Дидие Дешан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Jan 2023 11:29:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дидие Дешан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Готово е: Зидан извиси, Дешан останува селектор на Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gotovo-e-zidan-izvisi-deshan-ostanuva-selektor-na-francija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gotovo-e-zidan-izvisi-deshan-ostanuva-selektor-na-francija/#respond Sat, 07 Jan 2023 11:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=784401

Човекот кој на последните две Светски првенства со Франција ја освои титулата и играше во финалето, Дидие Дешан, денеска потпиша нов договор со француската фудбалска федерација до 2026 година. Оваа вест ја потврди Фудбалската федерација на Франција која инсистираше Дешан да го продолжи договорот откако со Триколорите загуби во финалето на СП во Катар од Аргентина по подобро изведување на пенали. Дешан како селектор на Франција триумфира на СП 2018 и во Лигата на нации во 2021 година, а играше во финалињата на ЕП 2016 кога загуби од Португалија и на СП 2022. Тој на клупата на Франција досега седеше 139 натпревари и има скор од 89 победи, 22 ремија и 22 порази со гол разлика 279:119. Ова значи дека Зинедин Зидан кој речиси една и пол година е без ангажман чекајќи го повикот да седне на клупата на Франција, ќе мора да се врати на клупскиот фудбал. Во Федерацијата имаше круг на луѓе кои инсистираа Зидан веднаш по завршување на СП во Катар, да биде именуван за нов селектор, но Дешан со пласманот во финалето иако не можеше да смета да неколку клучни играчи кои беа повредени, покажа дека заслужува да остане селектор уште еден циклус. Зидан наводно има понуда од Бразил да биде селектор, но таа вест не е потврдена, а се споменува дека би можел да ја прифати понудата на Јувентус кого веќе го одби два пати, и од лето да седне на клупата на Старата дама.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gotovo-e-zidan-izvisi-deshan-ostanuva-selektor-na-francija/feed/ 0
Дешан: Франција покажа слабост дозволувајќи им на Швајцарците да се вратат во игра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-francija-pokaza-slabost-dozvoluvajkji-im-na-shvajcarcite-da-se-vratat-vo-igra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-francija-pokaza-slabost-dozvoluvajkji-im-na-shvajcarcite-da-se-vratat-vo-igra/#respond Tue, 29 Jun 2021 11:43:30 +0000 https://kurir.mk/?p=529333

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешан ги сумираше впечатоците од натпреварот против Швајцарија (3:3, на пенали – 4:5) во осминафиналето на ЕВРО 2020. – Секогаш е тешко да се објасни вакво нешто. Не успеавме во првото полувреме, а потоа го сторивме потребното за да ја свртиме ситуацијата во втората половина на мечот. Обично сме силни и самоуверени, но денес покажавме слабост што и дозволи на Швајцарија да се врати во игра. Тешко е и болно. Направивме сè за сето тоа да заврши поинаку. Ова е фудбал. Денес турнирот заврши за нас. Нема магични формули, станува збор за наоѓање рамнотежа. Во тимот постои единство и солидарност. Јас сум одговорен кога работите ќе тргнат наопаку. Јас сум со играчите и тие се со мене. Потребно ни е време да се справиме со ов, изјави Дешан. Франција која е актуелен светски првак, со елиминацијата во осминафиналето, ја доживеа судбината на Португалија која сè уште е европски шампион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-francija-pokaza-slabost-dozvoluvajkji-im-na-shvajcarcite-da-se-vratat-vo-igra/feed/ 0
Дешан разочаран од ремито со Украина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-razocharan-od-remito-so-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-razocharan-od-remito-so-ukraina/#respond Thu, 25 Mar 2021 07:22:35 +0000 https://kurir.mk/?p=487417

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, по ремито со Украина (1:1) на стартот во квалификацискиот за Мундијалот 2022 година, призна дека е разочаран од резултатот. -Требаше да ја обезбедиме победата уште во првото полувреме имајќи предвид колку шанси создадовме. Во второто полувреме стана потешко. Примениот гол можеше да се избегне. Како и да е, се боревме до крај. Секако, сега сме разочарани, изјави Дешан. И другиот натпревар од 1. коло во Д-групата заврши нерешено: Босна и Херцеговина – Финска 2:2. Слободен на стартот беше Казахстан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-razocharan-od-remito-so-ukraina/feed/ 0
Дешан: Беше многу важно да се победи Исланд https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-beshe-mnogu-vazno-da-se-pobedi-island/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-beshe-mnogu-vazno-da-se-pobedi-island/#respond Sat, 12 Oct 2019 07:27:18 +0000 https://kurir.mk/?p=250647

Францускиот селектор Дидие Дешан по победата на гостувањето над Исланд (1-0) во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 изјави декаова било многу важна победа за „петлите“ во борбата за пласман на завршницата на континенталното натпреварување. Актуелните светски шампиони се рангираат на второто место во групата „Х“ со 18 бода, исто колку и лидерот Турција. – За нас беше многу важно да победиме на овој натпревар. Беше тежок натпревар, иако имавме шанса да постигнеме и втор гол. Исланѓаните се секогаш опасни во статични ситуации. Ова е добра победа пред следниот натпревар, рече Дешан. Францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте се повреди на загревањето пред натпреварот. Ова не е прва повреда за халфот на Челзи оваа сезона, откако тој играше само на четири од осумте натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Наместо Канте, на теренот се најде Муса Сисоко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-beshe-mnogu-vazno-da-se-pobedi-island/feed/ 0
Дешан по поразот од Турција: За нас тоа беше шамар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-po-porazot-od-turcija-za-nas-toa-beshe-shamar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-po-porazot-od-turcija-za-nas-toa-beshe-shamar/#respond Sun, 09 Jun 2019 08:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=207155

Тренерот на Франција, Дидие Дешан не го криеше разочарувањето откако загуби 0-2 од Турција во Коња. Не толку резултатот колку ужасната игра го налути менторот на „петлите“ и тој ги критикуваше фудбалерите. – Кога екипата се претставува на тој начин, нема ништо позитивно, што да се истакне. Не направивме што требаше, а против нас имаше организиран и доста мотивиран ривал. Неопходно е да играме многу подобро без разлика на фактот дека ние сме светски шампиони. За нас тоа беше шамар. Повеќе нема што да додаде, изјави францускиот селектор. Интересен факт е дека „петлите“ за прв пат од 10 години не упатија ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол. Французите шутнаа четири пати во натпреварот, но сите нивни удари излегоа надвое одрамките на голот. Покрај тоа, за четири години Франција не дозволила повеќе од еден гол пред паузата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-po-porazot-od-turcija-za-nas-toa-beshe-shamar/feed/ 0
Дешан – „Тренер на годината“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-trener-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-trener-na-godinata/#respond Mon, 24 Sep 2018 20:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=105397

Тренерот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешан, целосно очекувано беше избран за најдобар тренер на годината на церемонијата „The Best“ на ФИФА. Тој успеа да ги изведе „петлите“ до својата втора светска титула во историјата, што беше и клучот за освојување на оваа награда. Другите двајца кандидати за наградата беа Зинедин Зидан и хрватскиот селектор - Златко Далиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/deshan-trener-na-godinata/feed/ 0