestra-seksualno-ja-eksploatirale-i-naplakale-do-200-evra/#respond Fri, 12 May 2023 13:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=833502

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден припадниците на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи реализираа случај во кој се лишени од слобода 10 лица. Реализацијата е резултат на повеќемесечна меѓуинситуционална соработка заради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на 11 идентификувани лица. Постапувајќи по кривичната пријава, предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Трговија со дете по чл. 418-г од Кривичниот законик. -Според наводите содржани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка летото 2020 година првоосомничената, го прифатила четиринаесетгодишното дете – жртва во својот дом, а подоцна ги прифатила и нејзините десетгодишна сестра и седумгодишен брат за да се грижи за нив поради нарушените односи во нивното семејство. Набргу потоа искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето – жртва, заканувајќи ѝ се и применувајќи други форми на присилба, започнала да го подведува детето на вршење полови дејствија со дел од осомничените и други НН лица за одреден паричен надомест. Честопати заканите кон детето – жртва биле поврзани со нејзините брат и сестра, дека доколку не ги прифати договорените сексуални активности, децата ќе ги остави во дом или ќе ги врати кај нивната мајка. Подоцна, уште тројца од осомничените, по претходен договор со првоосомничената, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист, две години, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација со останатите осомничени и други НН лица меѓу кои имало и жена. Осомничените корисници на сексуалните услуги, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со дете, на подведувачите им исплаќале паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, информираат од Обвинителството. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени. За кривичното дело што им се става на товар на осомничените и кое директно го крши Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95) е запретена е казна затвор во траење од најмалку 8 години, додека за делото сторено од првоосомничената најмалку 10 години. ​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/istraga-za-11-litsa-na-14-godishno-devojche-i-se-zakanuvale-so-pomalite-brat-i-sestra-seksualno-ja-eksploatirale-i-naplakale-do-200-evra/feed/ 0
Родителите на починатото девојче од Битола се сомневаат дека и се дало инфузија со гликоза иако имала покачен шеќер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-pochinatoto-devojche-od-bitola-se-somnevaat-deka-i-se-dalo-infuzija-so-glikoza-iako-imala-pokachen-sheker/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-pochinatoto-devojche-od-bitola-se-somnevaat-deka-i-se-dalo-infuzija-so-glikoza-iako-imala-pokachen-sheker/#respond Thu, 23 Mar 2023 16:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=815613

Петгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари е девојчето кое почина вчера во битолската Клиничка болница, откако претходно на Одделението за педијатрија примила инфузија, па состојбата се искомплицирала и како што изјавија од болницата 40 минути и се правеле обди за нејзина реанимација на Одделението за интензивна нега. Таткото на девојчето, Стојче Христовски, се сомнева дека се работи за лекарски пропуст затоа што кај девојчето при првичните анализите на крвта се покажало дека шеќерот е покачен на 9, а ѝ била дадена инфузија за која претпоставуваат дека содржела гликоза, па шеќерот се искачил на 19 единици. „Девојчето не боледуваше од никакви болести, освен што претходниот ден имаше температура, па ѝ дадовме сируп и ѝ спадна. Другиот ден се жалеше на малаксаност и болки во мускулите, а пред Нова година имаше вирус од кој и потекоа капачињата на очите и тоа пак ѝ се случи вчера. На Одделението за педијатрија ја прегледаа и ни рекоа да направиме крвна слика. Шеќерот ѝ го измерија 9. Во 10 часот ѝ зедоа крв, а рекоа резултатите по 12 часот. Ѝ кажав на докторката за шеќерот, рече не е многу. Дури ги чекаа реузлтатите ѝ ставија инфузија. Наша претпоставка е дека е гликоза за да ја освежат. Кога дотече, шеќерот се крена 19. Ги фати паника, почна да се компликуваат работите. Се јавија во лабораторија, побрзо да ги направат анализите на крвта. Се насобраа доктори“, кажува таткото за Сакам да кажам. По ова, девојчето било однесено на Одделението за интензивна нега, а во 15,30 часот починало. Семејството вели дека Јана не боледувала од други болести и била здраво дете. Поради ова болницата побара да биде направена обдукција на телото, со цел да се дознае вистинската причина за смртта. Резултатите од обдукцијата ќе бидат готови за 10 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-pochinatoto-devojche-od-bitola-se-somnevaat-deka-i-se-dalo-infuzija-so-glikoza-iako-imala-pokachen-sheker/feed/ 0
Ученичка била сексуално вознемирувана од вработен во училиште, училиштето пријавило дека таа се однесувала несоодветно – надлежните се на потег! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenichka-bila-seksualno-voznemiruvana-od-vraboten-vo-uchilishte-uchilishteto-prijavilo-deka-taa-se-odnesuvala-nesoodvetno-nadlezhnite-se-na-poteg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenichka-bila-seksualno-voznemiruvana-od-vraboten-vo-uchilishte-uchilishteto-prijavilo-deka-taa-se-odnesuvala-nesoodvetno-nadlezhnite-se-na-poteg/#respond Wed, 01 Mar 2023 15:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=806738

Прилепското основно обвинителство почна да прибира потребна документација и почна со распит за проверка на наводите дека во средното училиште „Орде Чопела“ ученичка била сексуално вознемирувана од вработен во училиштето. За случајот се огласија полицијата, Центарот за социјални работи и од училиштето кое ги информирало надлежните институции. Според в.д директорката на средното училиште „Орде Чопела“, Тереза Златеска Трајкоска случајот е од 8 февруари. - Прво, ученичката ѝ кажала на класната раководителка, а таа на стручните служби во училиштето дека вработен ја допирал по телото. Тоа го потврди во првата пријава. По два дена во присуство на родител повторно беше сослушана кога ученичката дала нова изјава дека не ја допирал, за крајно во третата и конечна изјава да ги потврди наводите од првата дека вработениот ја допирал по телото. За ова ги известив надлежните институции- Центарот за социјални работи од Прилеп и полицијата по што тие си преземаат дејства, изјави в.д. директорката Златеска Трајкоска. Од Центарот за социјални работи потврдуваат дека кај нив со известување се обратиле од училиштето на 14 февруари, но за несоодветно однесување на ученичката. -Добивме известување од училиштето за несоодветно однесување на ученничката за време и по завршувањето на наставата. Но, при вториот обид и остварената средба со неа и со родителите, стручниот тим на Центарот дошол до сознание дека детето на почетокот на февруари било жртва на сексуално вознемирување. Писмено се известени полицијата и основното јавно обвинителство. Стручниот тим при МЦСР Прилеп презема мерки на помош и заштита и психосоцијална помош и поддршка за јакнење на емоционалната стабилност и состојба во понатамошниот развој на детето. Ова особено имајќи предвид дека самата медиумска експонираност на предметот може да доведе и до секундарна виктимизација на детето на што особено треба да се внимава, стои во писменото обраќање од прилепскиот Центар за социјални работи. Од СВР Битола соопштуваат дека случајот е пријавен во полицијата. -На 14 февруари во 10,40 часот во полициската станица во Прилеп од вработена во средно училиште било пријавено дека малолетна ученичка кај неа пријавила дека била допирана по телото од вработен од училиштето. Полициските службеници презеле мерки и активности и за случајот е известен јавен обвинител, информираат од СВР Битола. Јавниот обвинител Маријана Илиеска потврди дека прибира известувања, врши распит и побара полицијата да ги прибави видео-записите од камерите во училиштето. -Започнавме со прибирање потребни известувања, а денеска имавме и распит, меѓу кои и на ученичката, а испрашани се директорката и социјален работник во училиштето. Поднесовме наредба до полицијата да ги прибави видеозаписите од училиштето. Психолог ќе вештачи за душевната состојба на ученичката за на крајот да решиме дали ќе се отвори предмет и дали ќе има кривично гонење, ни рече телефонски јавниот обвинител Маријана Илиеска. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenichka-bila-seksualno-voznemiruvana-od-vraboten-vo-uchilishte-uchilishteto-prijavilo-deka-taa-se-odnesuvala-nesoodvetno-nadlezhnite-se-na-poteg/feed/ 0
УЖАС: Од игра во трагедија – девојчето кое загина од струен удар во Илинден снимало видео за Тик-Ток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uzhas-od-igra-vo-tragedija-devojcheto-koe-zagina-od-struen-udar-vo-ilinden-snimalo-video-za-tik-tok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uzhas-od-igra-vo-tragedija-devojcheto-koe-zagina-od-struen-udar-vo-ilinden-snimalo-video-za-tik-tok/#respond Sun, 26 Feb 2023 21:44:39 +0000 https://kurir.mk/?p=805317

Снимање на Тик-Ток видео била причината зошто 14-годишното девојче се качило на железничкиот вагон до кој стоела цистерна во синоќешната трагична несреќа во Општина Илинден. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за Телма потврди дека се работи за смрт од струен удар, а дека на местото биле присутни три другарки, тинејџерки, кои дошле околу 21 часот. Девојчето починало на самото место. Интервенцијата на пожарникарите траела до 21 часот и 45 минути, а потоа симнатото тело било дадено на обдукција. -Сите мора да внимаваме на нашите деца, особено на малолетниците каде се движат и што прават затоа што за жал ова не е прв случај и за да ги заштитиме нашите деца мора да преземеме соодветни мерки за да се укаже дека не смее да се движат во тие делови и особено да се качуваат на вагоните затоа што се многу опасни и може да настане последица од струен удар, изјави Ангеловски. Слична трагедија со Тик-Ток видео се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uzhas-od-igra-vo-tragedija-devojcheto-koe-zagina-od-struen-udar-vo-ilinden-snimalo-video-za-tik-tok/feed/ 0
ОЈО излезе со првични иформации за починатото девојче во Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-izleze-so-prvichni-iformatsii-za-pochinatoto-devojche-vo-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-izleze-so-prvichni-iformatsii-za-pochinatoto-devojche-vo-ilinden/#respond Sun, 26 Feb 2023 09:31:07 +0000 https://kurir.mk/?p=805117

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14 годишно девојче, се вели во соопштението ипстатено до медиумите од ОЈО. Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче, велат од ОЈО Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан., додаваат од ОЈО.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-izleze-so-prvichni-iformatsii-za-pochinatoto-devojche-vo-ilinden/feed/ 0
ЌЕ ВИ СЕ РАСПАРА СРЦЕТО НА ДВА ДЕЛА – додека спасувачот ја снима во живо, Азра му умира на рацете (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-vi-se-raspara-srtseto-na-dva-dela-dodeka-spasuvachot-ja-snima-vo-zhivo-azra-mu-umira-na-ratsete-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-vi-se-raspara-srtseto-na-dva-dela-dodeka-spasuvachot-ja-snima-vo-zhivo-azra-mu-umira-na-ratsete-video/#respond Thu, 16 Feb 2023 19:49:01 +0000 https://kurir.mk/?p=801451

Четиригодишната Азра Дуру која беше извлечена од урнатините во Турција го загуби животот, а спасувачот е цел на критики за начинот на кој го држеше девојчето. Информацијата за смртта ја потврдија роднините на малечката Азра, јавуваат турските медиуми. Се наведува дека спасувачот ја вклучил камерата од телефонот и снимал додека самиот го држел девојчето и покрај тоа што имало видливи повреди. На снимките се гледа дека детето тешко ја држи главата, а внимание привлекоа и повредите на лицето, пишуваат корисници на социјалните мрежи во Турција, коментирајќи дека мажот требал да почека да пристигне брзата помош, a не сам на раце да го носи повреденото девојче. Причината за смртта на Азра беше објаснета како траума предизвикана од природна катастрофа, тешка повреда, внатрешно крварење, скршеници на левата нога и на десната рака. Видеото можете да го погледнете ТУКА.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ke-vi-se-raspara-srtseto-na-dva-dela-dodeka-spasuvachot-ja-snima-vo-zhivo-azra-mu-umira-na-ratsete-video/feed/ 0