диего марадона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 07:59:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png диего марадона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меси за соборувањето на рекордот на Марадона: Би бил многу среќен за мене https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-za-soboruvanjeto-na-rekordot-na-maradona-bi-bil-mnogu-srekjen-za-mene/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-za-soboruvanjeto-na-rekordot-na-maradona-bi-bil-mnogu-srekjen-za-mene/#respond Thu, 01 Dec 2022 07:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=769272

Лионел Меси проговори за соборувањето на рекордот на Диего Марадона за натпревари за националниот тим. Натпреварот одигран синоќа против Полска (2:0) беше 22-ри за напаѓачот на фудбалските Мундијали. Меси кој игра за ПСЖ го надмина Диего Марадона по бројот на настапи на Светските првенства и постави рекорд за Аргентинците. -Неодамна дознав за тоа, не знаев. Убаво е да се постави таков рекорд. Мислам дека Диего би бил супер среќен за мене бидејќи секогаш се однесуваше кон мене со голема љубов. Секогаш беше среќен кога работите ми одеа добро, изјави Меси. Аргентина во осминафиналето ќе се сретне со Австралија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-za-soboruvanjeto-na-rekordot-na-maradona-bi-bil-mnogu-srekjen-za-mene/feed/ 0
Осум членови на медицинскиот тим на суд поради смртта на Марадона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/osum-chlenovi-na-medicinskiot-tim-na-sud-poradi-smrtta-na-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/osum-chlenovi-na-medicinskiot-tim-na-sud-poradi-smrtta-na-maradona/#respond Thu, 23 Jun 2022 09:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=694546

По обвинение за убиство од небрежност, во Аргентина е покрената тужба против осуммина членови на лекарскиот тим, кои се грижеле за здравјето на легендарниот фудбалер Диего Марадона пред да почине од срцев удар, соопшти судот во Аргентина. Судијата во Сан Исидро, северно предградие на Буенос Аирес, ја прифати тужбата против лекари, психијатри, психолози, менаџери на медицински техничари, медицински сестри и болничари, а тие се обвинети за убиство од небрежност, казниво од осум до 25 години затвор според тамошните закони, пренесува Асошиејтед прес. Судењето се очекува да започне дури на крајот на 2023 или почетокот на 2024 година. Според обвинителите, обвинетите „биле учесници во невидена, дефицитарна и несовесна домашна хоспитализација“, а извршиле „низа импровизации, лошо менаџирање и пропусти“, кога познатиот фудбалер закрепнувал од операција, што довело до негово смрт. Марадона почина на 60-годишна возраст на 25 ноември 2020 година, од кардио-респираторен застој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/osum-chlenovi-na-medicinskiot-tim-na-sud-poradi-smrtta-na-maradona/feed/ 0
ФОТО: Претставен авионот на Марадона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-pretstaven-avionot-na-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-pretstaven-avionot-na-maradona/#respond Thu, 26 May 2022 08:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=681745

Авионот, посветен на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, беше претставен во средата пред патувањето кое ќе заврши на Светското првенство во Катар подоцна оваа година. Танго Д10С – авион со 12 седишта финансиран од аргентинската компанија за финансиско производство – беше дизајниран како летечки музеј во чест на Марадона, светскиот шампион со Аргентина, кој почина од срцев удар во ноември 2020 година. И на опашката на авионот е слика од неговото лице. На крилата има слики од двата негови гола од победата на Аргентина од 2-1 над Англија во четвртфиналето на Светското првенство 1986 година: голот „Божја рака“ на левото крило и победничкиот гол на десно. – Јас сум луд по Марадона, јас сум од оние луѓе кои се уште гледаат видеа со Диего пред да заспие. Ова е прво Светско првенство без Марадона, а можеби и последно со (Лионел) Меси. Реков, сакам да направам авион Диего, сакам да направам авион Диего. И така го лансиравме Tango D10S. Кога соиграчите на Марадона, кои заедно со него го освоија Светското првенство во 1986 година, го видоа ова, останаа запрепастени, хипнотизирани од авионот – изјави Гастон Колкер, извршен директор на финтех компанијата „Гајв и Гет“. Планот е да се лета со авион околу Аргентина и евентуално во Катар на Светското првенство во ноември. Навивачите ќе можат да се качат во авионот и да му остават порака на Марадона во пилотската кабина, да имаат „интеракција“ со починатиот играч преку вештачка интелигенција и да гледаат спомени од него и од другите играчи од тимот од 1986 година. Ќе биде достапен и за приватно изнајмување пред да биде продаден на аукција во добротворни цели. – Не можеме да веруваме или да го разбереме ова лудило, љубовта што постои. До каде ќе одат навивачите? До каде оди авионот – рекла Далма, ќерката на Марадона. Извор: Спорт М]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-pretstaven-avionot-na-maradona/feed/ 0
Обвинителството утврди: Имало лекарски пропусти за смртта на Марадона! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obvinitelstvoto-utvrdi-imalo-lekarski-propusti-za-smrtta-na-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obvinitelstvoto-utvrdi-imalo-lekarski-propusti-za-smrtta-na-maradona/#respond Thu, 14 Apr 2022 16:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=663142

Аргентинското Обвинителство побара денеска да биде подигнат обвинителен акт против лекарскиот тим на легендарниот фудбалер Диего Марадона, кој почина во 2020 година, поради убиство од небрежност. Осумте членови на лекарскиот тим се товарат за „пропусти и непрофесионално постапување“ што Марадона го довело во „беспомошна состојба, во текот на скандалозна и полна со пропусти куќна хоспитализација“. Аргентинската фудбалска легенда почина на 25 ноември 2020 година, на 60-годишна возраст од срцев удар во Буенос Аирес, додека се рехабилитираше од неврохируршки зафат. Неврохирургот и лекар Леополд Луке и психијатарот Аугустина Косачов се под истрага, како главни одговорни за грижа за здравјето на Марадона. Доколку и формално биде подигнат обвинителен акт, на осумчлениот лекарски тим им се заканува казна затвор од осум до 25 години.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obvinitelstvoto-utvrdi-imalo-lekarski-propusti-za-smrtta-na-maradona/feed/ 0
Почина братот на Диего Марадона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochina-bratot-na-diego-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochina-bratot-na-diego-maradona/#respond Tue, 28 Dec 2021 20:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=614256

„Хуго Марадона е мртов“, соопшти Наполи во кусото соопштение, потврдувајќи ги информациите на италијанските медиуми дека доживеал срцев удар. „Ел Турко“, како што гласел неговиот прекар, живеел во Монте ди Процида, 15 километри западно од Неапол. Хуго Марадона, како славниот Диего и неговиот брат Раул, играл фудбал. Бил играч од средниот ред, но неговата кариера не била толку плодна. Бил член на аргентинската репрезентација до 16 години, на 18 години потпишал за Наполи, но набрзо се преселил на позајмица во Асколи. Тој поминал две сезони во Рајо Ваљекано, една сезона во Рапид, а играл и за клубови во Јужна Америка, Јапонија и Канада. По завршувањето на кариерата во 1999 година, тој работел како аматерски и младински тренер. За разлика од неговиот славен брат, Ел Турко живеел мирен живот и имал три деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochina-bratot-na-diego-maradona/feed/ 0
ФОТО: Првиот автомобил на Диего Марадона на продажба https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-prviot-avtomobil-na-diego-maradona-na-prodazba/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-prviot-avtomobil-na-diego-maradona-na-prodazba/#respond Sun, 26 Dec 2021 09:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=613225

Првиот автомобил на Диего Армандо Марадона е оригинален Фиат 128 CL од 1982 година, а се продава на аукција преку страната xave.market. Возилото било пронајдено во 2003 година во кокошарник на периферијата од Буенос Аирес, а Марадона истото го подарил за Божиќ во 1982 година. Марадона малку го возел, а низ годините на автомобилот му се губи трагата додека автомобилскиот колекционер Мартин Варон не го пронашол и станал негов сопственик. Фиатот на Марадона може да се добие со плаќање во криптовалути, а почетната цена е 400.000 долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-prviot-avtomobil-na-diego-maradona-na-prodazba/feed/ 0
ОПСЕСИЈА ИЛИ САМО ОБИЧЕН ФАН: Ротундо си ги именувал ќерките по Марадона, а сега сопругата закажала царски рез на првата годишнина од смртта на фудбалксата легенда https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/opsesija-ili-samo-obichen-fanopsesija-ili-samo-obichen-fan-rotundo-si-gi-imenuval-kjerkite-po-maradona-a-sega-soprugata-zakazala-carski-rez-na-prvata-godishnina-od-smrtta-na-fudbalksata-legenda/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/opsesija-ili-samo-obichen-fanopsesija-ili-samo-obichen-fan-rotundo-si-gi-imenuval-kjerkite-po-maradona-a-sega-soprugata-zakazala-carski-rez-na-prvata-godishnina-od-smrtta-na-fudbalksata-legenda/#respond Mon, 29 Nov 2021 09:38:47 +0000 https://kurir.mk/?p=601292

Голем обожавател на славниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој пред 10 години на своите ќерки-близначки им ги дал имињата Мара и Дона, сега има и син. Тој го добил името Диего. Валтер Ротундо (39) изјави дека неговата сопруга закажала царски рез на првата годишнина од смртта на фудбалскиот гигант, за да се породи. – Сè мина според планираното, изјави Ротундо за медиумите. Ротундо вели дека никогаш не го запознал Марадона, но неговиот херој знаел дека обожавателот ги именувал своите ќерки по него. – Овој ден, кога толку многу луѓе се тажни поради Диего, тажен сум и јас… Но, се чувствувам малку подобро поради раѓањето на мојот син. Сега, во иднина, овој ден пак ќе биде годишнина од смртта на Диего, но ќе биде и роденден на мојот син, вели Ротундо. Тој раскажа како Марадона, кога се родиле Мара и Дона пред 10 години, добил слика со девојчињата. Марадона одговорил со фотографија на којашто тој ја држи фотографијата. Ротондо бил толку трогнат од потегот, што ја истетовирал вторава слика на својот грб. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/opsesija-ili-samo-obichen-fanopsesija-ili-samo-obichen-fan-rotundo-si-gi-imenuval-kjerkite-po-maradona-a-sega-soprugata-zakazala-carski-rez-na-prvata-godishnina-od-smrtta-na-fudbalksata-legenda/feed/ 0
Синот на Марадона со ПОТРЕСНА ПОРАКА: Би можел да се симнеш барем на минута, да ме прегрнеш… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sinot-na-maradona-so-potresna-poraka-bi-mozel-da-se-simnesh-barem-na-minuta-da-me-pregrnesh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sinot-na-maradona-so-potresna-poraka-bi-mozel-da-se-simnesh-barem-na-minuta-da-me-pregrnesh/#respond Thu, 25 Nov 2021 12:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=599756

Би можел да се симнеш барем на минута, да ме прегрнеш и малку заедно да се смееме. Имам да ти кажам многу работи, многу песни за пеење, многу натпревари за гледање. Тато, помина една година откако замина. Летај високо, онака како што знаеш. Те сакам и ми недостигаш многу. Оваа потресна порака ја напиша Марадона Јуниор и ја посвети на неговиот татко, легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина на 25 ноември 2020 година, на 60- годишна возраст во Тигре, предградие на Буенос Аирес. Тој е најдобриот фудбалер на 20 век со гласање на официјалната веб-страница на ФИФА. Марадона е првиот носител на почесна „Златна топка“ на „Франс Фудбал“. За време на неговата 21-годишна кариера како фудбалер, тој играше во шест екипи, вклучувајќи ги Бока јуниорс (двапати), Барселона и Наполи. За клубовите одигра на 491 натпревар и постигна 210 гола. Учествуваше на четири светски шампионати од 1982 до 1994 година, стана шампион во 1986 година и вицешампион во 1990 година. Одигра 91 натпревар за Аргентина, постигнувајќи 34 гола. Од 1986 година е капитен на националниот тим. Во 1986 година ја освои Златната топка за најдобар фудбалер на Светското првенство. На четвртфиналниот натпревар против Англија постигна два гола, кои влегуваат во историјата на фудбалот. Првиот, постигнат со рака стана познат како „рака на Бога“. Вториот, по спектакуларниот дриблинг што започна од централната линија на теренот, помина крај четворица англиски играчи, се нарекува „Цел на векот“. Во 1991 година тој беше суспендиран на 15 натпревари откако беше осуден за допинг. Во 1994 година, за време на Светското првенство во САД, тој повторно беше позитивен на допинг тест – овој пат ефедрин, што беше крај на неговата кариера за националниот тим. Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 година во Ланус, близу Буенос Аирес, како петто од осумте деца во семејството на Диего Марадона и Далма Салвадоре Франко.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sinot-na-maradona-so-potresna-poraka-bi-mozel-da-se-simnesh-barem-na-minuta-da-me-pregrnesh/feed/ 0
Фудбалскиот свет уште плаче: Една година од смртта на Диего Марадона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalskiot-svet-ushte-plache-edna-godina-od-smrtta-na-diego-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalskiot-svet-ushte-plache-edna-godina-od-smrtta-na-diego-maradona/#respond Thu, 25 Nov 2021 06:33:34 +0000 https://kurir.mk/?p=599604

На 25 ноември 2020 година, на 60-годишна возраст во Тигре, предградие на Буенос Аирес, почина легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона. Тој е најдобриот фудбалер на 20 век со гласање на официјалната веб-страница на ФИФА. Марадона е првиот носител на почесна „Златна топка“ на „Франс Фудбал“. За време на неговата 21-годишна кариера како фудбалер, тој играше во шест екипи, вклучувајќи ги Бока јуниорс (двапати), Барселона и Наполи. За клубовите одигра на 491 натпревар и постигна 210 гола. Учествуваше на четири светски шампионати од 1982 до 1994 година, стана шампион во 1986 година и вицешампион во 1990 година. Одигра 91 натпревар за Аргентина, постигнувајќи 34 гола. Од 1986 година е капитен на националниот тим. Во 1986 година ја освои Златната топка за најдобар фудбалер на Светското првенство. На четвртфиналниот натпревар против Англија постигна два гола, кои влегуваат во историјата на фудбалот. Првиот, постигнат со рака стана познат како „рака на Бога“. Вториот, по спектакуларниот дриблинг што започна од централната линија на теренот, помина крај четворица англиски играчи, се нарекува „Цел на векот“. Во 1991 година тој беше суспендиран на 15 натпревари откако беше осуден за допинг. Во 1994 година, за време на Светското првенство во САД, тој повторно беше позитивен на допинг тест – овој пат ефедрин, што беше крај на неговата кариера за националниот тим. Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 година во Ланус, близу Буенос Аирес, како петто од осумте деца во семејството на Диего Марадона и Далма Салвадоре Франко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbalskiot-svet-ushte-plache-edna-godina-od-smrtta-na-diego-maradona/feed/ 0
Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години: Ми ја украде невиноста и ми го уништи детството https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alvarez-svedocheshe-deka-bila-siluvana-od-maradona-koga-imala-16-godini-mi-ja-ukrade-nevinosta-i-mi-go-unishti-detstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alvarez-svedocheshe-deka-bila-siluvana-od-maradona-koga-imala-16-godini-mi-ja-ukrade-nevinosta-i-mi-go-unishti-detstvoto/#respond Tue, 23 Nov 2021 11:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=598743

Мавис Алварез, Кубанка која беше во врска со Диего Марадона пред две децении, на вчерашната прес-конференција раскажа како легендарниот аргентински фудбалер ја силувал кога била тинејџерка. Алварез, која сега има 37 години, мината недела сведочеше пред судот во Аргентина, кој спроведе истрага поради нејзините обвинувања за силување и трговија со луѓе против неколкумина пријатели на Марадона. Нејзините обвинувања се однесуваат на патувањето во Аргентина со Марадона во 2001 година, кога таа имала 16, а тој 41 година. Алверез изјави дека го запознала Марадона непосредно пред тоа патување, кога тој бил на Куба поради зависност од дрога. Таа изјави дека Марадона ја силувал во клиниката во Хавана каде се лекувала, а нејзината мајка била во соседната соба. -Ми ја покри устата со рака и ме силуваше. Не сакам да размислувам за тоа. Веќе не бев девојче, тој ми ја украде невиноста и ми го уништи детството, изјави Алварез. Таа ја опиша врската со Марадона како врска на која се согласила, но претходно спомена и дека Марадона „барем еднаш ја силувал“. Алварез секогаш тврдеше дека нејзиното семејство се согласува со нејзината врска со Марадона и покрај големата разлика во години, само затоа што фудбалерот беше пријател со тогашниот претседател на Куба, Фидел Кастро. – Моето семејство никогаш немаше да го дозволи тоа доколку кубанските власти не беа вклучени во сè. На различни начини ги принудуваа да го прифатат она што не е добро за нив или за мене, посочи Алварез. Таа изјави и дека се одлучила на овој чекор за да им помогне на другите жени во својата земја и додаде дека и е многу тешко повторно да биде во Аргентина. – Тешко е да се биде во оваа земја, да се види дека тој е насекаде, дека е идол за сите, а во исто време моето сеќавање за него е толку грдо, истакна Алварез. Марадона почина на 25 ноември 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alvarez-svedocheshe-deka-bila-siluvana-od-maradona-koga-imala-16-godini-mi-ja-ukrade-nevinosta-i-mi-go-unishti-detstvoto/feed/ 0