диалог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Jun 2021 05:52:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png диалог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува дијалогот Белград – Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-dijalogot-belgrad-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-dijalogot-belgrad-prishtina/#respond Tue, 15 Jun 2021 05:52:24 +0000 https://kurir.mk/?p=523463

Во Брисел денеска се одржува нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, билатерално да се сретне во 9.30 часот со главниот медијатор на Европската унија во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Жосеп Борел. По одделните билатерални средби меѓу Борел и Албин Курти и со Вучиќ, трилатерална средба треба да започне околу 10.30 часот, на која ќе присуствуваат претседателот на Србија, премиерот на Косово, министерот за надворешни работи на ЕУ и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак. ЕУ, која е главен медијатор во дијалогот, посочи дека ова е продолжение на процесот започнат во 2011 година, а не почеток на нов дијалог. Последната рунда разговори се одржа на 10 декември 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-dijalogot-belgrad-prishtina/feed/ 0
Соборот на СПЦ е за дијалог со МПЦ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/soborot-na-spc-e-za-dijalog-so-mpc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/soborot-na-spc-e-za-dijalog-so-mpc/#respond Sun, 19 May 2019 08:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=199636

Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква на годишното заседание што заврши вчера во Белград, ја разгледа состојбата на српските цркви во регионот, при што е констатирано, како што се наведува во соопштението, „анимозитет и дискриминација во однос на СПЦ во поголема или помала мера, речиси насекаде – во Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија“. Во соопштението на Светиот архиерејски Собор на СПЦ, се наведува дека тоа посебно се констатира во Црна Гора, каде неодамна е потрврден антиевропски и антицивилизациски предлог-закон за црквите и верските заедници. – Секако, насекаде – и во Црна Гора, и во Хрватска и на друго место, има не малку чесни поединци и цели заедници кои се залагаат за правда и слобода на сите, се наведува во соопштението на Соборот на СПЦ. Архиереите ја истакнаа, како што се наведува во соопштението, и „тешката состојба на автономната Охридска архиепископија во Северна Македонија, каде во моментов нема директен прогон на архиепископот Јован, епископ, клирик, монах и верник“, но, како што посочуваат, „над глава им виси Дамоклов меч на нов судски прогон“. – Наспроти тоа, српската Црква и натаму, како и досега е за дијалог со тамошната Црква, која веќе со децении е во раскол и за решавање на проблемот на автентична канонска основа, се наведува во соопштението на Соборот на СПЦ. На годишното заседание на Српскиот архиерејски собор, е истакнато, меѓудругото, дека најголемиот проблем на Православната црква денес е црковниот раскол во Украина и промашениот обид на Цариградската патријаршија тој проблем да го реши на своја рака, без дијалог со канонската Црква во Украина и со Руската православна црква во целина и без сеправославно советување. На Соборот, што почна на 8 мај во Жича, а продолжи во Белград, се разгледани тековни прашања од црковниот живот и односите на СПЦ со другите цркви и верски заедници во Србија и регионот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/soborot-na-spc-e-za-dijalog-so-mpc/feed/ 0