Џељаљ Свечла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 13:24:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џељаљ Свечла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свечља: Нападот со рачна граната синоќа во северно Косово го наложи Вучиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-napadot-so-rachna-granata-sinoka-vo-severno-kosovo-go-nalozhi-vuchik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-napadot-so-rachna-granata-sinoka-vo-severno-kosovo-go-nalozhi-vuchik/#respond Fri, 22 Sep 2023 13:24:04 +0000 https://kurir.mk/?p=880793

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, изјави дека фрлањето на воената рачна граната синоќа на северот на земјата било извршено по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља на својата страница на Фејсбук напиша дека криминалниот чин е извршен во знак на револт поради апсењето, минатиот вторник, на тројца Срби обвинети за воени злосторства. -Инспирацијата, поддршката и нарачката за овој криминален чин дојде од поранешниот министер за пропаганда во времето на (Слободан) Милошевиќ, Александар Вучиќ. Србија изврши геноцид во Косово. Србија на чело со Вучиќ не само што не го прифаќа овој факт, туку ги велича воените злосторници. Доказ за нејзиниот непроменет став е самото планирање на чинот на фрлање на гранатата, напиша Свечла. Тој порача дека злосторствата извршени за време на војната во Косово ќе се гонат до крај, додека фрлањето воени рачни бомби од криминалните групи не може да ја одврати правдата. – Од надлежните единици на косовската полиција, по долготраен ангажман и со основани сомнежи, уапсени се тројца српски граѓани за злосторства извршени врз цивилното население за време на војната во Косово. Истите се осомничени дека биле соучесници во тортури, ранувања, убиства, депортации и масакри врз Албанци во Вучитрн, во околните села и во затворот Смрековница. Во знак на револт поради апсењето на овие лица, како порака до нашата правда и со цел да предизвикаат терор кај нашите граѓани, криминалните групи синоќа фрлија воена рачна граната, напиша Свечла. И покрај тоа, порача првиот косовски полицаец, „Косово ќе биде правна држава, на еднакви граѓани каде еднаквоста и просперитетот ќе бидат загарантирани за сите“. Косовската полиција денеска соопшти дека во населбата „Бошњачко маало“ во Северна Митровица, синоќа, нешто пред полноќ, експлодирала рачна граната, која предизвикала само материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-napadot-so-rachna-granata-sinoka-vo-severno-kosovo-go-nalozhi-vuchik/feed/ 0
Свечља: Од денеска заеднички гранични премини меѓу Косово и Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-od-deneska-zaednichki-granichni-premini-megu-kosovo-i-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-od-deneska-zaednichki-granichni-premini-megu-kosovo-i-severna-makedonija/#respond Mon, 18 Sep 2023 17:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=879230

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечла, тврди дека од денеска Косово и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични премини, односно само една пасошка контрола, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља на својата страница на Фејсбук објави дека го потпишал договорот со кој ќе се овозможи воспоставување на заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, на премините „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“. -Од денеска Република Косово и Република Северна Македонија имаат заеднички гранични премини. Имајќи ги предвид пријателските односи, засновани на вредностите на еднаквост и со цел зајакнување на регионалната соработка, денеска го потпишав договорот со кој ќе се овозможи воспоставување заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“, напиша Свечља. Овој договор, според косовскиот министер за внатрешни работи, „има за цел да ги поедностави процедурите и да го олесни движењето на луѓето и возилата“. – Граѓаните отсега ќе се легитимираат само на еден граничен пункт, напиша Свечља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svechla-od-deneska-zaednichki-granichni-premini-megu-kosovo-i-severna-makedonija/feed/ 0