Џон Берилсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 16:08:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џон Берилсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трагедија: Сопственикот на Милвол загина во сообраќајна несреќа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tragedija-sopstvenikot-na-milvol-zagina-vo-soobrakajna-nesreka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tragedija-sopstvenikot-na-milvol-zagina-vo-soobrakajna-nesreka/#respond Wed, 05 Jul 2023 16:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=853189

Сопственикот и претседател на лондонски Милвол, Џон Берилсон (70) загина во сообраќајна несреќа, објави денеска англискиот фудбалски клуб, кој настапува во Чемпионшип лигата, а изминатата сезона беше на чекор до плејофот за пласман во Премиер лигата. Берилсон, кој е роден во Бостон, зад себе ги остави сопругата Ејми и децата Џенифер, Џејмс и Елизабет. Детали од несреќата не се познати, а англиските медиуми јавија дека станува збор за „трагична несреќа“. „Со колективно скршено срце и најдлабоко жалење ја објавуваме смртта на нашиот сакан сопственик и претседател, Џон Берилсон. Беше навистина голем човек, неверојатно посветен на своето семејство и личност со широка душа, топлина и добрина. Живееше исполнет живот, полн со бои и радост. Под негово водство Милвол постигна огромен успех и стабилност“, соопшти клубот од Лондон. Американскиот бизнисмен првпат се вклучи во клубот од Чемпионшип со седиште во југоисточен Лондон во 2006 година. Го презеде кога клубот испадна во третата лига, а изминатите години Милвол беше стабилен второлигаш.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tragedija-sopstvenikot-na-milvol-zagina-vo-soobrakajna-nesreka/feed/ 0