Џин Керол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 19:41:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џин Керол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Федерален суд ја отфрли контратужбата на Трамп против писателката Џин Керол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/federalen-sud-ja-otfrli-kontratuzhbata-na-tramp-protiv-pisatelkata-dhin-kerol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/federalen-sud-ja-otfrli-kontratuzhbata-na-tramp-protiv-pisatelkata-dhin-kerol/#respond Mon, 07 Aug 2023 19:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=864350

Федералниот суд во Њујорк денеска ја отфрли контратужбата на Доналд Трамп за клевета против писателката Џин Керол. Судијата Луис Каплан во својата одлука наведе дека поранешниот американски претседател не докажа дека изјавите на Керол на Си-ен-ен се лажни, пренесе телевизијата. Според Си-ен-ен, Трамп ја тужел Керол во јуни, откако таа изјавила: „О, да, тој тоа го направи“, коментирајќи ја пресудата според која поранешниот претседател сексуално ја нападнал, но не ја силувал. -Нема основа аргументот на г-дин Трамп дека наодот на поротата за прашањето „силување“ покажа дека изјавите на г-ѓа Керол биле лажни, дури и доколку нејзините изјави може да се протолкуваат како да се однесуваат на „силување“, рече судијата во одлуката. Керол го обвини Трамп дека ја силувал во гардероба на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите, по што тој, во 2022 година, на својата платформа „Truth social“ нејзиниот настап го оцени како измама. По пресудата, Трамп кажа дека доделувањето на Керол отштета од два милиони долари за сексуален напад е „претерано“, бидејќи поротата утврдила дека тој не ја силувал, додека, според него, отштетата за клевета била заснована на „чиста шпекулација“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/federalen-sud-ja-otfrli-kontratuzhbata-na-tramp-protiv-pisatelkata-dhin-kerol/feed/ 0
Керол: Ќе барам од Трамп поголема компензација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kerol-ke-baram-od-tramp-pogolema-kompenzatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kerol-ke-baram-od-tramp-pogolema-kompenzatsija/#respond Tue, 23 May 2023 08:29:15 +0000 https://kurir.mk/?p=837789

Колумнистката Е. Џин Керол најави дека ќе го зголеми своето барање за отштета во првата од двете тужби за клевета што ги покрена против поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Таа рече дека ќе бара уште најмалку 10 милиони долари дополнителна отштета за коментарите што поранешниот американски претседател ги даде на Си-Ен-Ен, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална злоупотреба. Федералната порота во Менхетен на 9 мај донесе одлука дека Трамп сексуално ја злоупотребувал Керол во 1990-тите, а потоа ја наклеветил во октомври 2022 година, кога рече дека таа лажела претходно. Поротата му нареди на Трамп да исплати отштета на Керол во износ од пет милиони долари, но поранешниот американски претседател поднесе жалба на пресудата, велејќи дека тврдењата на Керол се „тотална измама“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kerol-ke-baram-od-tramp-pogolema-kompenzatsija/feed/ 0