Џулијан Сендс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Jun 2023 06:35:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џулијан Сендс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потврдена смртта на глумецот Џулијан Сендс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/potvrdena-smrtta-na-glumetsot-dhulijan-sends/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/potvrdena-smrtta-na-glumetsot-dhulijan-sends/#respond Wed, 28 Jun 2023 06:35:46 +0000 https://kurir.mk/?p=850322

Мртво тело пронајдено на планината Балди во јужна Калифорнија е идентификувано со британскиот глумец Џулијан Сендс, кој пет месеци се водеше за исчезнат откако заминал на планинарење. Шерифот на Округот Сан Бернандино потврди синоќа дека останките се на исчезнатиот 65-годишен актер, жител на Лос Анџелес. Истрагата сѐ уште утврдува како настапила смртта. Телото на Сeндс било откриено во саботата од љубители на пешачењето во природа. Планината е дел од масивот Сан Гејбриел што е на 80 километри од Лос Анџелес. Калифорнија зимата беше погодена од досега незабележани бури предизикани од доста смртоносни поплави и лизгање на земјиштето. Си-би-ес јави дека два дена пред исчезнувањто на Сeндс, мајка на четири деца загинала во лизгање на земјиштето на планината Балди. А, 75-годишник се загубил во планината и бил најден и спасен по два дена. Беа организирани неколку потраги по Сeндс - последната на 17 јуни. Полицијата потврди дека, поради „екстремни алпски услови“, некои места на планината се недостапни. Сeндс се појави во десеттина филмски и телевизиски улоги, вклучувајќи ги „Соба со поглед“, „Напуштање на Лас Вегас“, „Полиња за убивање“ и други. Беше оженет со новинарката Евгенија Ситковиц и има три возрасни деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/potvrdena-smrtta-na-glumetsot-dhulijan-sends/feed/ 0
Пронајдени човечки останки во близина на местото каде исчезна познатиот актер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pronajdeni-chovechki-ostanki-vo-blizina-na-mestoto-kade-ischezna-poznatiot-akter/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pronajdeni-chovechki-ostanki-vo-blizina-na-mestoto-kade-ischezna-poznatiot-akter/#respond Sun, 25 Jun 2023 17:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=849496

Човечки останки се пронајдени во Јужна Калифорнија во близина на областа за потрага по исчезнатиот британски актер Џулијан Сендс. -Планинарите контактираа со Одделот на шерифот Фонтана откако открија човечки останки во планината Балди дивината, се вели во соопштението на Канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино. Истражителите велат дека идентификацијата на останките треба да биде завршена следната недела. Потрагата по Сендс беше фокусирана на областа Маунт Балди врз основа на траги од движење пронајдени на неговиот мобилен телефон. Британскиот актер не е виден откако во јануари отиде на планинарење во Сан Габриел, североисточно од Лос Анџелес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pronajdeni-chovechki-ostanki-vo-blizina-na-mestoto-kade-ischezna-poznatiot-akter/feed/ 0
ИСЧЕЗНА ПРЕД 12 ДЕНА: Се уште се трага по актерот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ischezna-pred-12-dena-se-ushte-se-traga-po-akterot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ischezna-pred-12-dena-se-ushte-se-traga-po-akterot/#respond Wed, 25 Jan 2023 08:35:48 +0000 https://kurir.mk/?p=791521

Властите во Калифорнија сè уште не го нашле британски актер Џулијан Сендс, кој веќе 12 дена е исчезнат во планините Сан Габриел. 65- годишниот Сендс исчезна на 13 јануари во планините Сан Габриел, во областа Балди Бул, северно од Лос Анџелес. Шерифот на округот Сан Бернардино рече дека се направени голем број напори за потрага по актерот, вклучувајќи хеликоптери и беспилотни летала. Канцеларијата на шерифот забележа дека областа каде што исчезна Сендс е исклучително опасна дури и за искусни планинари. Неговиот автомобил беше пронајден минатата недела до местото каде што беше пријавен за исчезнат. Сендс глуми во бројни филмови и серии, вклучувајќи ги „24“, „Смолвил“ и „Соба со поглед“, а живее во Лос Анџелес од 2020 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ischezna-pred-12-dena-se-ushte-se-traga-po-akterot/feed/ 0