дезинформации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 14:33:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дезинформации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Загриженост кај Европската федерација на новинари поради порастот на дезинформации од вештачката интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizhenost-kaj-evropskata-federatsija-na-novinari-poradi-porastot-na-dezinformatsii-od-veshtachkata-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizhenost-kaj-evropskata-federatsija-na-novinari-poradi-porastot-na-dezinformatsii-od-veshtachkata-inteligentsija/#respond Fri, 18 Aug 2023 14:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=868478

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) денеска предупреди дека вештачката интелигенција сè повеќе се користи за производство на погрешни визуелни и текстуални содржини, со цел ширење на дезинформации кои би влијаеле на јавното мислење. Затоа, според ЕФЈ, повеќе од кога било досега е потребно јавноста да развие медиумска писменост, со цел да ги препознае дезинформациите користејќи различни техники и алатки и да го разбере функционирањето на медиумите. „Вештачката интелигенција ги прави моќните алатки достапни за секого, вклучувајќи ги и злонамерните актери. Затоа е важно медиумската писменост да се гледа како збир на алатки и техники кои им овозможуваат на корисниците да препознаат дезинформации и да интерпретираат медиумска содржина“, посочува ЕФЈ. Во наредниот период, според ЕФЈ, Европската заедница за вештачка интелигенција, податоци и роботика треба да разговара со синдикатите и здруженијата на новинари за дизајнирање и развој на алатки за вештачка интелигенција кои би ја олесниле работата на медиумските работници. „Неопходна е соработка на различни институции, програмери, влади и медиумски издавачи и уредници. Одговорност на редакциите е да се погрижат алатките за вештачка интелигенција да се користат во согласност со новинарските стандарди“, додаваат од федерацијата на новинари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizhenost-kaj-evropskata-federatsija-na-novinari-poradi-porastot-na-dezinformatsii-od-veshtachkata-inteligentsija/feed/ 0
Твитер ги укинува мерките за борба против дезинформациите за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-gi-ukinuva-merkite-za-borba-protiv-dezinformaciite-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-gi-ukinuva-merkite-za-borba-protiv-dezinformaciite-za-kovid-19/#respond Wed, 30 Nov 2022 06:52:49 +0000 https://kurir.mk/?p=768626

Твитер соопшти дека става крај на мерките за борба против дезинформациите за вирусот Ковид-19, што вклучуваат етикети и предупредувачки пораки на твитови со спорни информации, како и отстранување на твитови со лажни тврдења за вакцините. „Од 23 ноември 2022 година, Твитер повеќе не спроведува посебни мерки за контрола на информациите за Ковид-19“, се вели во соопштението на официјалната страница на Твитер. Американскиот милијардер Илон Маск ја презеде компанијата Твитер во октомври и потоа започна серија реформи. По преземањето на компанијата, Маск рече дека сака да создаде совет за модерација на содржината што ќе вклучува модератори со „многу различни гледишта“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tviter-gi-ukinuva-merkite-za-borba-protiv-dezinformaciite-za-kovid-19/feed/ 0
Турција: Усвоен закон, затворски казни за ширење дезинформации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-usvoen-zakon-zatvorski-kazni-za-shirenje-dezinformacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-usvoen-zakon-zatvorski-kazni-za-shirenje-dezinformacii/#respond Fri, 14 Oct 2022 06:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=745066

Турскиот парламент синоќа усвои Закон што наводно има за цел борба против лажните вести и дезинформациите, со оспорувани одредби што предвидуваат и затворски казни за ширење дезинформации. Најконтроверзната одредба во новата легислатива, членот 29, предвидува казна затвор до три години за ширење информации што се „спротивни на вистината” за прашања од областа на безбедноста, јавниот ред и здравјето во Турција, односно ширење дезинформации што наводно имаат намера да предизвикаат загриженост и паника во јавноста. Опозицијата соопшти дека новата легислатива е со цел замолчување на критичарите на власта пред претседателските и парламентарните избори закажани за јуни. Критичарите предупредуваат дека корисниците на социјалните мрежи може да бидат притворени доколку споделат содржина која власта ја смета за лажна. „Оние што велат ’има сиромаштија’ ќе одат во затвор. Оние што велат ’има корупција’ ќе одат во затвор“, изјави Енгин Алтај, пратеник од главната опозициска Републиканска народна партија. Законот од 40 членови беше усвоен од владејачкото мнозинство во Парламентот, составено од пратеници на Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и нејзините сојузници. Гласањето следеше по бурните седници во Парламентот, со спротивставувања на пратениците од опозицијата кои во неколку наврати ја прекинуваа расправата и го осудија, како што посочија, законот за цензура. Ердоган се заложи за усвојување на Законот, истакнувајќи дека лажните вести и растечкиот „дигитален фашизам” се закани за националната и глобалната безбедност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-usvoen-zakon-zatvorski-kazni-za-shirenje-dezinformacii/feed/ 0
Петрески: Дезинформациите околу војната во Украина пристигнуваат главно од нашиот северен сосед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petreski-dezinformaciite-okolu-vojnata-vo-ukraina-pristignuvaat-glavno-od-nashiot-severen-sosed/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petreski-dezinformaciite-okolu-vojnata-vo-ukraina-pristignuvaat-glavno-od-nashiot-severen-sosed/#respond Thu, 19 May 2022 20:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=679235

Аналитичарот Владимир Петрески вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека дезинформациите околу војната во Украина пристигнуваат главно од нашиот северен сосед. Според него, дезинформациите се преземени. „Традиционално информативните врски со северниот сосед постоеле и постојат долго време, и со тие информативни врски пристигнуваат и дезинформациите. Сега веќе подолго време има воспоставени и канали за дезинформации кои постојат со години“, вели Петрески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petreski-dezinformaciite-okolu-vojnata-vo-ukraina-pristignuvaat-glavno-od-nashiot-severen-sosed/feed/ 0
Луѓето постари од 50 години најподложни на дезинформации https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-postari-od-50-godini-najpodlozni-na-dezinformacii/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-postari-od-50-godini-najpodlozni-na-dezinformacii/#respond Tue, 19 Apr 2022 09:22:24 +0000 https://kurir.mk/?p=665227

Дезинформациите за војната во Украина, пандемијата и другите актуелни настани претставуваат закана пред сѐ за постарите корисници на Ватсап, Фејсбук и другите социјални мрежи, тврдат политиколозите специјализирани за ширење лажни вести. – Генерацијата што подоцна се спои со дигиталната ера е најподложна на влијанието на лажните вести. Постарите луѓе, кои стапиле во контакт со платформите за пренесување пораки подоцна во нивните животи, се соочуваат со емоционално исполнета содржина за руската инвазија на Украина, што може да ја земаат здраво за готово, смета Јозеф Холнбургер, директор на германскиот непрофитен Центар за мониторинг, анализа и стратегија, кој се занимава со теории на заговор и екстремистичка содржина. Тој вели дека затоа треба да има едукативни кампањи насочени кон луѓето над 50 години. – Официјалните лица кои сакаат да се вклучат во онлајн кампањи против дезинформацијата и теориите на заговор треба да се сосредоточат на постарите интернет корисници. Таканаречените „дигитални староседелци“, односно оние кои пораснале со посилни медиумски вештини, можат да разговараат со постарите членови на семејството за можните ризици од користењето интернет. Проблемот со недостигот на медиумски компетенции не е толку изразен кај децата на училишна возраст, посочи Холнбургер. Повеќе од 60 стручњаци кои учествуваа во истражувањето на Фондацијата Водафон летото 2021 година, ја потврдија оваа оценка. Тие сметаат дека повозрасните луѓе се „речиси двојно поранливи на дезинформациите“ отколку адолесцентите и помладите возрасни (74 отсто наспроти 40 отсто). – Луѓето кои можеби воопшто не ги доживуваат дезинформациите како дезинформации, туку како (вистински) информации, се оние на кои најлесно може да се влијае, вели Холнбургер. Тоа значи дека во иднина ќе бидат потребни уште многу повеќе организирани едукативни услуги за луѓето кои лесно паѓаат под влијание на лажните вести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-postari-od-50-godini-najpodlozni-na-dezinformacii/feed/ 0
Европските власти воведуваат овластувања што ќе им овозможат казнување на појавите на ширење дезинформации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-vlasti-voveduvaat-ovlastuvanja-shto-kje-im-ovozmozat-kaznuvanje-na-pojavite-na-shirenje-dezinformacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-vlasti-voveduvaat-ovlastuvanja-shto-kje-im-ovozmozat-kaznuvanje-na-pojavite-na-shirenje-dezinformacii/#respond Tue, 08 Mar 2022 11:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=643261

Извршните власти на ЕУ планираат да предложат нови правила со што ќе им биде овозможено да ги казнуваат дезинформациите од целиот свет, притоа посочивајќи ја како пример руската државна телевизија „Раша тудеј“. Жозеп Борел, шефот на дипломатијата на ЕУ, рече дека властите треба да бидат способни да ги замрзнуваат средства, како и да забрануваат патувања во регионот, сето во насока на санкционирање на ширењето погрешни информации. „Треба да ги заштитиме нашите демократии од надворешни влијанија и обиди за манипулации. Ќе предложам нов механизам што ќе ни овозможи да ги санкционираме оние што шират малигни информации“, рече тој. Борел уште истакна дека со употребата на лажни вести и дезинформации Москва ги „бомбардира умовите“ на луѓето во Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-vlasti-voveduvaat-ovlastuvanja-shto-kje-im-ovozmozat-kaznuvanje-na-pojavite-na-shirenje-dezinformacii/feed/ 0
Фејсбук повторно ги отстрани мрежите за дезинформации за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-povtorno-gi-otstrani-mrezite-za-dezinformacii-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-povtorno-gi-otstrani-mrezite-za-dezinformacii-za-koronavirusot/#respond Thu, 02 Dec 2021 16:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=603168

Тие ги навредуваа лекарите, новинарите и пратениците нарекувајќи ги поддржувачи на нацизмот затоа што промовираа вакцинација против Ковид и тврдејќи дека задолжителната вакцинација ќе доведе до здравствена диктатура, рече на прес-конференција Мајк Двиљански, директор за истраги за закани. Тој ја имал за цел мрежата поврзана со движењето против вакцините наречена „V_V“, која калифорниската компанија ја обвинува дека водела кампања за масовно заплашување и вознемирување на истакнати луѓе во здравството, медиумите и политиката во Италија и Франција. Авторите на операцијата работеле на координиран начин преку системот за пораки на Телеграм, каде што волонтерите имале пристап до списоци со луѓе кои биле цел и „формации“ за да го избегнат автоматското откривање на Фејсбук. Притоа, тие оставале коментари под пораките на жртвите, наместо да објавуваат содржина и би менувале поединечни букви како „vaxcinati“ наместо „vaccinati“ за „вакцинирани лица“ на италијански. Мета наведува и дека потиснала друга операција координирана од Кина, која користела лажни фактури за промовирање лажни информации. Тие пренесоа пораки објавени на профилот на измислен швајцарски биолог дека Соединетите држави вршат притисок врз Светската здравствена организација (СЗО) да и` ја препише одговорноста за коронавирусот на Кина. Кинеските државни медиуми тогаш го цитирале тој лажен биолог. - Тоа беше како сала со огледала во која на неодредено време се рефлектираше само една лажна личност, се вели во соопштението на Мета. Компанијата со седиште во Калифорнија воспоставила врска помеѓу работењето и вработените во кинеската компанија за компјутерска безбедност Sichuan Silence Information Technology Co., како и поединци поврзани со други кинески компании во светот специјализирани за инфраструктура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-povtorno-gi-otstrani-mrezite-za-dezinformacii-za-koronavirusot/feed/ 0
Фејсбук ќе блокира дезинформации во врска со вакцината против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-blokira-dezinformacii-vo-vrska-so-vakcinata-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-blokira-dezinformacii-vo-vrska-so-vakcinata-protiv-kovid-19/#respond Fri, 04 Dec 2020 08:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=438531

Фејсбук соопшти дека ќе ги блокира лажните и научно неиздржани тврдења за вакцината против Ковид-19. Станува збор за проширување на постојните правила на компанијата против дезинформации за пандемијата. Фејсбук се одлучи на овој чекор по веста дека наскоро ќе започне вакцинацијата против коронавирусот низ целиот свет, пренесуваат светските медиуми. Како што наведуваат, идеолошки различни групи ширеа дезинформации за вакцините на социјалните мрежи за време на пандемијата, вклучително и дека истражувањето е спроведено врз луѓе без нивна согласност, поради што компанијата одлучи да застане на патот на лажните вести и дезинформации. Компанијата Јутјуб го стори тоа во октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fejsbuk-kje-blokira-dezinformacii-vo-vrska-so-vakcinata-protiv-kovid-19/feed/ 0
Црвениот крст создаде мрежа за борба против дезинформациите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crveniot-krst-sozdade-mreza-za-borba-protiv-dezinformaciite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crveniot-krst-sozdade-mreza-za-borba-protiv-dezinformaciite/#respond Tue, 05 May 2020 17:23:19 +0000 https://kurir.mk/?p=342101

Меѓународниот Црвен крст ја лансираше првата глобална мрежа на инфлуенсери од социјалните мрежи за да се бори против дезинформациите за коронавирусот и за да шири содржини за спречување на ширењето на болеста. Експертите со месеци предупредуваат дека пандемијата се сокри во масовната „инфодимија“, односно меѓу бројните информации, меѓу кои се широко распространети лажните тврдења што можат да претставуваат сериозна закана за јавното здравство, пренесува Гардијан. -Добивањето вистински информации е исто толку важно како и здравствената заштита, изјави Никола Џонсон, медиумски менаџер на Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Членови на мрежата се дваесетина влијателни инфлуенсери, кои имаат огромно влијание врз социјалните мрежи и имаат вкупно околу два милиони следбеници. Црвениот крст, исто така, наведува дека очекува во следмките денови списокот на членки да се прошири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crveniot-krst-sozdade-mreza-za-borba-protiv-dezinformaciite/feed/ 0